@nena2010 тоа со судот, застанува така за да ја фотографира камерманот, се гледа и блиц. Џони зад себе има 14 годишна врска, ваљда да имало насилство (не вклучувајќи користење дрога и алкохол) ќе се повлечела Ванеса одамна.
Ама баш. Венеса ќе му раѓа деца и 14 години ќе биде со него? Проблемите им почнале кога со оваа го снимале Rum Diary. А да не зборувам дека Кевин Костнер има изјавено дeка само што раскинала со Џони на кратко, му се појавила гола во приколка кога снимале филм.. Многу жени жртви на насилство ја осудуваат дека со ова фрла лошо светло на вистинските жртви на насилство.
Колку можеш да бидеш прост за да се едуцираш од клипчиња кои ти излегуваат на фјп? Очигледно не знаете што значи пропаганда. Нормално дека родителите на Амбер не се против неа. https://www.newsweek.com/fact-check-are-amber-heard-parents-johnny-depp-side-1704709?amp=1 Ако имаш повише од 7 секунди да прочиташ артикл каде што е разгибано тоа. Исто се велеше дека сестра и на Амбер не сака да ја види Амбер и е против неа, па беше сведок на Амбер пред некој ден. Како некој да сака да ве натера да верувате во глупости.
Најжално од се е што луѓе кои не се Амбер и Џони, туку се Стојко и Стојанка од 2ри кат, ќе ве слушнат како зборите за жртви за насилство. Стојанка ќе гледа колку е тешко да и веруваат иако има слики од повреди, ќе сфати дека никој нема да ја поддржи чим останала 7 години во токсичен циклус со маж и, а Стојко ќе си ја тепа жена му пошто пред другите знае дека си има добар углед и "нема шанси Стојко да ја тепал жена му кога вчера беше добар кога се видовме у чаршија". И така. Ама ако гледајте лажни клипови од тикток. Сеа Амбер шмркала сред суд, пошто дотолку одлепила.
Она е срам за сите жени што се вистински жртви на насилство. Кој го брани него? Кој знае што правеле и како се тепале, па шмркале, локале, оргии праеле.. Тоа е свет кој функционира поинаку од нашиот. Не е она некпја фина девојка, која к.. не видела па налетала на алкос, наркоман. Цел свет знае кој е Џони. Побогу River Phoenix браф му на Joaqim Phoenix умре од предозирање пред клубот на Џони Viper room кај што дрога се служела ко локум уз кафе.. Ама она најде да се издигнува како жртва. Не е жртва!! Сакаше внимание, сакаше да го уништи, му го откажаа Приатите од карибите, и ред други филмови уште не докажано.. Е па душо еве ти сега, цел свет нека знае дека не си ни ти светица.
Ти стварно веруваш на видеото дека таа шмрка во суд??? МНогу лесно медиумите манипулират со нас луѓето дефинитивно, не верувај во се што ќе видиш и прочиташ на нет. А богами веќе и на Деп кариерата не е баш најсјана после ова судење. Пак ќе кажам, не ја бранам ни Амбер ( и таа е ненормална исто како и него) ни пак него го бранам , ама дај малку гледајте ги реално работите, не е бил тој совршен во бракот и не е само АМбер крива за се, толку! Еве ова се случува кога ќе си оставиш жена со која што со години си во брак и ќе сакаш да го брцнеш во младо месо, сега нека дреми по цел ден по судовите , а златна Ванеса си имаше покрај себе!
Бриши мрсули хахаха Сега пак најактулена е адвокатката на Џони веќе овие се во сенка по медиумите таа е хит Немам веќе коментар дефинитивно и двајцата се криви за се што и се случува моментлано !
