Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Судењето на Џони Деп и Амбер Херд

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Caramell, 11 мај 2022.

  1. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.837
    Допаѓања:
    23.531
    Пол:
    Женски
    Хм, ќе ми се менува гледиштето за феминизам, ама не на начин на кој мислиш. :D Ја може се објаснувам попросто, ама има луѓе што многу професионално и детално го објаснуваат тоа јас што го објаснувам и не е феминизмот толку едноставен, ај мажи и жени еднакви, оп троп и толку.

    Јас можам да разберам луѓе што велат дека и двајцата се токсични, ама пак ќе кажам, најголемиот проблем ми е тоа што луѓето не го гледаат проблемот во тоа како е третирана Амбер и што значи за целиот свет целата таа реакција кон Амбер.

    Инаку пошто спомна адвокати и судења, Џони Деп има и претходно судено за ова, не Амбер лично туку The Sun кои го нарекоа wife beater, и го изгуби судењето односно џури изгласа дека не е погрешно што така го нарекле, затоа што навистина си ја тепал жена му. И ај?
     
    На crimson, GothicViolet, Аргентина * и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.905
    Допаѓања:
    171.658
    Пол:
    Женски
    Мене ( негативно) ме изненадува со која самодоверба велите дека едната или другата страна не е жртва, кога од двете страни има индикации за насилство, дали психичко, емотивно или физичко. O well. Ваљда има видовити меѓу нас. :)
     
    На Harper, senjorita-v, Bella ••• и 10 други им се допаѓа ова.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.750
    Допаѓања:
    116.778
    Пол:
    Женски
    1. Дека и она доаѓа од пореметено семејство и не е баш чиста во паметот.
    2. Дека бракот им бил токсичен од двете страни. Е сега да беше паметна она, знаејки си го нејзиниот валкан веш ( Елон Маск и Џамес Франко, дрогата што ја донела со друштвото на венчавката а таму биле малолетни деца на Џони, и ред други работи), ќе си се разведеше и чао.
    Најголем пропуст и е што не побарала лекарска помош, после наводните малтретирања..За разлика од неа Џони си има документации, со доктори со се. Адвокатите на Амбер ќе ја уништат. Е тоа ќе направат.
     
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.484
    Допаѓања:
    127.273
    Пол:
    Женски
    Ај да повторам дека ни тој, ни таа не се за бранење.
    Фацијалните експресии многу кажуваат.
    Не е во ред да ги уважувате нејзините зборови само ради тоа што е жена.Истово важи и за неговите фанови.
    И на двете страни доказите се спорат.Не само од нивните адвокати, туку и од адвокати низ светот кои го следат случајот.Па, и луѓе од други професии.
    Се гледа дека не го следите Холивуд доволно.Кој следи знае дека Амбер и скандали идат заедно уште од стартот на нејзината кариера.И за пороците на Џони.
    Реално и двајцата не се цвеќе за мирисање.
    И маж и жена не треба да се бранат ради нивниот пол.Тоа е она што го збориме и @Mantub убаво го кажала.
    И да го повторам и ова:
    Правниот систем не функционира според случајот на Џони и Амбер.Ако правниот систем потфрли во некој случај, тоа ќе биде поради корумпираноста.Не поради актериве.
     
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.620
    Допаѓања:
    21.761
    Ама работава не е дали се поддржува насилство врз маж него како тие случаи со машки жртви се третираат, како ги менуваат ставовите на околината и општеството, како влијаат на женски жртви. А дека влијаат негативно, епа за жал влијаат. Вас може случај со машка жртва нема да ви смени став, ама на многу ќе им смени, па вие што сакате кажете. Со причина нема кампањи против семејно насилство врз мажи така?
    И ова не го кажувам од аспект на феминизам него common sense. Факт е дека тоа се случува, колку ние и да се повикуваме на еднаквост.
     
    Последна измена: 20 мај 2022
  6. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.837
    Допаѓања:
    23.531
    Пол:
    Женски
    Мојот став е тоа, јас одлучувам да и верувам на Амбер Херд затоа што според мене насилство произлезено од самоодбрана не е насилство - таков е мојот заклучок од се што имам гледано за судењето. Ако има еднакви индикации на насилство според тебе, тогаш исто Џони Деп не би бил жртва на насилство, туку и двајцата би биле само токсична врска и пак нема место за дискусија за машки жртви - во оваа тема, ова ми е битно да го потенцирам затоа што не сакам никакво сожалување врз Џони Деп како жртва на било што. Мислам, јас го сожалувам за неговите зависности, знам дека секоја зависност има причина, ама неговото однесување како резултат на тоа секако дека е негова одговорност и тоа е тоа.

    Мислам, не се криви мажите што претпреле насилство и не должат никому ништо, проблемот е со општеството, со луѓето и различниот начин на кои они ги прифаќаат едните и другите жртви. Очигледно поголем скандал е кога имаме машка жртва, на пример сега, луѓето буквално плачат за да го направат случајов од таков тип, а не е.
     
    На Anah и Аргентина * им се допаѓа ова.
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.620
    Допаѓања:
    21.761
    Па баш и затоа велев да не се изјаснуваат јавно. Он не е крив (не Џони, некој рандом маж де), ама за жал жени ќе страдаат ако он обелодени за тоа. А подобро еден маж да настрада, него 100 жени. Глупаво е што мора да бираш ама тоа е.
     
