@Srckata28 Абе ти да не си адвокатката на Амбер па толку ја браниш? Како бе не беше голема работа ова со Кејт? Се читаш шо збориш? Значи се што ќе кажат адвокатите на Амбер е вистина ама не и на Џони? Каков аргумент.
Тешко ако бевте вие судии ќе заземате страна заради некој што ви е симпатичен а не сте ги ни погледнале доказите
Чекај бре, адвокатите на Џони и нивните докази не се релевантни? Сведочењето на Кејт не е? Не викам дека Џони е светец, ама фактот дека Амбер е психопат ништо не го менува. И не сум некој фан на Џони, ама Амбер колку лажеше, страшно. Не памети веќе шо кажала.
@Srckata28 до вчера не знаеше како функиционира бирање на порота во САД сега се расфрлаш експерт за адвокати? Ајде полека. Биди си ти уверена дека Амебава е гревче, тоа си е твое. Ама не се мешај онаму кај што не си вична.
@Srckata28 дај објави слики каде што Амбер има видливи повреди, слични како тие од Ријана, да се гледа оток и слично. Кога сведочеше тоа го чекав цело време за да преминам на нејзина страна. Вчера како се смешкаше кога сведочеше Џони...
А бе вика дека и брцал флаша у вагина, ама не гледала потреба да оди на лекар.. Аман бре? Сите нејзини експерти беа буквално кловнови, кои беа раскринкани дека носеле заклучоци на рекла казала. Оној вика кажано ми беше дека е тоа повраќано, а всушност е сладолед. Ортопедон кажува како му бил отсечен прстот врз бааа на недоволни докази, сам кажа дека дека сликите не ги видел. Психијатарката сама кажа дека не може да тврди дека Амбер не го малтретирала Деп. Многу работи им побија тимот на Деп. Да не зборуваме што верзијата на скалите на Амбер е дијаметрално различна од онаа на сестра и. И на крај третата Џенифер кажа дека никогаш не и било кажано дека Џони ја тепал Амбер. дали жртва на нсилство кога седи пред оној кој ја малтретирал седи мирна и се смее? https://twitter.com/i/status/1529497212304203776 дали жртва на насилство може директно во очи да го гледа оној кој ја малтертирал? дали некој кој е насилен, кој тепа жени ги собира нејзините сестра, пријатели да живеат на истиот спрат со неа? Насилниците ги изолираат своите жрви, не дозволуваат да има некој доказ дека се насилници, не им даваат да припарат до нив..
Како и го спушти и нејзе Исто и со ова за Б категорија на глумци. Б к а т е г о р и ј а. Џони нема време да прдне, ќе седел и ќе фотошопирал слики. Сведочењето на Кејт Мос беше она што беше потребно. Ама според експертиве, не е големо чудо.
И Кејт Мос ли сведочеше? Настрана се, фацкиве што ги прави Амбер ми се смешни ептен. Поготово кога демек ноншалантно гледа со веѓите кренати.
А Џони што се цело време смешка? Еве ги тие двојни стандарди. Вчера Амбер изгледаше баш самоуверено за разлика од другите денови и ми се допаѓаше.
па кога Амебава се повика на тоа дека Деп ја бутнал Кејт Мос по скали и она се повредила во грбот. И кога она ја спомна овие се израдуваа дека со тоа ќе може да ја викнат да сведочи дека такво нешто не се случило. Џони не се смешка самобендисано, како оваа. Малку психологија да прочиташ што е смеење од нервоза и нелагоднсот а што е потсмевање. Зашто мислиш дека е цело време наведнат да си црта? Мислиш лесно му е да слуша глупости што не се случиле? Оној кој тепа жени нема гајле да седи исправен, да те гледа во очи и да лаже.
Да, сега отворив да јутјуб да видам што рекла. Ништо ново реално, ама досега не знаев дека Кејт била бритиш.
Како бе не знаете дека Кејт е бритиш? Ама па вие сте помлади може затоа. Ние рстевме со овие звезди, фала богу на тоа наместо сегашниве реалити курвичиња.
Знам дека била модел во 90ти, она го држела она хероин шик статусот. И вака општо знам која е, ама немав поима од каде е, мислев дека е американка, ме зачуди со акцентот.
Не ми е јасно зошто Џони му има пишано на лекарот дека сам го повредил прстот, а бил транспарентен со него. Сигурно има објаснување за ова, но го имам пропуштено.
А тоа што добила напади на психоза и сакала да излезе од авион во летање кога овој и спомнал за предбрачен договор?