Феминизам е еднаквост меѓу маж и жена, ама феминизмот работи за жените пошто ние сме оние кои како жени треба да се „издигнеме до мажите“ односно да ја искорениме патријахалната култура. Значи феминизмот е за еднаквост, ама не може феминизмот да се бори за мажите кога тие не се системски опресирани. Погрешно сум сфатена во темата, дека не верувам дека мажи да бидат жртви итн., јас само велам дека Џони Деп не е жртва и нема потреба да ја започнуваме таа дискусија во оваа тема пошто не гледам никаква машка жртва која треба да поддржувам. Мене најмногу ми смета пред се, без разлика на тоа каква е Амбер Херд, реакцијата на јавноста - масовното идење против неа, буквално witch hunt, слепоста на тоа како се движите на социјалните мрежи и какви извори вие следите. Затоа погоре го објаснив феминизмот, пошто ова е многу добар пример дека јавноста едноставно мрази жени, какви се коментари се имаат испишано, такви коментари кои не се ништо подолу од вербално насилство, ама демек кон насилник се упатени. Крис Браун кој ја истепа Ријана еве го си има кариера и едноставно нема маж на светов кој го добил истово што и Амбер Херд, а направиле милион пати полоши работи. Инаку Амбер Херд нема да изгуби, ќе го знаеше тоа да ја имаше целата перспектива на судењето, како што ти тврдиш дека ги гледаш сите докази. --- Ова не е за тебе, ова е за оние кои сакаат да се едуцираат од тикток, погледнете го профилот @justiceforamberheard, има клипови од судење кои ја (до)кажуваат и нејзината страна.
Цуцката која ја спомнуваш има 43 години и малку елементарна култура нема да ти е на одмет. Сега на YT гледав видро од адвокат кој е во судницата како посматрач, и објаснува како поротата се однесува према Амбер, како она се однесува и зашто не е уверлива во она што го кажува. Инаку мајка и сега наводно во некоја смс порака кажува фека Оп ед не било идеа на Амбер туку на адвокатите нејзини, демек она ова не го сакала. До толку да е гуска?
Јас ти велам дека ти не можеш да знаеш дали е или не е, зошто ако беше толку лесно да се знае, немаше да постојат адвокати, судови, тужби и правен систем. Си има кој да го истражи тоа, исто ко што не треба да се правиме доктори и научници на сите можни теми, а се правиме, така не треба да се правиме ни правници кога не сме. Ти во моментов мислиш дека е многу феминистички ова што го пишуваш, но доколку Амбер изгуби, а ќе изгуби веќе е многу јасно тоа, уствари не ги поддржуваш сите оние жени кои се стварно жртви, а на кои Амбер им влепи баш шлаканица со циркузов. Енергијата ти е супер, пасијата ти е одлична, и треба да ја негуваш и треба да си горда што можеш да се наречеш себе си феминистка, ама ќе ти се смени со тек на време гледиштето за феминизмот, пак ќе повторам феминизмот не е издигнување на жените врз мажите туку еднаквост, и тоа значи доколку имаш случај на насилство од жена врз маж, тотално треба да застанеш на страна од мажот пошто за насилство не смее да има дискусија, секогаш треба да сме 100 % против. Никој овде не поддржува насилство врз жена, колку пати има дискусии низ темите, на сите не допира, на сите ни е јасно колку се угнетувани жените, и пак тоа не е причина да поддржуваме насилство врз мажи, пак не е причина да скокаме врз заклучоци без докази и да сме понаклонети на страната на жената само затоа што е жена. Да, полесно е, и јас побрзо ќе поверувам на жена неголи на маж, ама не значи дека е праведно и треба да сме свесни дека го правиме тоа, и да пробуваме да не го правиме, пошто никогаш нема да се избориме против насилство врз жени со тоа што ќе поддржуваме насилство врз мажи или ќе замижуваме.
И? Шмркале заедно во 2014, како е релевантно тоа, т.е што докажува тоа? Буквално ова се истите зборови што им ги кажуваат на други жени жртви, само тогаш ти ги осудуваш. Ако двајцата се насилници, двајцата се и жртви. И аман не спомнувајте феминизам, се гледа дека го знаете само како поим и ништо повеќе, да знаевте немаше да гледам ситење.