Не Вајлд, многу добро се изјаснив, не ми контрирај за џабе. Лошо е за жени затоа што кога маж е доволно моќен и „атрактивен“, никој не и верува на жената жртва. Лошо е за жени затоа што овој случај се користи како пример за „И мажи се жртви на насилство“, а не е точно, тој е насилникот. Лошо е за жени затоа што жените пак ќе се плашат да проговорат пошто никој нема да им верува, што се уште еднаш докажа. Лошо е затоа што луѓето никогаш не биле поодвратни отколку сега спрема јавна личност и не би биле приближно гадни спрема маж. Така да, многу е лошо за жени кои се жртви на насилство.
Сум ги гледала повеќето негови филмови ама ете не сум прогуглала за типов, не ми е јасна споредбава негова каква врска има со случајот на Џони кога против типов сведочат 80 жртви?
Јас одбирам да и верувам затоа што имам доволно видено како ги манипулираат доказите како што се аудио снимци, фотографии и сл. Ама ова кој сака да види реална слика. Џони Деп има слика со модрици каде што тврдеа на суд дека го удрила Амбер на неговиот роденден, а датумот кој што видно стои на сликата, нема врска со неговиот роденден. Видео снимката каде што тој крши по кујна, Џони Деп тврди дека било откако мајка му умрела и бил тажен, а видео снимката е 3 месеци пред да умре мајка му. Check your sources.
https://twitter.com/SomeShadesOn/status/1524238701320093696 Еве ви убаво скоцкано докази, кого го интересира.
That's not my job. Има одговорни институции за тоа. Нека си ја завршат работата. Јас само ќе одберам да не шпекулирам.
Не си била на рочиште до сега па да видиш како и најголеми криминалци пред судот и судијата се мали мачиња. Не сакам да го коментирам случајот се дури не добие разврска, не дека ќе влијаеме на судот ние овде ама ајде
Од кај знаете дека и Џони не глуми дека е опуштен и насмеан? Па со циничкото смеење ми оди на нерви. Амбер глуми, но бидејќи е лош актер е ептен очигледно.
Ако судењето се одвива пред очите на јавноста, јавноста има право да коментира. Си формираш мислење врз основа на тоа што го гледаш и слушаш. И тука темата е отворена со таа намера, да си размениме мислења. Судии секако не сме, онака неформално си правиме муабет. Или грешка е да се каже мислењето?
Го следам, интересно ми е. Адвокатите на Амбер се живи смешки, додека неговите се врв. Мислам, кој сере во кревет бе луѓе. А и оние паузине за да ја сликаат кога плаче, ептен е смешна.
Мене ми изгледа дека Амбер лаже, девојката ептен личи на манипулатор и психопат. Да била жртва на насилство нема да се однесуе така, буквално ќе бидеш исплашена од насилникот, не знае ниту една приказна да каже што доживеала, никогаш не опишува емоции. На сите слики кај што се по црвени теписи таа е секогаш насмеана и изгледа супериорно додека Џони буквално изгледа уплашено. Како што читав Џони ја тужи само поради тоа што таа напишала некоја изјава до некој магазин дека она била жртва на насилство, и после тоа тој веќе не добива никакви договори за снимање. Мене ми личи како она да е љубоморна на се тоа што он има добиено и затоа прави се за тој да изгуби. Најверојатно е дека Џони би изгубел оти судењето не е за тоа колку тој бил во право или не дека е жртва, туку повеќе за артиклот што е напишан. Ама тој повеќе сака да ја понижи во јавноста за тоа што она му го правела додека се заедно. Многу антипатична личност. Јас сум за Џони. А кај нас што имам приметено по фб медиумиве само за Амбер пишуваат и што таа доживеала. Ама многу добро што судењево е јавно, да се види дека некогаш и машкото може да е жртва. Зошто мислам дека лаже е поради изразите на лицето, ниту една солза не пушти, секогаш кога лажеме за да изгледа дека е вистина додаваме многу детали, истото го прави она само некои детали опишува непотребни.
Самите изрази на лицето на Амбер докажуваат дека е патолошки лажго. Секој психолог тоа би го потврдил. Освен тоа делот со шишето скршено што ја силувал како уопште седи?
