Сувенир ми е задолжителен од каде и да патувам. Ма што и да е! Порано купував и за другарките, се изнадавав пари! Сега само за мене и најнајблиските и тоа некоја разгледница. Ги сакам подеднакво и сувенирите и разгледниците, со тоа што разгледници имам многу и не можам да ги држам сите “изложени’’ - другите во фиоки. А магнети... Омилени! Немам место на фрижидерот, сега ќе треба или да престанам да патувам - или нов фрижидер
Не пропуштам магнет да купам кога патувам. Си ги закачувам нормално, на фрижидер. И тоа купувам строго за дома, бидејќи ако треба да купувам и на поширокото семејство, којзнае дали ќе ми стигнат парите Купувам повеќе облека реално, но задолжително магнет.
Задоволство ми е да купувам и подарувам сувенири, секаде каде што сум била сум земала по нешто како спомен за мене и за најблиските.Исто и разгледници,но препочитам повеќе сувенири да подарувам.
Купувам сувенири, но пример по еден од градот/местото кај што сум била. Често знам да си купам магнети за на фрижидер, затоа што сувенирчињата мајка ми сака сите да ги реди во кујна и да ги гледа секој ден, а нема толку место Разгледници купувам во изобилие. Последните пари сум ги давала само за да купам разгледници. Купувам дури и да појдам во селце некое, и тоа по неколку. И секогаш на задната страна си пишувам импресии од денот кога сум ја купила. Не ги испраќам по пошта, а не ги ни подарувам. Сувенирче некое може да подарам, разгледница НЕМА ШАНСИ
Купувам најчесто сувенири,разгледници ретко.Купувам и брошури за градот,музејот или знаменитоста која ја посетувам.Сакам да го знам и историјатот на местото.Обавезно купувам некој сувенир и за моите дома,за родителите на маж ми, и за некои луѓе кои мислам дека им значат. Сега во последно време хит ни се оние големите моливи.Многу им прават мерак на децата.Имаме неколку.И јас кога бев мала,моите ми носеа такви,сега децата мои сакаат такви. На последното патување купив и многу убави шолји за кафе,многу ми беа убави,филм си направив како кафе ќе си пиеме со маж ми,ама ми се скрши едната.Многу ми беше криво. Маж ми се чуди како фрлам толку пари за сувенири,кога немале никаква намена.Јас па многу сакам. Од брошурите што ги имаме ,ги разгледуваат децата.Еднаш син ми игра некоја игра на плеј-стејшн и ми вика,мамо, овој замоков е како Версај. Кога дојдоа дечиња на гости кај ќерка ми,им ги извади брошурите од Комо и им раскажуваше на другарките. Значи се си го наоѓа своето место и намената за која е купено.
кога патувам негде сувенирот ми е на прво место. Магнетчиња обавезно за мене и моите најблиски, маички со карти од градот или нивни обележија. Разгледници поретко но се случило и од таму да ја пратам и да израдувам некого. Го сакам тој летен дух кој го нудат таквите места
Jaс не сум здрава колку трошам за време на било кое патување за сувенири..Обожавам да им купувам на сите мои домашни....и кога одам подалеку и не го носам кутрето мое,му купувам и од таму обочно меки играчки или нешто за лежење... ...За мене пак ич не трошам на тоа..Обожавам коа ќе отидам надвор од државава да си купувам за мене и на родителите понекад ако најдам нешто.. облеки(фустани,капути,пантолони,фармерки,блузи,чизми,капи.....)
Обавезно !! Каде и да одам, и да сум била повеќе пати пак ќе купам. Интересно ми е, а и креативни има - па неможам да одбијам. Голем шопахолик сум за такви безвезни ситници, кои само прашина ќе собираат. I can't help my self. Разгледници не многу, може да купам книга со повеќе што се ... Но друго - блузи, украси, магнети, капи, тетратки, чаши, знамиња .. Сешто брате !! Најубав сувенир ми е од Италија. Маска - магнет. Преубава е.
