Вака ми треба ваша помош. Го прашав гугл ама незнае решение на овој проблем. Имам премногу суви усни иако постојано ставам лабело нивеа непомага постојано се сушат. Пробав и со гроздова маст ставив дебел слој и спиев така демек ке омекнат ама џабе. Ако знаете некакво решение помагајте, благодарам.
Освен површински ставање на мед, треба и внатрешно да внесуваш многу вода и да бидеш постојано хидрирана, тоа помага при суви усни. Никогаш не ги изложувај усните на сонце или на ладно време а да немаш ставено нешто за заштита како лабело или вазелин. Пробај со четкичката за заби да ги протриеш малку за да се отстранат мртвите клетки за да имаат можност да создатат нови клетки. Повеќето од овие совети ги имам прочитано низ списанија и јас ги практикувам. Ретко имам суви усни (најчесто во зима) ама ги употребувам овие совети и мене ми помагаат. Освен тоа еве ти предложувам едно корисно лабелце, мене ми помага ако до сега не го имаш пробано, еве јас ти го предложувам. Спојлер Од мед и млеко И не го заборавај медот, се разбира. Ако нејќеш мед може и вазелин ама поефикасен е медот Поздрав
Здраво според мене проблемот се лабелата кои ги користиш. Провери го нивниот состав и доколку видиш парафинум ликвидум или било кој друг нафтен дериват на прво место ете ти го одговорот зошто устата ти се суши. Пробај природни лабела на база на пчелин восок, мед и масла кои одлично ја негуваат кожата на устата (алверде, хаушка). Можеш и сама да ги направиш многу е лесно. Три лажички пчелин восок ги мешаш со 6 лажички масло по твој избор (малиново, рицинусово, кокос, јојоба или комбинации) и смесата ја загреваш на пареа додека не се растопи восокот. Потоа додаваш лажичка мед и 6-7 капки етерично масло по избор. Стави го во чисто кутивче (може и тегличка мала) и користи го секоја вечер пред спиење. Ќе видиш колку мека ќе ти биде кожата. Ако сакаш да ја видиш комплет процедурата еве ти линк http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/blog-post_24.html
Сум приметила ваков проблем имам кога не внесувам доволно вода. Како телото да ми дава знак дека е во недостиг. Лабело и повеќе пиење вода го средува проблемот.