Не можам да заземам страна у нивниов случај затоа што е невозможно да се докаже што точно се случувало. Факт е дека двајцата се токсични личности и имаат проблеми. Двајцата се за лечење, она за на психијатар, он за на рехабилитација од зависности. Реално. И он си има огромен проблем, кој за жал сите го игнорираат поради омразата спрема Амбер. А кој имал алкохоличар во семејство знае каков е квалитетот на живот со нив. У секој случај, циркус.
Оф го следам, за среќа или жал, интересно ми е затоа што сакам да следам судења. Мислам дека судењево е бирање на помалото зло, кој помалку направил, кој помалку кршел и сл. И двајцата се неверојатно виновни. Како човек што излезе од двегодишна токсик врска, одговорно тврдам дека двајцата се виновни. Едноставно се луѓе кои колку и да се пркрасни и добри надвор, толку се лоши еден за друг.
И џурис гледат истото и носат одлука. Нормално е и јавноста да има мислење. Како и да е, ко да памтам негде да пишав за темава ама пошто не сум сигурна ќе пишам тука пак. Не мислам дека двата се невини. Сметам дека треба да се дај акцент и за машки жртви на насилство. Ама не мислам дека било која инволвирана страна е невина во случајов. Вервам, према то шо имаме видено, дека двата беа насилни на ваков или таков начин. Е кој поќе, кој помалку, ќе видиме со пресудата. Ама да, шо е со адвокатите на Амбер, gurl. Нема да коментирам за лошата глума. Колку и да е лоша и очигледна.
И јас не би да заземам страна од проста причина што виновникот не секогаш изгледа така а со добра адвокатска позадина се е возможно. Засега Џони е подобар говорник од Амбер, подобро се искажува и добро ги формулира изјавите. Секако тоа баш не е целосна сигурност или гаранција дека тој е тотално невин во случајот. Сметам дека и двајцата биле токсични еден кон друг, можеби физички никогаш не ја нападнал но затоа психичко малтретирање имало од двете страни. Амбер ми изгледа како да сака да го оцрни Џони од секој можен аспект..дури и најмали ситници..што некако изгледа вештачки и непотребно. Не знам дали намерно изјавите и се неповрзани и глуми изгубеност..но некако не е убедлива. Сметам дека и двајцата донекаде се виновни а факт е дека Џони сам потврди дека има проблем со алкохол и дрога..така да сигурно и тој не е цвеќе. Јавноста скроз е на негова страна..што некако не ми е логично..и воопшто да не е виновен што баш и не верувам треба повеќе да се посочи внимание на неговите зависности и лечење а не целосно да се увеличува и толку важен момент да се занемарува. Инаку..Амбер уште пред многу години го снимала Џони при кавги па најверојатно долго време се припремала за судење.
Нема да заземам страна АМА зошто бе Амбер толку лаже и се брука ... - Кажа дека се дружела многу со децата на Деп, а Деп сам кажа дека неговите деца не сакале ни да ја видат. - Кога Деп наводи ја натепал морала да ги покрие модриците со таму не знам каква контура и пудра, ама брендот се огласи дека тие се произведени во скоро време и не е возможно да ги покривала модриците со истите. - Амбер тврди дека го нема удрено Деп бидејќи многу го сакала а се појавила аудио снимките кадешто вели "Оди кажи му дека ти удрив мислиш ли дека некој ќе ти верува" (демек оти е маж). + Вчера се објавија снимките кадешто оваа шмрка во судот од салфетката нешто, па да почне да плаче. Некој овде треба да се лечи, и не го кажувам ова со потсмев туку сериозно.
Она цинично смеење на Џони се покажува освен дека е релаксиран и опуштен. Таквото смеење најчесто покажува дека личноста е исплашена и со таквото смеење се обидува да го прикрие својот страв. Таквото однесување веќе не пали ни пред судија ни пред адвокат такво нешто успеало порано пред психологијата да навлезе во правото. Само едно ме чуди Амбер од каде ги собрала адвокатите од улица да ги собереше ќе имаа некаков квалитет жив очај се. Без разлика дали е во право или не со онај очај од адвокати сигурно губи, за разлика од адвокатите на Џони вистински професионалци кои си ја знаат својата работа.
Не зезај. На онакви смешни изјави, прашања, дткања и хиарсеј од адвокатите, па не можеш да не се смееш