Го следам понекогаш ова судење, оваа салам забегана, шо стори лажење, не дека џони е цвеќе за мирисање ама ова пу пу..
На 25-ти јули, 2022 година, Џони Деп повторно на судење. Во 2018 Грег Роки Брукс (Gregg Rocky Brooks) го тужел Џони Деп за лична повреда која се случила за време на снимањето на City of Lies. Грег бил дел од тимот на сетот за филмот, вели дека Џони Деп му се раздрал и го удрил во ребрата 2 пати. Судењето ќе се случи на датумот погоре, во Лос Анџелес. Џони Деп пошто нема работа, оди на судења во слободно време очигледно. Да споменам пак дека во Лондон ги тужел The Sun затоа што го нарекле wifebeater во артикл. Во тоа судење биле докажани и признаени како вистинити 12 од 14 случки на семејно насилство спрема Амбер Херд и според тоа, Џони Деп изгубил.
Драко Малфој од Хари Потер Интересно, сведочењето на Мос не е биг дил ама она погоре од членката е биг. Леле, подмочнав. Човекот кажа се шо треба и то е то. Џони не е светец, ама оваа... Психопат.
Зашто не сакаш да ми вратиш со докази кои можеби сум ги пропуштила за следниве случувања? Гледам активна си во темава, те цитирав пред некој ден:
1. Мене ми сосема прикладно и реално изгледаат модриците на сликите, не знам за кои точно изјави збориш, мене што ми текнува во моментот што сум гледала, на пример кога и фрлил телефон и има слика од изгребано од телефон, прикладно ми изгледа и за други изјави дека ја удрил. Модрица е модрица, ако преовеличува не значи дека ништо не се случило. 2. Има многу случаи каде жртвите не одат на доктор после силување или тепање, со психопат како Деп, којзнае зошто не отишла. Приказната е премногу детална за да биде лажна. 3. Ми треба доказ за ова, дека била на црвен тепих утредента. 4. Тоа било на почетокот на нивната врска и сигурна сум дека кога му го подарила, го ставиле покрај другите ножеви кои ги имале во кујна. Господе Боже, ако сакал да ја убие со нож, сигурна сум немал да чека подарок. 5. Ама... истото може да се каже и за Деп. И тој здраво плаќа рандом стручњаци да ја дијагнозираат Амбер после едно видување. Те цитирав за да одговорам од почит, а инаку (ова не е за тебе) стварно има психопати во темава, Џони Деп 15 пати да е суден од 15 различни особи, пак нема да се верува дека он е тешкиот насилник, или ако ви е полесно да верувате ПОтешкиот насилник, нема више поента да ставам докази тука. (Ова е и за тебе) Треба да си стварно одвратна особа од внатре за да мислиш дека некоја си жена, 20 години помлада, макар и најхистерична, најтоксична, најоткачена е поголем проблем од маж и кој е наркоман, алкохоличар и докажано насилник и упорно да убедуваш дека она е полоша, поопасна.
@Srckata28 уште не одговори за модринките на Елон Маск. Друго ќе те прашам... Тоа е Америка, не е Македонијa, па да не биде заштитена. Таму има закон. Судењево е меѓу Амбер и Џони, не за минатите судења чоек. Не знаеш веќе што да кажеш. Потруди се да најдеш слики од црвениот тепих како шо успеа да најдеш и за судењата минати и идни за Џони. На судењето имаше околу тоа. И уште нешто. Моментално сведочи пак Амбер, до пред некое време му се смееше у фаца, сега нагло промена на расположение. Типичен пример на биполарно растројство. ЖРТВА, НИКОГАШ НЕМА ДА МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕ НАСИЛНИКОТ ВО ОЧИ. ВО АМЕРИКА СЕ, ИМА ТАМУ ЗАКОНИ. ОВАА АМЕБАВА ИЛЈАДА ПАТИ БЕШЕ ФАТЕНА У ЛАГА ШО И НА АДВОКАТИТЕ ИМ Е НЕЗГОДНО.
Ок. Болдираното ми покажува дека сепак не си видела (или си била заинтересирана да ги видиш) доказите кои беа прикажани во судењето. Нема да ги одговарам со истата или слична навреда затоа што мислам дека сфаќаш колку незрело звучиш.. И тоа се докажува според овој твој став, неискусна си и не си била во длабок контакт со личност која личи безопасна. Не би рекла дека посакувам да бидеш некогаш, но реалноста би те изненадила. Ќе се научиш да не се расфрлаш со такви рандом навреди, нешто што е корисно да се знае, но очигледно не се научило со време..
Сликата е направена ден кога поднела барањенза развод. Сликава е направена ден по барање на развод. Се прашувам каде е модринката, ваму воопшто нема шминка а како за жртва на насилство е многу весела.
Како па да не. Нема правилник како една жртва треба да се однесува. Џони Деп сигурно не и се плаши на Амбер за да не ја погледне во очи. Мене, кога ве осудувам вас, не ми е гајле за Амбер Херд. Да, јас неа ја подржувам, ама тоа е секундарно. И кога постирам тука докази, повеќе ми е да укажам дека Џони Деп манипулира со доказите, дека е гад од човек, затоа спомнувам и минати судења, и не можеш да ги исклучиш од сликата. Има нормални луѓе во темава што си имаат свои мислења за Амбер и не би кажала ништо за тоа, ама и они се свесни дека тоа како се она исмејува и напаѓа не е океј и сфаќаат каков е Џони Деп. Пак да ти кажам:
@Srckata28 одговори ми за сликите шо ги поставив над тебе. Гледај моментално како ја откри Камил. И недај боже да си жртва на насилство, не дај боже.
Јас појма немав дека има луѓе што камерата не ги покажува, кога стануваат мислев дека гледаат накај сонцето, и чудно ми беше.
Значи вака. Утре ќе има завршни зборови. После тоа поротата се повлекува, и носи одлука. Судијката рече дека може да дојдат во вторник на суд, за да дадат пресуда ако сакаат но не се врзани со време кога да до есат одлука, сепак да биде разумен рок. Овој викенд е Memorial Day weekend, ден кога се оддава почит на војниците кои загинале во војна. Така да или ќе има експресна одлука, или ќе чекаме следна недела. Амбер денеска пукаше по шавови зашто е свесна дека светот виде и другата страна. Што не изнакажа, дека е Џони моќен, дека лажеле сите во изјавите па отидена е скроз.