Секој различно се справува со стресот и лутината. Некој крши предмети, некој во себе се самоуништува, некој се самоповредува, некој се дере, некој медитира. Според снимката, не ја удира неа, туку си го уништува домот. И јас би сакала некогаш да го имам луксузот и слободата да скршам нешто, само не сум толку богата да реновирам. Сите знаеме како треба, а никој не е совршен. Од друга страна, ако е толку насилен и те удрил, нема да бидеш покрај него и да го снимаш, уште да си пиеш кафе, туку ќе бегаш, ќе бидеш исплашена, ќе плачеш, а не индиферентност да покажуваш. Еден ден, кога имате караница или не ви е денот, да постават камери во сопствените домови, ќе видите како се тоа изгледа од страна и ќе биде осудено од општеството. Премногу се даде медиумско внимание. Не ја сметам девојкава воопшто за наивна, туку точно знае што прави, само премногу отиде целиот циркус во етер и нема назад. Барем тоа е моето мислење. Правда за жртвите од насилство, но и судење за лица кои глумат жртви за паричен надоместок.
Многу е битна ако не и најбитна работата на пи ар тимовите на двете страни. Мислам дека негде прочитав дека Амбер го отпуштила нејзиниот тим. И јас би. Оној на Џони богами заврши огромна работа со јавноста во негова полза. Апсолутно јавноста е манипулирана од двете страни. На времето, една ценета професорка на правен рече секој знае да седне и да прочита закон, ама треба умешност да знаеш да го протолкуваш и примениш во своја полза. Едно е што тие двајца ќе кажат на судењето, сосема друго е што нивната пропаганда ќе направи од истото во јавното мислење. И тука сметам, се игра една од поголемите улоги околу судењево. Јас сум од оние што Џони ми беше многу омилен низ годините. За сите улоги го бивало од шлакнат до психопат, не ми текнува дали негде нормален глумел.. многу го сакав. Амбер не ми текнува дали негде сум ја гледала, ама на страна тоа, после се што видов и прочитав на интернет двајцата и по мое мислење се апсолутно токсични, разликата ја гледам само во тоа што Џони има поише пари, со тоа подобри советници, адвокати и нормално подобра пропаганда која го формира јавното мислење за него. Ќе се сложам целосно за Амбер дека самиот факт што е жена само долева повеќе кон јавен хејт лично кон неа, во една ваква мизогинија од која сите сме дел. Дали Амбер е целосно жртва? Не верувам. Дали е целосно насилник? Не верувам ни во тоа. Не верувам ниту дека Џони е целосно од двете исто така, само верувам дека поради физичката сила како маж, е поголем физички насилник од неа. Верувам и двајцата си правеле лоши работи еден на друг.
Јас го следам судењево директ, значи се она што е кажано и од Деп и од Херд и од сведоци и од психијатри и се. За мене Амбер според она што го слушнав е психо , манипулатор тежок. Така да не е се црно или бело во приказнава. Дека Деп е ангел не е, ама дека ја мавал не верувам. Ако ја маваше немаше да крши кујна туку кје ја лупнеше неа и ќе ја снемаше.
Што би рекле за сликите што се појавија од Елон Маск и модринките на лицето од периодот кога бил со Амбер? Не ви е малку чудно?
Не знам дали имате гледано видеа постари и општо за таа како карактер. Се мисламд ека е дури и социопат. Плус то имала претходно женска и ја малтретирала неа на некој начин физички. Штета што мислам не е повикана да зборува овде. Сепак направи голема грешка што сакаше да манипулира со Деп и отиде во крајности работава, сеа нека срка то шо си надробила. Колку и да е наркоман Деп итн, сепак мислам дека овде е жртвата тој.
Кејт Мос кажа дека не ја турнал по скали, дека никогаш за време на нивната врска не ја турнал по скали, ниту имало некакво насилство од страна на Џони Деп кон неа. Со ова Амебава си даде автогол..
Не го следам судењето воопшто, само гледам тиктокс што ми излегуваат одвреме навреме. Искрено во оваа точка веќе скроз е небитно кој е во право, се работи за двајца богаташи кои ќе успеат да застанат на нозе во животот. Ама што останува за секојдневните случаи на семејно насилство каде се случува и животот да им виси на конец на жртвите? Години објаснување, докажување, аргументирање на тврдокорни мозоци паѓаат во вода после ова, зашто првото нешто што ќе го треснат е ,,а џони деп на пример?". Јавниот дискурс се насочува кон многу непродуктивна насока. Од сериозна работа се вадат мимови, се девалидизираат искуства со sexual assault, се разведенува секој разговор за токсичност и насилство во врска. Што знам, ми нема логика да си правам цепкички за судење од ваков калибар. И не сум воопшто расположена секој следен пат кога ќе се спомне семејно насилство да слушам максимално исцицани форички за тоа како Амбер се посрала на кревет.
Не ми се верува дека не го знаев ова до сега, па ако може некој да ми потврди. Пробав да истражам, и уствари jury од 7 луѓе што ќе одлучува за судењево (и за било кое судење кај што е повикано било кое jury во САД) се уствари обични луѓе кои немаат никаква едукација во областа на право? Ако знае некој.
Да, тоа е дел од т.н. jury duty каде било кој граѓанин може да биде повикан да биде дел од порота и е обврзан да се појави на повикот. Си постои официјална селекција на членови на поротата шо ја вршат адвокатите и обвинителите во судница под надзор над судијата.
Добро утро. Во УСА секој може да виде повикан да биде во порота. Тоа не се доктори по правни науки. Само ги селектираат да немаат пристрасност кон странките,да немаат криминално досие, и секако пред да бидат седнати се убаво испитани нивните истории. Додека трае судењето не се дома, туку се сместени во хотел, од каде ги носат во судница. @MilaSs12 не ми е чудно. Чудно ми е што не се појави да ја брани ни он ни Франко да потвдси се она што кажуваше. Двајцата ја извисија.
Во вакви судења јас секогаш сомневам дека има поткуп и влијание. Овде и нема страна која е целосно во право или целосно оштетена, одлуката каква и да е ке е фер.
Не може и бившата девојка да е мазохист оти имаше муабет и за нејзе дека е малтретиран исто и Елон да биде. Ете, Кејт Мос ја кажа вистината дека не била малтретирана а од каде и тоа на Амбер да го каже? Како пееше Тоше? - Од лага во лага тонеш. Сама себе се уништи. Денешниов ден беше интересен.
Знам и поткуп е кривично дело, гледам нивни серии посебно за закон и криминал. Ама ако не дознаат како ке судат? Кога се пари во прашање луѓето се менуваат. Плус зошто би ги викнала да сведочат ако знаат дека Џони не бил насилен?