Ова што го кажав пред некој ден, еве го муабетот и на самото судење. Адвокатката на Џони на вкрстеното испрашување ја притисна во ќош Амбер а оваа се правдаше дека дала заклетва дека ќе ги донира и дека зборот "заклетва" неа и е синоним за донација . Леле не ја можам... Btw видете го делот од 4:35 од видеото, каде што за кратко се гледа вистинската Амбер, додека одговара дека никогаш не се сметала себе за жртва на домашно насилство. Ова е уствари вистина, затоа што кога одговора тука не гледа во поротниците, туку директно во адвокатката. Иначе, обично кога сака да ја увери поротата во нешто што знае дека не е точно има обесена фаца и ги гледа нив додека одговара, а не гледа во тој што ја прашува.
Само еднаш пуштив видео од фамозново судење, не знам кој колку е прав или крив, ама човече, колку е очигледна лошата глума на Амбер
Да се разбереме дека и ЏОни не е баш цвеќе за мирисање. И тој цело време ја навредувал,вреѓал па и тепал. На почетокот на судењето целосно бев на страната на Џони, но сега кога го гледам сведочењето на АМбер ( кое е малку глума, да) , но овде сведочи и нејзината сестра и други ликови , и тој ја тепал, навредувал значи не е Џони прфект.. Колку и да сака да изглуми Амбер сепак не може сите случувања што ги кажува и кавги да ги измилува и глуми. Овој секој ден , по цел ден бил под дејство на алкохол и дрога, значи секаков вид на дрога консумирал , не само кокаин и марихуана.. А тој што има живеано со човек зависен од дрога и алкохол точно може да разбере какво е секојдневието на партнерот. Јас ги мислам уживале на меден месец, славни, богати, убави, успешни,шетат, уживат, се сакат, се сексат секој ден пошто нели, штотуку венчани, тие се тепале по дома како магариња некои.. Луѓето малку ги заслепи славата на Џони и можеби смиреноста која што ја има кај него на судењето,не знам, и затоа целиот свет е против АМбер, но реално да гледаме на работите и таа е жртва на насилство , не само тој.
Не ги бранам јас ниту Амбер ниту сестра и , но само кажувам дека и овој не е цвеќе за мирисање, и овој пиел се дрогирал тепал вреѓал.. Мавал ножеви на маса и на својот асистент .. Сите се неарни , дефинитивно..
Не знам дали прочитавте за бившата девојка на Амбер, исто поднела пријава за насилство во минатото. Амбер била приведена..мислам овој факт многу ќе влијае. Колку и да се виновни двајцата сепак ова најверојатно ќе носи негативни поени за неа..
Ако било така што не кажала одма, туку прво дала една изјава, па ја променила? Тоа покажува дека постои можност Амбер да ѝ се заканила да ја смени.
Да, да Амбер Херд е мастер манипулатор кој се заканува на луѓе и ги тера да сведочат во нејзина корист, ама Џони Деп чии сведоци, сите до еден се зависни од него (вработени, издржувани итн.) е тотално невин и на сведоците треба да им се верува.
Бившиот адвокат на Џони Деп, Адам Волдман, бил баниран од судењето заради leakнување на едитирани докази на социјални мрежи, како промпт за кампањата против Амбер Херд. Пошто мажите насилници ја тепаат жена им во јавност?? А тоа што жената, заеднички пријател на Амбер и Џони, сведочела како Амбер со шминка покривала модрици?
Сега пак ќе се избаци некој со коментар за некој исклучок кај што некоја жена сама си ги нанесувала модриците или па со шминка. Случајот со ракометарот поназад не е типично родово базирано насилство како ова што го дискутираме. А оној другиот од Британија со Алекс Скил е само исклучок. Пак не е воопшто често. Зашо ние не правиме муабет дали може да бидат воопшто, него колку се чести и тешки тие случаи.
Јас не завземам ничија страна. Големи се шансите да има кренато рака на неа, но ете никој нема видено. Модрици виделе, да, но не се знае од што се предизвикани. Амбер покажува на судот и слики каде што Џони толку добро ја истепал што мислела дека и го скршил носот, но на сликата ништо не се гледа, тврди дека успеала да го покрие се тоа само со шминка, а отокот со мраз. Сликала банални работи, а не успеала да ги слика модриците од тој ден, и општо. На крајот од денот и двајцата се виновни за токсичната врска.
Деп да излезе да признае дека ја искршил од тепање пак цел интернет ќе биде ко нема шанси амбер е вештерката тим џони засекогаш .
На крајот на денот, Амбер ќе го добие судењево, Џони ќе изгуби, затоа што судењето не е за семејно насилство туку за дефамација. Џони знае дека ќе изгуби, главниот удар на него му беше кампањата против Амбер со помош на судењето во што навистина успеа цел свет да го убеди дека она е некоја си психопатка, манипулатурка и не знам што уште. Ама не е он крив, крив е светот што толку лесно поверува. Он ја суди што му го оцрнила името и изгубил улоги ради неа, а дедово надрогиран и напиен доаѓал на снимања, доцнел и бил полусвесен без никаква идеја што треба да изглуми и после она му била крива. После судењево ќе помине прашинава и после некое време на сите ќе им текне на ова и ќе сфатат дека без поткрепени информации верувале на маж насилник. Цел форум испишавме во теми за феминизам, силување, семејно насилство дека многу ретко постојат лажни изјави за насилство и силување од жени, статистики стававме за на крај да испадне дека на сите треба да им се верува освен на Амбер Херд. Срамота е да учествувате во вакво малтретирање против жена без убаво сами да направите истражување, а не од клипчиња што ви излегуваат на тикток или инстаграм од фејк акаунтс #JusticeForJohnny. На крајот на денот, вие одлучувате да браните маж што вреѓа жени со зборови како cunts, прави не знам какви шали за силување, ја малтретира жена му еве ако не верувате физички, за вербално има докази преку пораки. Па уште ќе го правиме и како главен лик за машки жртви на женско насилство.
Овој процес не е кривичен дали некој некого тепа. Нит Џони е ангел нит па оваа Амебава. Процесот е смислен начин на Џони Деп да и го извади се она што правела она и да ја уништи како она што му уништи години кариера него. Од судењето може ниту еден да не добие ни цент. Ни он 50 мил ни она 100 мил. Ама едно е јасно, видовме дека и Амебава е каде каде пореметена. За тепањето, не знам што се дешавало, ама ако некој ти збрца доле шише, одиш на лекар !! Што кожа дебела ќе имаше на вагинава женава? Ако имаш скршен нос или ако мислиш дека имаш скршен нос, одиш на лекар, собираш документација. Женава ништо нема од тоа. Покажува Џони кај што е убиен од дрога заспан.. Па цел свет знае дека Џони си е алкос и дека користи дрога. Ништо ново нема кажано. И она си била по таа чест, така да .. Женава има голем проблем. Зашто Елон Маск не дојде да ја брани? можеби затоа што на велико се шушка дека детето што го доби со сурогат е негово? Зашто Џејмс Франко не дојде да ја поддржи? И зашто ниту една бивша жена/ девојка на Џони не се свтри против него?
Секако дека да, а ти си ги слушнала? https://twitter.com/IvanaE/status/1526197611971092485 Повели едно аудио коешто нема да го слушнеш уз кампањата против Амбер, слушни го и кажи ми кој ја има моќта во врската.