Е тоа е тоа. Човек што сака да тепа жени не крши кујна со трескање по шкафови, туку зема за коса жената и со неа ја крши кујната.
Не е тоа поентата на судењето. Изгледа не го пратиш целосно а јас сега не можам да ти раскажувам 22 дена судење..
Можеби само се воздржува да не ја претепа. А го има тој нагон во себе. Ама за да имаш нагон во себе да кршиш тепаш и уништуваш треба да има нешто насилно во тебе. Насилството има многу форми.
Она сама му вели: "Ајде Џони, излези на суд и кажи дека јас Џони Деп, маж, сум жртва на насилство. Нема тој суд што ќе ти поверува". Е па ете.. Сама си заби автогол.
Денешниов ден баш го гледав цел од почеток до крај затоа што немав што друго да правам, и баш беше во полза на Амбер Херд. Џони Деп призна дека една од сликите што неговиот тим ја пратил како доказ е фотошопирана и докажаа дека се обидел да ја тргне Амбер Херд од Аквамен. Тоа со Кејт Мос не беше big deal затоа што Амбер Херд и самата рече дека тоа е гласина, нејзиното сведочење беше 3 минути и адвокатите исто го сметаа за небитно затоа што не и правеа cross examination на Кејт Мос. Не е лажење ако Амбер Херд и самата го претстави како нешто што слушнала. За последното сведочење дека Амбер ја удрила бивша и девојка на аеродром има counter claim од тимот на Амбер Херд, изгледа ќе ја доведат бивша и девојка да сведочи што точно се случило (ама не сум сигурна). П.С. Џони Деп не знаеше да зуѕне денес на столот, кога покажаа една порака каде што тој рече дека сакал да силува некоја Моли, рече дека му го украле телефонот и ја пратиле таа порака...
Тој дел го знам. Стои дека Џони е жртва на насилство. И дека Амбер глуми. Ама не можам да кажам дека Џони е светец. Со судењево доби многу симпатии кај публиката.
@Srckata28 не и правеа cross examination зошто што и да прашаат знаат дека ќе е во негова полза. Затоа се радуваше тимот на Џони што Амбер ја спомна ко сведочеше.
И тоа во договор со адвокатите на Амбер. Сестра и ја гледате каква е во фацата? Двете се тешки психи.
Па и тоа. Ама ако испадне пример, некоја персона во претходните судења да кажувала едно, а во ова друго се смета како нерелевантна и нејзиното сведочење нема да е земено во предвид. @Srckata28 дали сакаш да кажеш дека сите докази кои укажуваат дека Амбер е насилникот се лажирани и изван контекст, а сите на Џони се вистинити?
А такви имаше неколку. Адвокаткава Камила ги раскринка сите. Алал да им е на адвокативе на Џони. А онаа бабана Елејн ако уште еднаш спомне дека докторкана јадела кај Џони Деп.. Уффф мислам дека се каат што ја застапуваат.
Не гледам докази дека она е насилникот, јас гледам докази дека Џони е насилникот и докази каде она се брани, што и самата го има признаено дека фрлала ствари накај него и слични работи. Ама дека она го тепала из чистог мира? Не. За сите видеа, слики, аргументи против неа имам видено поткрепени информации кои ги објаснуваат тие првични докази и како се манипулирани. Кога и вие ќе ги разгледате сите тие информации ве молам јавете ми да дискутираме. Јас ја поддржувам Амбер.
Денес адвокатите на Амбер Херд растурија на судот, секоја им чест. И за разлика од Камила се понашаа професионално.
Видете го кловнов бе https://vm.tiktok.com/ZMLESw23h/?k=1 @Srckata28 ај да не ти кршам филм, ама форензичарот за data потврди дека Амебава ги фотошопирала сликите.. Сории не си слушала изгледа убаво..
Не мора толку бурно. Сепак не сум адвокат ни пак судија. Знам дека ти изгледа дека си на правата страна, ја не би била so sure како тебе ама ти си знаш Океј сепак, тоа што ме интересираше го прочитав. Тенкс
Дали си сериозна? Ако го гледаше сведочењето ќе сфатеше дека форензичарот ништо паметно не кажа. Прво, има завршено факултет за Политички Науки, ништо поврзано со ИТ. Второ, тој само докажа дека сликите од Амбер ги има во различни величини на фајл, што не може да се докаже ни дека се едитирани, ни ништо. Може едноставно да е различен квалитетот. Баш потрошија време на него, и плус се контраат затоа што прво рекоа дека Амбер Херд ги црта со шминка модриците, сега ги фотошопира. Јас сум убедена дека ти немаш жичка за логично размислување, затоа што навистина, ако не за другите сведоци, за овој треба да си свесна дека ништо не кажа што држи вода или што му служи на Џони Деп.