  8. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.466
    Допаѓања:
    38.522
    Пол:
    Женски
    Не знам дали си сериозна или не тролаш од почеток со мислењата. :D
     
    На Harper, staycalm, GothicViolet и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.620
    Допаѓања:
    21.761
    Јас ви кажувам како општеството гледа на тоа. Не знам зашо мислите дека еднакво им е на рандом луѓе дали е маж или жена жртвата. Тебе може ти е, на мене може ми е, на членови тука исто. Ама ние сме само мал дел од цело општество.
     
  10. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.466
    Допаѓања:
    38.522
    Пол:
    Женски
    Општеството, особено кај нас, секогаш ќе гледа со потсмев кон мажите жртви на семејно насилство. Само коментарите пред некој ден за маж што го претепала сопругата колку беа мизерни, ми се згади од ограничените мозоци.
    Среќа на светско ниво се крева свеста дека ЖРТВА Е ЖРТВА, без разлика на пол.
     
    На Harper, staycalm, WildMk и 6 други им се допаѓа ова.
  11. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    5.415
    Пол:
    Женски
    Ако појќето у општеството мисла ка тебе... отиде светов јабана...
     
    На Harper, staycalm, joy1 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.620
    Допаѓања:
    21.761
    Знам, ги видов.
    Ама вакви случаи се ретки. Башка само објавена вест дека го истепала, ништо повеќе. Замисли да се дознае идентитет на двајцата и ете се докажува дека она е крива. Па човекот да добие јавна помош, поддршка јавна, па активисти го споделуваат и поддржуваат, да го има во емисија итн како што беше со Пале. Е тогаш ќе биде "курвите што викаат дека се тепани лажат, еве видете човеков" во коментари. Има причина зашто не се случува таква јавна борба на тие мажи. Оти мора да се мисли на тие што повеќе страдаат.
    Ако на маж се потсмеваат, на жени бетер се потсмеваат. И не го барај проблемот во мене, барај го во тие што гледаат така. Јас само ти посочувам.
    Никогаш немам видено нашиве активисти да споделат вест каде маж е жртва на родово базирано насилство и да го поддржат. Зошто, што мислиш?
     
  13. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    5.415
    Пол:
    Женски
    Па и треба да го добие сето тоа без разлика на пол. Ипак е живо суштество.
     
    На theowndemon и raww им се допаѓа ова.
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.620
    Допаѓања:
    21.761
    Јави ми се кога некоја активистка ќе се бори за маж јавно да се реши како што треба случајот:)
    И ова не го велам за да речам дека ги мразат, туку зашто има причина зашто е попаметно да не добиваат поддршка.
     
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.750
    Допаѓања:
    116.778
    Пол:
    Женски
    Како што има психичко малтертирање на жена од страна на маж има и од маж од страна на жена.

    ДА се концентрираме на нив, не на сите жени/мажи жртви конкретно за овие двајца да збориме.

    Мене искрено Амбер ми делува малку пореметена. Има нешто во неа што е подмукло, пореметено, creepy.. Видете и ги само фацијалните експресии. Јас го следам од првиот ден буквално секој ден го гледам. Женава кога даваше исказ Џони Деп ми имаше една таква фаца, да ми се ледеше крвта во жилите. И како само го гледа. Значи точно знае како да го поттикне да избувне да направи сцена. Мислам дека и тоа го има правено во бракот.
    На една од снимките се караат, она го удира, овој се трга и оваа му викa: Немој да бидеш бебе , не бегај. Он и вика ме удри..И он се повлекува. Јас мислам дека она е од оние ликови кои имаат проблем ако некој сака да ги напушти. Кога и вика: Си одам, те напуштам, готово е сфаќаш? Она е агресивна!
     
  16. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.466
    Допаѓања:
    38.522
    Пол:
    Женски
    @nena2010 сведочеше психијатар нели за какви пореметувања на личноста има. Две беа мислам, Borderline personality disorder и уште едно. Се познава и по однесувањето со нејзините адвокати каква глума има, после со неговите излегува агресијата, не може да се контролира. Неколку пати испади имаше дури сведочеше.
     
    На buba4e89, Waverly Raven и nena2010 им се допаѓа ова.
  17. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    5.415
    Пол:
    Женски
    Неам број 8)

    Да не идеме офтопик пак еве тема
    https://forum.femina.mk/threads/Мажот-жртва-на-семејно-насилство.33793/
     
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.750
    Допаѓања:
    116.778
    Пол:
    Женски
    Да. Ја гледав докторката кога сведочеше. Многу убаво ја објасни неа. И нејзиниот сведок психијатар кажа дека и Џони бил малтертиран.
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  19. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.079
    Допаѓања:
    10.797
    Пол:
    Женски
    Требало плус уште еден психијатар кој е неутрален да ја дијагностицира Амбер. Таа од Џони страната делуваше многу професионално, но сепак, тој ја плаќа, може да ја увеличи приказната.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.750
    Допаѓања:
    116.778
    Пол:
    Женски
    Не би се осудила да ризикува кариера верувај ми. Ама мафините.. Леле како сум се смеела.