Диши жено аман.Добро ти некоја друга пасија имаш во живот освен да ја браниш Амбер и феминизмот по секоја цена?Доста извртуваш(дал свесно,дал несвесно небитно,hence радикални видици и идеологии) светот не се врти оклу тебе, ни Амбер, ни феминсткињите не знам како да ти кажам. Јa исмеваат затоа што е манипулатор,тоа правиш со манипулатори затоа што се циркузанти само по себе.Да, го искористи и МеТоо моментот во своја полза бесрамно и со ова она прави штета на потенцијални жени жртви, не он, нити судењево.Доказите и говорот на тело досегашен укажува на ова.Затоа и бесот и линчот.Стварта е никој никого не смее да малтретира ни психички/ни физиички и не треба да има привилегии по пол,дали би ова да го регистрираш,прифатиш,ти се допаѓало или не твој проблем.
'Арни' се двајцата. Најпаметно ќе биди да се игнорира скроз процесов. Ама луѓето се гладни да видат нечија лична драма. Ријалити шоуата (и судењево е тоа) го загадија глобалното општество.
Не. Токсичен однос како и да е и нетипичен црно-бело во смисла за однос жртва-насилник.Ама она е дополнително и полабилна и манипулативна.Проба да изманипулира во своја корист и го претстави црно-бело, претставувајќи се себе и само себе како жртва пред јавноста, иако и самата има вршено насилство/насилничко понашањево истиот. Сега сносува последици откако он оправдано возврати и ја изнесе целосната вистина.
Џони Деп тврди на суд дека никогаш не кренал рака на неа, ти велиш возвратил и ја изнесол целата вистина? Знаеш што, не ми е гајле што мислиш, можеш до утре да се контрираш. Ако тебе ти е интересно ова исмејување на Амбер кое не го заслужува, кое НИКОЈ селебрити до сега не го добил, уживај во него. Јас не се ситам на такви работи.
Вистината за нивниот однос,што како што не им бил црно-бел гледано објективно,наспроти нејзините црно бели верзии што ги гуташ и сервираш.За ситење не се ситам.Дали мислам дека е заслужено? Да.
Ова е хумор/исмевање не ситење или треба дефиниција за ситење од речник за оние што не ја знаат разликата.И што поента постов не ми е јасно?
Многу ми е интересно како зборуваш дека никој никого не смее да малтретира, додека луѓето кои велат(оправдано) дека Деп воопшто не е невин ги нарекуваш радикални. Иронично. Не ја бранам Амбер, не ја сакам, не ја знаев многу пред ова. Ама ни еден маж од Холивуд, од музичка сцена, било кој кој направил многу полоши работи нема добиено толку колективна омраза колку нејзе. Тоа многу кажува.
Јас лично немаше да мрднам ни со мал прст да се расправам за случајов или да се занимавам, да не почнаа да ми излегуваат сите тие видеа на тикток, уште на рингла не се платени да ми се појават. Кога видов дека ја распрачуваат Амбер пошто дише на чуден начин, застанав, и си реков ова не е океј (а тогаш и јас самата мислев дека Амбер скроз лаже) и сама зедов да истражам да видам што се дешава. Кога почнав да гледам докази, од двете страни, тек тогаш ми стана сето ова гадно и сфатив што се случува. И не сакав никако да учествувам во ова глобално исмејување.
Девојче ти имаш некој проблем изгледа.Упорно не сфаќаш или доаѓаш само да пишеш нешто, паметуваш напразно или контрираш. И ја сум меѓу тие што вика дека Деп не 100% невин,они баш спротивното го пишуваат,радикални ги нарекувам оние што пишуваат радикални работи и радикални гледишта и пишав веќе зошто,на нормален човек не е потребно ни да пише се подразбира,а акмо ли да му се пише и пак да не разбере.Ај ако не сфаќаш/имаш проблем што не сфаќаш нека си остане твој проблем не замарај други поради тоа.
Ако мислиш дека он не е 100% невин, немаше да имаш потреба да го поддржуваш во судењево, затоа што он ја суди со заземен став дека никогаш не дигнал рака над неа, значи тоа го докажуваат сите негови адвокати. И која ти е логиката тука? Мојот став за тоа дали Амбер е светица убаво го изјаснив некоја страница поназад, сигурна сум дека е токсична особа ама тоа не ја прави помалку жртва на насилство кое го иницирал Деп. И можеби си во право, радикален став е, ама може и радикални ставови се потребни за да видиме некаква промена.
Не ми се верува дека некоја страна воопшто се заезма на темава. Мое мислење, станува збор за врска исполнета со многу алкохол и наркотици од двете страни, што и самите си признаваат, а генерално од зависници не можеш да очекуваш некое нормално однесување. Друга работа, очигледно е дека многу се лаже во случајов од двете страни, дури туѓ срам ме изеде од глуматарање, буквално не верувам на ништо, ама само ќе кажам дека случајов од двете страни само штети на вистински жртви на семејно насилство и жртви на насилство воопшто. Плус, ако си насилник и самиот, а очигледно тие двајца се, не можат да се жалат дека истовремено се и жртви.
Мене смешно ми е како некој би завзел страна и е толку сигурен дека Џони или Амбер се невини. Како да ги познавате лично зборувате некои. Мислам дека најблиску до вистината е дека двајцата се токсични и двајцата се повредувале (физички, емотивно, секако) ама дека се јавни личности и ние ја имаме честа да го гледаме нивниот циркус. Така да, chill out малку.