Хахаххаха, кажа како да се направи модринка, не да се покрие. Такви колор корекции одат пред пудрата, не после Не знам како може човек до толку да е глупав и во заблуда. Со се што кажува се повеќе и повеќе се закопува.
Сведочење на поранешен пријател на Деп, со кој се дружеле 40 години. Зборува за модрици што видел на раката на Амбер и како се Деп однесувал спрема неа во одредени ситуации.
Ова беше кога кажуваше како она ги криела модриците.. А уствари го опиша делот како се прави да изгледа дека има модрица.
Не бе го гледав додека сведочеше.. Се шушка дека нејзините адвокати сакаат да си дадат отказ ... https://www.dailymail.co.uk/news/ar...-Depp-supporters-say-Heards-lawyer-looks.html Видете ја бе
Тие што ја поддржувате Амбер не сте ни феминистки ниту помагате на жртвите. Поддржувате лажење, манипулација, заќутување и влевање страв во индивидуа. Одмагате многу
Она што мене многу ме нервира во случајов е што Амбер стана главна атракција и буквално секој на интернет ја исмева, критикува и суди, а други славни личности (мажи) за исти, слични или полоши работи никој не ги спомнува. Значи, нит ја бранам нит сум од нејзина страна туку општеството некако има многу двојни стандарди кога станува збор за жени...
Слично нешто што ме нервира се двојните аршини на луѓето за суд. Ќе каже нешто адвокат на Амбер, ќе го изругаат дека е глуп, истото ќе го ке адвокат на Деп, вау легенда. Амбер ќе зашишува нешто на суд, овие ќе ја анализираат дека прави којзнае што и ќе ја вреѓаат, Деп ќе го прави истото, луѓето се like бебенце мало си цртка за време на судење пошто Амбер не му дозволувала да држи пенкало кога биле заедно. Сведоците на Амбер се сите платени, неедуцирани, заплашени, а сведоците на Деп ја кажуваат секогаш вистината. Нема објективно и реално мислење нигде.
И мене ова ме нервира искрено. Имаше едно видео каде Амбер нешто става во уста, и како потсмев беше, а Џони и тимот кога јадат бонбони cute им е.
Тоа е така заради тоа шо Амбер, не знам како да кажам, многу лошо се претстави во судница, од манири до фацијална експересија и сл. Не дека јас имам проблем со тоа, ниту пак знам да ја советувам како да се однесува, ама според видеата шо кружат по јутуб е предмет на потсмев, па дури и нов филтер на снапчат направија наводно по нејзината “уникатна” експресија.
Џони е толку невин, што имал забрана за доближување по разводот. Не се издаваат тие забрани без никаква причина, ама ќе го игнорираме тој факт. Мене поверојатно ми е дека се нашле еден со друг, двајцата проблематични, како лонче и капаче.
Џони Деп се цело време цинично смее додека било кој од Амбер и нејзини сведоци зборат. Исто неговата адвокатка, непрофесионална до крај, па никој не го забележува тоа непристојно однесување.
https://twitter.com/IvanaE/status/1528779142648500230 Адвокат на Џони Деп, прашува психијатар, сведок на Амбер, дали му значи нешто Вили Вонка и дали го гледал филмот.
Сакав прееска да пишам, ама немав време. Јас верувам дека Амбер Херд била со Џони Деп заради сопствената кариера, а тој со него пошто е убава и помлада, меѓусебна корист. Не верувам дека она почнала да го тепа и дека на 20 и кусур години смислила мастер план да му ја уништи кариерата. Сигурна сум дека проблемите и насилството во врската им почнале ради зависностите на Деп и после некое време таа токсичност, такво однесување им станало нормално. Кажете ме радикална (а знам дека и погрдо ќе ме кажете ), ама ако не им веруваме и на жртви кои не се наивни, не знам тивки и кои општо не се добри како особи, ништо не сме направиле. Пошто... мажи секако не треба да удираат жени, а еве Амбер е една од тие жени која веројатно почнала да се брани. Сигурна сум дека тој прв кренал рака врз неа, сигурна сум дека ова што ја суди е дел од неговото малтретирање и дека тој е манипулаторот. А јавноста, од што не може да ја свари Амбер како особа, ја линчува до ненормален степен (и порадо би да го брани харизматичниот насилник), пошто други јавни насилници (мажи) си имаат успешни кариери. Лов на вештерки.
Јас верувам дека двајцата се малтретирале. Но, да бидеме реални, ако Амбер беше истепана до тој степен како што она опишува, ќе имаше докази, а не само слики од црвено лице. Била силувана со скршено стаклено шише и сепак не отишла на лекар за преглед и документација? Џони ја претепал, и стоел врз грбот и го скршил креветот, а следната вечер оди на црвен тепих со фустан отворен на грбот и изгледа свежо и прекрасно? Толку била трауматизирана и уплашена од него, што му подарила нож?! Жртва на насилство од страна на партнер не би ни помислила да се стави во толку опасна ситуација и да подари нож на некој што ја крши од мавање. Скоро се и е базирано врз нејзин самостоен збор, и секако, плаќање на рандом стручњаци кои не ни биле сведоци, да сведочат. Апсурдно. П.с. Она што опишува се случува на многу жени ширум светот, и затоа ми е толку криво. Некој како Амбер да одбегнува да одговори асално и да покаже се што има, додека индивидуалци од нашиот пол би дале се на светот за да си ги искажат своите приказни.