1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Судбината на Фатмаѓул (Fatmagül'ün Suçu Ne?) [Сител]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Lella, 4 октомври 2013.

  1. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.287
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Нова труска серија. Би ја гледале ли? Колку што видов ќе игра Кадир од Зет Домазет ама со долга коса. :)
    Ми изгледа поразлична, но ќе видиме? На кое место ќе биде? Изгледа на Наслдството на госпоѓицата. :D
    [​IMG]

    [​IMG]

    Инаку серијава на српски се вика Izgubljena Cast.. ако сака некој да ја гледа на српски.
     
  2. doutzen

    doutzen Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    158
    Судбината на Фатмаѓул (Fatmagül'ün Suçu Ne?) - Сител

    леле кога стигнафте тема да отворите ја прво овде ја видоф после на тв
    мене ми изгледа интересна ако не ја гледаме барем ке ја слушаме ;)
     
  3. Toprak

    Toprak Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    277
    Судбината на Фатмаѓул (Fatmagül'ün Suçu Ne?) - Сител

    Јас ја имам гледано првата епизода и после малку ѕиркав од останатите да видам како ке заврши. Лани се прикажуваше во Турција.Се работи за Фатмангул која живее со брат и снаата.Имаат работилница и прават млечни производи и она таму помага. Верена е за еден дечко кој работи на брод како рибар и треба да се земат кога тој ке ја изгради куќата. Она се врака од некаде или само шета покрај брегот, не се сеќавам, и на плажата ја пречекуваат четворица другари, едниот е богаташки размазен син со џип и пијани, слават ергенска вечер оти едниот се жени. И ја начекуваат на брегот и ја силуваат. Мислам дека овој што беше од “Зет домазет“ не ја силуваше.Кога ке разбере дечкото дека е слувана ке ја откачи и не сака да се жени со незе и мислам дека заминува од градот.Овој од “зет домазет“ после настанот ке се кае и стално ке оди по незе, и после ке се ожени со незе.Ке имаат големи трзавици подоцна и проблеми од тој богаташот што прв ги натера да ја силуваат,тој што требаше да се жени и славеше ергенска вечер. Нема да имаа среќен брак туку за незе ке биде како брак со сила за да не збори народ, а “зет домазет“ навистина ке ја засака ама таа према него ке биде рамнодушна. И после тој ке и каже дека јас не те оженив затоа што бев дел од силувачите иако ништо не ти направив туку јас те зедов за да те одбранам од нив, но признавам дека сум виновен колку и тие.Но јас те засакав а ти мене никогаш не ми прости и затоа сега за да ти докажам дека те сакам ке одам во полиција и ке го пријавам настанот и ке си ја одслужам казната.Он оди во затвор а овие другите се слободни и тој богаташкиот син и прави многу проблеми додека тој е во затвор.Подоцна се враќа и тој што и беше вереник, па и тој се пишмани што ја откачил па сака да се смири.На крајот се одвива судски процес во кој сите виновници се појавуваат на суд, па мислам дека и овој вереникот ке влезе на сред судење и ке пука во некои од силувачите....и така повуци-потегни, серијата завршува како ги осудуваат, а овие “зет домазет“ и оваа остануваат среќни и весели.
    Отприлика таква е содржината....
     
    На Agrona, Lady-in-white, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  4. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Судбината на Фатмаѓул (Fatmagül'ün Suçu Ne?) - Сител

    Бихтер(од притаени страсти) е главна улога т.е. фатмаѓул...заради неа ќе ја гледам серијава...
    [​IMG]
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    Судбината на Фатмаѓул (Fatmagül'ün Suçu Ne?) - Сител

    Во серијава глуми и актерот Engin Öztürk, кој го глуми принцот Селим во „Величествениот“ :D
    Можеби и јас само поради Берен ќе ја гледам :?:
     
  6. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.287
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    И Фериде глуму ко што гледам. Ајде чекаме уште некој да се појави. :D
     
  7. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.874
    Допаѓања:
    8.416
    Пол:
    Женски
    патем, како и е вистинското име на турски? баш е убава :)

    инаку, серијата ќе ја гледам, нема турска серија што не ја гледам :lol:
     
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.108
    Допаѓања:
    100.207
    Пол:
    Женски
    Топрак и ја јас имам два пати гледано и ја обожавам серијата ама не им ја раскажувам на девојкиве. И како ја објасна серијава која е со толку тешка тематика како да е некоја шпанска серија. А се е само не е тоа. Преубава серија, со толку емоции ти ја направи Касандра !!!


    Серијата е работена према делото Fatmagulun sucu ne? на Ведат Туркали и се базира на вистински настан.

