1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Суво четкање (Dry skin brushing)

Дискусија во 'Тело' започната од faye, 29 мај 2012.

  1. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    648
    Се практикува со четка со природни влакна на сува кожа, обично наутро пред туширање. Кожата се четка од рацете и стапалата спрема срцето за да се стимулира лимфниот систем и да го убрза процесот на исфрлање на токсините. Исто така ги отстранува и мртвите клетки на кожата и со тек на време станува мазна. Како што читав по странски сајтови и форуми на многумина им помогнало да го намалат целулитот,стриите и ја затегнува разлабавената кожа на трудници на оние кои нагло ослабеле.

    Еве еден клип да видите од прилика како изгледа тоа (инаку треба да бидете скроз голи кога се четкате)
    http://www.youtube.com/watch?v=JoTBP_WJy9E

    [​IMG]

    Четката треба да е од природни влакна, не од синтетички. Алтернатива е луфа.
    При четкањето треба да се избегнуваат деликатни места како брадавиците, гениталиите и повредена и воспалена кожа.

    Дали некој од вас го практикува сувото четкање? Чекам пофалби и поплаки. На странскиве форуми читам само пофалби и затоа ќе си почнам, но со луфа. Ако знае некој каде да најдам четка со природни влакна му благодарам однапред.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Вакви четки има во Космо-Тинекс и никогаш не ми беше јасно за што се користат :) ама сега ДА.
    Четкање на суво :?: ако почнам ќе споделам искуство
     
  3. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.670
    Леле исто и јас, ги гледав четките ама благе везе немав за што служат. Претпоставував за бањање, ама јас си имам убава ракавица плус долги раце па не сум им обрнала внимание многу многу.

    Го изгледав видеото и ми делува многу интересно, фино размрдување од сабајле посебно пред работен ден. И онака имам слаба циркулација па ова претпоставувам добро ќе ми дојде кога веќе ме мрзи да вежбам од сабајле. Ќе си набавам сигурно четка и ќе пробам, нема што да изгубам.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kristina123456

    kristina123456 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
    јас си купив ваква четка и си ставав шампон на неа и си го миев грбот :rofl: :rofl:
     
    На soffce и LittlePinky им се допаѓа ова.
  5. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.647
    Многу е убаво ова :) Почнав редовно да го практикувам. Имам многу слаба циркулација и постојано ладни екстремитети и ова наутро ми помага и ме буди. :)
     
  6. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    9.757
    Пол:
    Женски
    И јас имам ваква четка :D :D и го практикувам ова :lol:
     
  7. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    Сум пробала,предобро е :) релаксирачко :D
     
  8. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.514
    Допаѓања:
    2.158
    Почнав пред околу една недела со четкање и вежбање. Кратко е времето, но ја чувствувам кожата малце позатегната. Се надевам дека ќе ми помогне да го намалам целулитот.
     
  9. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Ја користам четката за неделен третман на кожата на телото.
     
  10. soffce

    soffce Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    која цена се?
     
  11. Aztec

    Aztec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    739
    Ајде ја активираме малку темава ако може. :D
    Јас почнав со суво четкање многу одамна. Фатив некаков ред недела-две и после тоа имав некои обврски, па престанав и толку беше. Не продолжив. Ја изгубив и четката при пренесување натаму-наваму. |(
    Сега сакам повторно да почнам, па ме интересираат вашите искуства.
    Дали некоја од вас редовно го практикува сувото четкање? Колку време ви одзема? Дали имате некакви резултати?
    Од каде купувате четки?
    :wasntme:
     
  12. BelieberYeahh

    BelieberYeahh Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    1.443
    Допаѓања:
    2.205
    Пол:
    Женски
    Мојата четка е од орифлејм поодамна ја имам купено ама не ја користев. Искрено не знам дали и колку е исправно, но на неколку места прочитав дека треба да се применува два пати неделно по 10тина минути и тоа го практикувам. За резултати е сеуште рано, но ако ги има секако ќе споделам.
     
    На Aztec му/ѝ се допаѓа ова.
  13. 6th sense

    6th sense Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2020
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    369
    Пол:
    Женски
    Го правев ова едно време, како препорака за стимулирање на лимфниот систем и со тоа имунитетот и подобрување на квалитетот на кожата. Потоа ми се смачи и баталив. Го правев навечер пред туширање и потоа знам дека требаше да се тушираш со топла па со ладна или млака вода. Делуваше ефективно на изгледот на кожата, па и таму каде целулитот ми е видлив така што кожата ми беше некако помазна.
     
    На Aztec му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.975
    Допаѓања:
    7.729
    Пол:
    Женски
    Сега не го правам ова од чиста причина што немам време.
    Кога бев средно тетка ми ми даде книги за убавина и здравје напишани од 70-те и 80-те. Книгите беа сеопфатни, со универзални правила за нега и грижа, кои еве до ден денес не се сменети. Покриваа лице и тело, козметика, типови кожа на лице и посебна грижа за нив, одење на козметичар, околу основна хигиена, спортување и држење, шминка, избор на облека по тип на тело и фризури по тип на лице, значи основите...Во нив првпат прочитав за сув пилинг на тело. Се прави или со четка со меки влакна или со фротирска ракавица. Јас правев со фротирска ракавица, специјални четки тогаш не ни се продаваа, по истиот принцип кој е овде опишан.
    Значи од краевите на екстремитетите кон средината на телото и со кружни движења на дланката на сува кожа. На 3 дена негде го правев..

    Ефектите беа следниве:
    -кожата е подобро снабдена со крв и со отстранети мртви клетки од неа (нема првут и сл). На изглед беше побела, нежна и мазна/сјајна.
    - немав студени раце и стопала заради лоша циркулација
    - бидејќи редовно вежбав и некогаш имав воспалени мускули, ми помагаше побрзо да ми помине болката во мускулите
    - ако редовно се прави визуелно приметував дека целулитот изгледа подобро, порамно
     
    На elenaklasik и Aztec им се допаѓа ова.
  15. Aztec

    Aztec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    739
    Јас најмногу би практикувала за подобрување на циркулацијата и намалување на видливоста на целулитот.
    Од тоа што имам читано, може да се прави два до четири пати неделно пред туширање. А има и луѓе што го прават ова наутро за поттикнување на циркулацијата.
    Треба да се внимава колку се притиска со четката/ракавицата затоа што на некои делови од телото кожата е потенка. Сметам дека ако помалку се притиска со четката/ракавицата, може почесто да се практикува сувото четкање. Тоа секако зависи и од чувствителноста на кожата.
    Не треба да се практикува ако имате многу чувствителна, иритирана или оштетена кожа.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. 6th sense

    6th sense Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2020
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    369
    Пол:
    Женски
    Четката треба да биде со природни влакна. Мојата мислам дека ја купив од дм, не се сеќавам точно, со долга дршка за полесно да стигнеш сегде да се поминеш.
     
    На Aztec и Cosmic Girl им се допаѓа ова.