1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Судбината на една Зерда

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Majuv4ence13, 2 октомври 2014.

  1. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Содржина:
    Зерда и Сихан се двајца млади, вљубени еден во друг кои живеат во Газиантеп. Зерда е ќерка на учител и е растена со модерни сфаќања, а пак Сихан доаѓа од конзервативно семејство каде традицијата е пред секакви други животни вредности. И покрај разликите, Зерда и Сихан решаваат да се венчаат. Но тогаш се случува една голема трагедија која ќе ги смени нивните животи. Братот на Сихан умира во сообраќајна несреќа, па според традицијата, тој треба да се ожени со жената на неговиот брат, Хаџер. Иако не го сака тоа, Сихан ќе мора да се ожени со Хаџер, задоволувајќи ги барањата на неговата строга мајка и подлегнувајќи на суровите правила на традицијата. Тој ја убедува Зерда дека никогаш ја нема допрено Хаџер, но кога Зерда решава да му прости, тука е мајка Султан да му посочи на синот дека Зерда не е дел од нивниот начин на живот и од нивното племе, па како таква не може да дојде како невеста во тоа семејство. Заробена меѓу оковите на обичаите и модерното време, Зерда ќе се помири со својата судбина која ќе и подготви нови изненадувања, ќе и донесе нова љубов, но и нова борба.

    Улоги: Yavuz Bingöl (Сахин), Ece Uslu (Зерда), Güven Hokna (мајка Султан), Halit Ergenç (Девран), Hulya Sen (Xaxer), Fusun Kostag (Агул)
    Има 65 епизоди тука глуми и Хајрие од Кога лисјата паѓаат а серијава е снимена 2002 година.
    [​IMG]
     
  2. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Не знам, можеби ќе ја гледам. Содржината ми е средна некако, се’ исто па исто. Традиции, обичаи, забранети љубови... :D
     
    На Toprak му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Toprak

    Toprak Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    277
    И јас се слагам...истото , пак истото.....Сила, Зехра, па сега и Зерда, сите со “традицијата“....дури и онаа Мирен сокак се нешто слично со бабите заврзани со шамии, со лоши свекрви и сл.
     
  4. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.442
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно не ја гледам :)
     
  5. love11111

    love11111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2014
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    148
    Пол:
    Женски
    Ја гледав првата епизода и некако монотони ми се серииве се со традиција се исти и Сила и Неправда и Судбината на една Зерда. На почеток интересни ми беа сега веќе не. :)
     
  6. jelena.rozga

    jelena.rozga Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    205
    Ја немам загледано досега ја немам фатено на ТВ, интересна ли е ја гледате ли?
     
  7. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Па,мене не ми е лоша,мислам дека е добра за разонода и за пополнување на слободното време,а инаку ја даваат на Канал5 од понеделник до петок од 19.00h па се до некаде 20.00h,а репризите се од понеделник до петок од 14.00h,па се до 15.30h.Aко имаш вишок на слободно време во овие термини можеш да ја гледаш,а за содржината имаш објаснето погоре во мислењата на оваа тема,па сега на крајот ти размисли си убаво и сама одлучи си дали ќе ја гледаш или не. :hai: :!: :* :inlove:
     
    На jelena.rozga му/ѝ се допаѓа ова.