    Дејствието се случува во примирското место Илдир во областа Измир, каде Фатмаѓул живее со брат и и снаата откако нејзините родители загинале во сообраќајна несреќа. Една септемвриска ноќ богатото семејство Јашаран кои потекнуваат од Илдир, а живеат во Истанбул слават момачка вечер на Селим кој треба да се жени со Мелтем, ќерка на владин функционер. Тројцата другари Селим, Вурал и Ердоган и Керим , локално дете растено од Мериен , жена која го одгледала откако мајка му се обесила а татко му заминал во Австралија, под дејство на алкохл и екстази , ја здогледуваат Фатмаѓул на брегот и ја силуваат.. Утрото во бесознание ја наоѓа Меријем, која кога дознава дека Керим е еден од зверовите ја засакува како своја ќерка. За да се прикрие делото Керим се жени со неа ( на наговор на снаа та Мукадес , една искомплексирана личност) а таа е обележана од околината и принудена да се исели со Керим во Истанбул. Керим не се сеќава и се криви себе си. Но Вурал, едниот од момците се присетува дека Керим не ја силувал Фатмаѓул и кога му го кажува тоа, за да ја придобие љубовта на Фатмаѓул во која во меѓувреме Керим се заљубува сам оди во полиција и го пријавува делото... Од тука почнува една тешка драма, полна со емоции. Борбата на Фатмаѓул, корумпураните власти, падот на богаташката империја Јашаран.. Љубовта која се роди во невозможни услови.. За патот до оздравувањето.. За тоа дека секогаш пости надеж.

    Главните улоги во серијата

    Првата средба на Керим и Фатмаѓул
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Јас морам да си признаам дека на почетокот многу се излажав за серијава. Селанка (Фатмаѓул), размазени богаташи и одма си донесов заклучок дека ќе биде некоја лимунадица. Но, тоа беше затоа што не изгледав ни една цела епизода, туку од постери и извадоци си извлеков заклучок. Ама, нена памтам дека ми ја препорача и земав асално да ја гледам. Серијата е многу убава и е далеку и далеку од лимонада. Првиот дел од серијата е баш и тежок емотивно, едвај ги догледував епизодите, ама во втората сезона се ужива.

    Инаку во првата епизода, Фатмаѓул не се наоѓа случајно на плажата.

    Вечерта прво таа и Мукадес одат да спремаат за веридбата на Селим, како платени измеќарки. Потоа се враќаат. Потоа Мустафа (вереникот) ја гледа како Керем и` праи нешто муабет и одма тука почиња љубомора и лутење и Фатма му ветува дека утрето в зори (кога Мустафа пак ќе тргне на пат со бродот поради работа) таа ќе биде таму да го испрати.

    Кога ќе стигне на пристаништето, ќе биде ниедно време, овие зевзециве, тој што правеше веридба и другарите негови, баш тогаш ќе бидат мортус пијани, издрогирани и сл. и ќе ја најдат и ќе ја нападнат. Само Керем ќе седи покрај неа и ништо нема да и` направи но нема ни да може да ја одбрани бидејќи и тој ќе биде “лапнат“ малце. Потоа фактот што Керем нема да се сеќава на вечерта ќе го злоупотребат овие и тој да носи поголем дел од вината отколку што би требало.

    Инаку кога се враќаат во родниот Илдир (пред случкава), неколку пати ќе ја видат Фатмаѓул како работи и го пасе добитокот и вечерта ќе ја познаат, а како за најголема беља, Керем ќе биде тој кој прв ќе ја види и ќе им ја посочи на плажата.

    Од сите ликови, најмногу го мразам вереникот на Фатмаѓул, а ќе си видите и зошто. Дури и Мукадес (што ја посочи нена), ми е по-човек од него.
     
    На eliesaab и nena2010 им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.108
    Допаѓања:
    100.207
    Пол:
    Женски
    Во право си за Мукадес и Мустафа. Мукадес тоа го правеше од простотилок и искомплексираност а Мустафа од идиотизам!!!
    Инаку ако си за друштво ај пак да ја гледаме на нет ама првата сезона посебно првите 10 епизоди ( оригинал ) не знам како ќе ги преживеам!! Низ солзи ги гледав.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    И така ја неам догледано до крај, а друга не ми се гледа, да освежиме меморија. Кажи кога почнуваш, да навиеме саатовите како у Џемс Бонд. ;)

    Инаку мене Мустафа, баксузот ми е крив за се`.
    Како бе така, жената која ја сака, суптилно да ја натера у рани зори да го испраќа. Говедо себично!!! Секоја епизода сум го пцуела. :puke:
     
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.108
    Допаѓања:
    100.207
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
     
    На Lolo5, SparkyAngel, Divinebutterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.287
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Се гледа дека е поквалитетна серијава од останатите, останува да видиме. :)
     
    На cresa-jagoda и eliesaab им се допаѓа ова.
  14. ohana

    ohana Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2013
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    268
    Кога почнува серијава?
    Малку не сум во тек со настаниве, простете. :lol:
     
    На cresa-jagoda и eliesaab им се допаѓа ова.
  15. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Серијата е во модерно време или.. ? :D
     
  16. BI-44

    BI-44 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    481
    ќе ја гледам
     
  17. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.186
    Допаѓања:
    25.561
    Пол:
    Женски
    Nena2010 каде ја гледаш на нет на youtube??? Или на друга страна? И јас немам ништо за гледање во моментов,моиве што си ги гледам сите ги чекам една по една да ги стават на нет,а баш сакам да гледам цела серија без чекање,и прочитав кај што ја подраскажавте серијава и ми звучи доста интересно
     
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.108
    Допаѓања:
    100.207
    Пол:
    Женски
    Серијата се случува во периодот од 2010-2012 година.

    Ана.Бела ти пратив приватна порака :)
     
    На lana.del-rey и ane.bella им се допаѓа ова.
  19. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.534
    Пол:
    Женски
    Колку епизоди има серијава? :?:
     
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.108
    Допаѓања:
    100.207
    Пол:
    Женски
    Оригинал 80 епизоди. Е сега кај нас не знам како ќе кратат.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.