ве молам кажете каде да се догледаат епизодите на you tube fatmagülün suçu ne 24.ep Part.1- eng.subs вака ја нема 24тава епизода со англиски превод.само до 23 ги има.ве молам кажете каде да ги догледам ?
http://board.whatisfatmagulsfault.com/i ... n-sucu-ne/ Тука ги имаш сите,ги имаш преводите треба да ги симнеш,па после oд секоја епизода вметнувај го линкот од јутјуб на http://www.amara.org и се ставаат преводите.И се надевам дека ме разбра нешто
Нема поглупа серија нема шанси да најдиш,ме нервира ко ќе ја даваат на тв и бега или на ком. или во друга соба или учам или друг филм трето нема На сестрами интересна му е и си ја гледа и заради неа сите ја гледаме
луѓее ај тие што знаете кажете ми кога ќе почне фатмаѓул да го прифаќа керим ? многу е добра серијава ептен. и да прашам оваа асу или како и да се вика што му се пика на мустафа проститутка е или ?
Во недостиг на други серии кои би можеле да ми го одвлечат вниманието одвреме навреме ќе погледнам некоја сцена ама никако да ме привлече. Можеби тоа ќе се случи кога Фатмаѓул ќе го прифати Керим се надевам дека наскоро ќе биде тоа
Сихронизацијата ја уништува сликата за серијата и баш е штета.Ете јас ич не сум фан на турски серии,ама оваа ме освои комплетно.Ти препорачувам да си ја гледаш на интернет со српски превод.
Многу ми стана интересна серијата, мислам дека допрва доаѓаат најинтересните епизоди. Само не знам што потреба имале да го умрат чичкото на Селим, две епизоди минимум плачки ќе биде, за без потреба.
Марта.99 да ти одговорам на прашањата Па и нема баш брзо да се смират ќе му земи подолго време,а за Асу да таква е како што рече
кои две епизоди?? Во една епизода беше тоа спакувано... Инаку за тие што прашуваа кога Фатмаѓул ќе го прифати керим Spoiler Вурал ќе дојде кај Фатмаѓул да и каже дека Керим не ја силувал, Фатмаѓул нема да верува, и за да ја придобие Керим ќе оди во полиција и ќе го пријави случајот. Разговорот на телефон меѓѕ Керим и Фатмаѓул тогаш ми беше најемотивен до таа епизода, особено кога ќе и рече: Се оженив со тебе не дека морав, туку дека сакав, дека не сакав да те оставам сама и сега и да одам во затвор и да се разведеш од мене и кај и да бидам јас секогаш ќе мислам на тебе и никогаш нема да те оставам. За Асу Spoiler Понатаму во серијата таа ќе биде една од клучните ликови за разоткривањето на гнасата Мустафа, за се што тој ќе прави во сојуз со Јашаранови. Тоа проклето копиле ќе се продаде себе си за куфер пари, кога Решат ќе го седне и ќе му ги извади парите на овој Инаку за мене серијава има посебно место, ја имам гледано 4 пати, а да не зборувам колку ја имам вртено за гифови кога правам, за видеа кога сум правела. Штета што ја уништија со синхронизацијата. Spoiler http://i.imgflip.com/4ldil.gif http://www.kreatiwni.com/image.php?image=fg76ep11.gif
Spoiler Ако јас се прашувам, Мустафа е и до крај на серијата ќе биде поголема проститутка од Асу и Асу ќе има што се вели повеќе проблеми што се дружела со него, отколку ли тој шо се дружел со неа.
Spoiler Стигнав некаде до 50-тата епизода и ...некако ми замре серијава.Најинтересна ми беше кога тој ја гледаше и со поглед и кажуваше дека ја сака.Односно кога таа го мразеше.Керим не може да се совладува што многу ме нервира,бесот што излегува од него е иритантен.А Мукадес ...о боже.... Неколку сцени ми оставија впечаток... ...кога ќе ја прифати неговата рака... ...кога тој ќе и кажува колку таа му значи... ..само мал допир со рацете кога излегува од затвор...
Зависи кој како си ја доживеал. Spoiler Јас пак баш уживам во тие епизоди. Таа нивна љубов, посветеност, развивање на нивниот однос во една зрела врска, без непотребни џавкања, расправии и слично ми ја грее душата и уживам во тој дел. Првата сезона ми беше потресна до бол за гледање (иако во целост серијата ми е преубава, па и тој дел).
Aсу е девица марија во споредба со Мустафа. Таа влегла во тој свет не по нејзина волја, а ова говедово и мајка му е во состојба да си ја продаде за пари. Гад гадосан. Погнасен ми беше и од Селим Ердоган и Вурал заедно. За втората сезона мене ми беше како релаксирачки роман спрема првата. Тука дојде нивното оздравување, сплотување, нивниот почеток како Фатмаѓул и Керим двајца млади кои се во почеток на една убава приказна, а не Фатмаѓул и Керим жртви што се нашле на погрешно место и со погрешни луѓе.
Spoiler Да ,убав е начинот по кој одат двајцата.Да нема премолчување и тајни меѓу нив.Инаку во втората сезона нема ни трага од она исплашено девојченце.Улогата на Фатмаѓул сега ја презема серијата комплетно под свое.И многу ми се допаѓа ресторанот-ентериерот кој го отвара Фатмаѓул и куќата кај што живеат моментално, кај адвокатот. Асу или Хаџер е вистинска мачка откако ќе ја потскрати косата.Има серијава баш добри моменти.
Spoiler ресторанот вистина постои и кога бев во Истанбул пролетоска бев таму, пре пре прекасно беше, све мислев Фатмаѓул и Мерием ќе ги видам Храната е СОН