Ауу денеска фатиц нешто реприза . А бе оваа Жугиќ да не има некој проблем со себе си што се дери толку?? Ама кога слушнав дека Мукадес рече алатки за пребарување се превртев од смеење..
Ако мислиш дека ти е тешко, помисли дека на Фатмаѓул и е потешко. Инаку, не ја гледам серијата и поим немам за што се работи. Оваа погоре го прочитав некаде, но не можам да се сетам каде. Веројатно е обична турска серија, како и сите други сапуници...
И сега детево на Мукадес не е од Рахми, туку од тој другиот (сега не ми текнува како се викаше) или јас погрешно сум разбрала??? Ако е така, ќе дознаат ли другите за тоа? :/
73 епизода моминската вечер, се превртив од столица од смеење со Мукадес ,глумицава е легенда се надевам има добиено некаква награда за улогава што ја глуми не секој можи да изглуми ваков карактер
Не може да се раскаже на кратко серијата зашто е бааги долга и динамична. ЈА има на интернет со српски превод, седни гледај ја. Претходно на темата има милион страни каде да се гледа, како се вика на срспки и се што сакаш.
Ама не мислев цела серија да ми ја раскажеш ,не ни сакам да ја гледам на интернет Мислев на следниве 5-6 епизоди,некои поважни работи али ај нема врска.
Не сфаќам како Мурат не е на Рахми... Јас како што знам на крај ќе бидат заедно и дури ќе имаат и ќеркичка.
па останала трудна од овој типов сега што се појави во серијава салих или така нешто , а он ја оставил и рекол дека ќе се врати ама не се вратил и оваа рахми го најде и така бидна. па ваљда таа е на рахми
Пуста Мукадес, жива далдисана по пари Spoiler да видите колку ќе се сили кога ќе отиде кај Салих со детето во хотел (пошо чоекот си има веќе фамилија). А тој си има договор со Мунир колку да не стигне Мукадес на судењето на време да ја задржува. Па на крај и ќотекот ќе и` го удри и среќа што во тој период ќе биде навистина бремена од Рахми па ќе има поголем повод да бара да ја примат назад. Да ја видите само како ќе им цмиздри и ќе ги моли. И дури и фина ќе биде (колку што може Мукадес да биде фина ) ... едно недела до две. После пак стара песна, старата добра Мукадес.
Не може да преживее а да не смисли некоја пакост.Инаку кога ја гледам Мукадес ме потсетува на ова смајли Spoiler ... Сега пак ја гледам и тоа опуштено...А Фата полека се препушта ...ех...
^^^ е то смајлито стварно исто е ко неа,на моминската вечер и на свадбата баш е таква кога ќе игра живи циркузи да се пресмее човек со незе. Улогата е таква да не вади од кожа и да не нервира до максимум, понекогаш ми иди да фрлам со нешто во тв.за да ја треснам по тиква е до толку е безобразна,ама пак од друга страна ептен ја засакав глумицата што ја глуми Мукадес(Муки си ја викам јас ) многу е влезена во улогата,исто и глумецот што го глуми Рахми алал да му е,добри глумци се,неможам ни да ги замислам поинакви,баш се запрашувам какви се во нормален живот да беше ставиле други глумци на нивно место немаше серијава да биде тоа што е