До 35 епизода сум Spoiler видов дека Вурал ќе умри,на кој начин уште незнам,ваљда ќе го "свиткаат" Јашаранови.а пред неколку епизоди проба да се самоубија со колата удри во зид и до 35-тава е се уште во болница.е сакав да кажам и покрај тоа што е виновен исто колку и Јашаранови,мене многу ми е жал за него Нена2010 а помеѓу Меријем и адвокатов на Фатмаѓул ќе има некоја љубовна хемија? А исто ме интересира дали ќе има нешто помеѓу Spoiler Мелтем и Мустафа,или ќе остане само на тој еден бакнеж
Ти одговорив на ЛП да не им откриваме на девојките премногу детали. За што треба за серијава пиши ми ЛП слободно, јас си ја репризирам пак.
Дали знаете кога има реприза? Зашто вчера и денес ги испуштив сериите и ако знаете коа има реприза ве молам кажете ми
Секој работен ден во 15:00 часот, а во недела ги има реприза од цела недела, со почеток во 12 на пладне. П.С. Немојте да помислите дека сум пензионерка.
Ме интересира да ми одговори некој што знае, да не е случајно Фатмаѓул бремена што постојано ни даваат до знаење како таа има нагони за повраќање, или тоа е онака без никаква намера? Обично досега интуицијава не ми погрешила, секогаш сум погаѓала во серииве, бидејќи никогаш не повраќале без причина, ама не ми изгледаше некако логично да ја остават бремена а згора на се да не се знае ни кој е таткото.
Spoiler Не е бремена. А и не е дека нема причина за повраќање. Башка Мејрем рече дека во случаи на силување, во болницата преземале некакви мерки да се спречи бременост. Не памтам само кој ја праша за тоа, Рахми или Мукадес.
Право збориш... не знаеш дали девојчено повеќе скрена од нејзината долгогодишна тортура или од силувањето и што било капката што ја прелило чашата.
Може ли да ми кажеш на која страна ја гледаш серијата, бидејки јас ја гледав на natabanu.com ама таму кога завршува првата сезона и при почетокот на втората има голем бр на епизоди што се испуштени. Најдов нешто на youtube со англиски превод но ги нема сите. Ве молам ако знае некој да ми каже каде да ги најдам сите било со англиски или со српски превод, бидејки се заразив со серијата тотално ! Инаку по други форуми читав дека ја има со англиски превод на whatisfatmagulsfault.com но гледам дека епизодите се тргнати.
Се навлеков на серијава. И многу го сакам погледот на Керим кон Фатмаѓул. Туку стигнав до 39 епизода а 40 -та е веќе длабоко во втората сезона.Не можам никако да се снајдам да ги одгледам епизодите што недостасуваат.На линкот погоре објавен и на сајтот „На Табану“ ги нема...
Во ред се епизодите на www.serije.biz. така почнува втората сезона па се навраќаат назад после со дејството. Уживај и поздрав.
Јас како што гледав,на натабану до 39,па после на интернет од 23 епизода до 40 со англиски превод,па потоа пак се вратив на натабану каде што почнува 2 сезона.Разбркано си е малце
Една од најубавите серии што ги имам изгледано . Колку само имам плачено, стварно вреди да се гледа и многу ми се мили Керим и Фатмаѓул. Керим е толку добар човек што успеа да ја придобие љубовта на Фатмаѓул што првенствено го мразеше бидејќи мислеше дека и го уништи животот. Исто така бидејќи е филм морам да ги пофалам дека многу добро глумат.
Дефинитивно најинтересен ми е адвокатот хаха мислам го збудалеа човекот, па и таа љубовницата негова стварно е напорна! Ептен зезната фамилија се. Дајте откријте уште нешто во спојлери.
^^^ Нема да ти е интересно ако ти откријаме,интересно е во серијава што бргу се одвиваат работите не ја влечкаат како во останатите серии.на почетокот и мене ми беше интересен адвокатот Мунир но сега ми е ептен одвратен