Таа фамилија прва ја стигна казната за злосторството или што и да беше... прво бракот на Шемси и Леман се разниша, па Вурал го убија, па Spoiler следствено на тоа и Леман ќе се откачи, понатаму и Шемси ќе умре. Решат ненормалниов ќе биде спремен најгадни работи да направи за Леман и Перихан да не дојдат на судење (подоцна ќе сакаат да сведочат во полза на Фатмаѓул).
да признаеше вурал тогаш на судењето фатмаѓул може и ќе му простеше како само го гледаше со надеж дека ќе ја каже вистината.. и можеби и ќе успееше да се спаси и самиот да си прости ама сигурно јашаранови ќе го направеа луд ќе измислеа нешто . одвратни гадови се заедно со мустафа
Ердоган се заљуби?? Или нешто подмолно планира? А не ми е јасно во каков точно скандал е вмешан татко и на Мелтем? Се преку редови дадоа скандалот на политичарот како сите се дома во шок а што всушност се случи?
Нешто близу до заљубување Ќе се труди да ја освои,ама тешка работа.. Инаку за Туранер Јашаранови ја најмија таа плавата Јасмин да го заведе,и он имаше афера со неа,затоа сите се во шок
Spoiler Ердоган, не блиску до заљубување, туку МНОГУ ќе се заљуби во докторката. На мајка му ќе и` признае дека тоа била единствената со која тој некогаш ја гледал иднината, што сакал да се ожени со неа и тн и тн. Големо ќе му биде разочарувањето кога Фатмаѓул за првпат ќе прозбори за нејзината мака во весниците и кога докторкава (во која е вљубен Ердоган) ќе сфати дека тој всушност е силувач и нема да сака да има ништо со него. Мислам дека кога се заљуби во неа, Ердоган за првпат посака да се врати времето назад и да не ја направеше таа глупост со силна причина. За првпат сакаше да почне отпочеток. Таа негова искомплексираност и понизноста на татко му скапо го чинеа.
Spoiler Ќе го осудат, заедно со сите кои беа вмешани во случајот со Фатмаѓул, почнувајќи од Мукадес, со, ако паметам најмала затворска казна од 2 или 3 години, па завршувајќи со Ердоан кој ќе добие над 20 години затворска казна (се мислам меѓу 21 и 23 години не паметам добро).
Spoiler Не ми беше уверлива неговата љубов,ако толку ја сакаше зошто отиде во куќата на Фатмаѓул,зошто константно ја измачуваше,тоа мене не ми личи на покајување Он иницира се од почеток,и на крај ќе ја префрлува вината,се се случи заради неговиот бес кон Решат..
Spoiler Е така си е. Стари навики не се менуваат така лесно. Но, самата ќе видиш, јас пред тоа го немам видено да плаче или да е тажен во серијава. Ќе си видиш самата па ќе си донесеш одлука.
Да. Па прикри доказ, зема мито, лажно сведочеше, вршеше притисок врз сведочење на другите се` е тоа казниво. Дури и Spoiler Мунир си доби казна и ако паметам, поправете ме ако грешам, Spoiler ја изгуби адвокатската лиценца. Дури и докторот кој ги прикри резултатите за мито доби некоја казна.
Spoiler Ердоган му намести проститутка,таа Јасмин, и тој се фати во замката.Мелтем и мајка и нормално не му веруваат и тој ќе се самоубие. Мене ми падна жал за татко и од Мелтем ,сепак беше измамен,да беше до изневерување тој жена му ќе ја изневереше многу порано бидејќи нели имаше и моќ тогаш,беше на висока позиција.
Штознам, тој да не сакал, не би паднал во стапицата. Spoiler Негова голема слабост (а нивен адут) беше тоа колку му беше важна политичката кариера. Бракот на ќерка му почна да му го ниша неговиот совршен свет, уживајќи висок углед. Таа швалерка и му беше барање, на некој начин, на себепотврдување, дека се` уште е сакан, се` уште е моќен... и сето тоа фино се искористи. A за тоа дали порано ја изневерувал жена му или не, не знаеме затоа што не е дадено во серијата иако јас мислам дека ако е наше тоа да го одлучиме, мислам дека и го има тоа направено. Според мене, изневеруваат луѓе несигурни во себе, а Туранер и те како беше несигурен во себе.
Не, зборот ми беше,да сакал да ја изневери ќе ја изневерел порано додека сеуште имаше моќ... Инаку да,сепак падна во стапицата па така од една страна и тој е виновен зошто нели можеше да не подлегне на замката ама ете.