Задолжително ми е купувањето магнетче за на фрижидер, мора да имам од сегде кај што сум била и секако ги напињам сите што одат некаде кај што не сум била да ми донесат!
Кај и да одам мора да купам сувенир. А за разгледници не. Не сум земал разгледница којзнае од кога. Им помина на нив модата. Дома имам два рафта со сувенири од насекаде кај што сум бил. Иначе кога сме кај оваа тема, зошто нашите сувернирници не работат, а внатре полно со сувенири?
обожавам и сувенири и разгледници, но ептен сакам магнети за фрижидер кај и да отидам си соберам по 1 барем
Сувенири купувам, ама не секогаш, само коа ептен ќе ми се бендиса некој, а магнетчињата ми се задолжителни.
Јас сум ПРЕГОЛЕМ колекционер. Па кај јас и мажот ми дури Порано многу патувавме, пред да се родат децата, ама и сега Сегде кај што одиме обавезно купуваме сувенири. Дури пред да појдеме викаме овие пари за сувенири. Собираме магнети, разгледници, привезоци, мали џебни огледалца, мали кутивчиња. И од секое место некоја статуетка, предмет со некое обележје или заштитен знак. Дома се ни е полно. Фрижидерот цел е со магнети. Мажот ми има хоби да фотографира, и затоа таму прави фотки, а кога се враќаме ги развиваме и имаме низ цела куќа на ѕидот лепени, во рамки, по полици, сегде. Новиот стан сами го местевме и во работната соба имаме по должина на цел ѕид како шкав со отворени полици. На нив ги наредивме сите сувенири по локации, период итн А разгледниците ги чуваме во албум подредени по редослед, а од позади пишува кога сме биле, со кого, што сме посетиле... Ќерките исто многу се радуваат кога ќе купиме такво нешто, и секој ден ја разгледуваат колекцијата, ја редат, си играат, па големата раскажува на малата каде е тоа, што е, многу се интересни Ние со мажле ги гледаме и слушаме и сваќаме дека растат, веќе ја преземаат нашата љубов кон патувањето и колекциите, и полека прават свои колекции и места во домот кои ги усреќуваат Ете такааа
Обожавам сувенири. Голем колекционер сум. Од секој одмор купувам магнетче, секако го бирам да биде убаво. Цел фрижидер ми е залепен со нив. Имам од Охрид една многу убава пирамидка купено, таму направив исклучок, не земав магнет туку пирамида и многу е интересна, се прелева како ќе ја свртиш различен агол, различна слика од одреден дел од Охрид има. Обожавам вакви работи.
Собирам. Купувам за мене, зошто ми е мерак тоа да имам од сегде кај што сум бил. Обавезно купувам магнет, привезок, разгледница, и како статуетка нешто, со градба некоја или предел. И паричките на машина сам што ги правиш. Магнетите до скоро на фрижидерот стоеа ама зошто тежеа на вратата направивме како рамка и на неа ги лепи е, над каучот во дневна стои. Привезоците ги закачував ама сега ги извадив сите. Патешествие беше меѓу 300 привезоци клучот да го најдеш. И за нив како табла направив и ги закачив. Разгледниците во кутија, а другите сувенири на полица. Ја нервираат малку жена, тешки се за чистење ама што да правиме ПС. Почнав да купувам карти за играње. Интересни ми се, кога ти е досадно играш со некој, па и на сликите гледаш кај се си бил Еве вака слично направив:
Ретко купувам сувенири, само ептен ако ми се допадне нешто. Сметам дека најубав спомен де сликите, затоа каде и да одам се враќам со еден куп фотографии.
Каде кај нас може да се купат убави разгледници, најдов нешто во Тримакс од туристички места во Македонија, и во Литература од архитектурата во Скопје, но изборот е многу мал. Мислев некои поинтересни и оригинални, дали воопшто има, не само со историски споменици.