Да. Не знам дали имаш читано за судењето на О.Џ.Симпсон. Поради огромен притисок од јавноста, цело jury беа затворени во хотел 3 месеци за да нема никакво влијание врз нивната одлука.
Фала ти. Јас овде пишав мое мислење искрено сум на страната на Џони. + многу ми е мило што ова стана хит да се дигне свеста за насилството врз мажите. поради обврски не го гледав ама сега денес цел ден следам, се згазив од смеа. Не знам дали овој ја лечел Амбер или она него, или двајцата лечени од некој трет.. иначе колку дена трае судењето? Уште колку има?
Кога ќе има финална одлука? не ми е јасно зошто не ги стават на детектор за лаги? Некаде читав дека ако Амбер била толку многу претепувана, зошто нема record во болница или кај доктор некој...
Ау, што се' тука се напишало. Не се замарав да го следам судењево, онака од случајни видеа и објави си донесов заклучок. На ничија страна не сум. Верувам дека и двајцата имаат своја вина и имале свои испади. Ама оваа Амбер, не знам како може некој толку слепо да и' верува, па се гледа какви лажни изрази на лице прави, каква лоша глума. Неповрзани и бесмислени изјави башка. Ова ќе заврши во корист на Деп, така мислам. И Мос си го кажа своето.