Ама ја растури овде. Ја растури. Одвај се исконтролира да не скокне од што е цела насилна, мислам дека да можеше ќе ја искорнеше адвокатката за коса, т.е ќе покажеше каква е вистина. Судењево и беше најдобра улога во која беше влезена. Можам да ја замислам како урлала кога влегла во кола... Видете го овај дел.. Тука пука веќе по шавови. https://vm.tiktok.com/ZMLEs2V6G/?k=1 Поентата на судењето беше да докаже дека не го напишала Оп едот за Џони она гуска на крај сама призна!!! https://www.reddit.com/r/JusticeFor...bout/?utm_medium=android_app&utm_source=share
Јас преминав од неутралност до 100% сакам Амбер да победи. Зошто? Ми се згади од цела про-Џони пропаганда, и сите тик-ток видеа и мемиња за Амбер, дегутантно е да се прави хумор на оваа тема, а тоа доаѓа од огромната фан база на Џони. Господинот го чека уште едно судење неповрзано со Амбер, за напад на crew member, ама нели, нема таму инволвирано жена за целиот хејт да се насочи спрема неа и затоа не се збори за тоа. Ама ете, замислете Џони бил насилен и со други * surprised Pikachu *. Одвратна е целава мизогинистичка пропаганда. Амбер се насмеала - 1000 твитови дека е психо чим се смее, а Џони се смее буквално цело судење. Дупли стандарди, како и секогаш. И да, Камила се однесува како недорасната тинејџерка, посебно на последново испрашување, нула професионалност. Ужасна и она и господинот Деп.
Не знам како не сфаќате дека не треба личност да победи затоа што е одреден пол/има помалку години или затоа што интернетот е против нив, па ајде ние да бидеме уникатни ќе ги поддржуваме. Доказите се битни, ништо повеќе и ништо помалку. Аудио снимките... чиста језа ќе те фати.
Да, ме фати језа од пораките од Џони, да ја запали па да и го силува трупот. Или како што рече он некој му го позајмил телефонот.
А, зошто не реагирате на фактот кој и јас го спомнав, дека Џони Деп е насилен и со други и ќе оди на СУД, овојпат не за дефамација туку за НАСИЛСТВО. Зошто немате реакција на неговите пораки, како се изразува, каде е преочигледно дека е агресивен тип кој буквално, плука по жени? Зошто браните таков човек, зошто?
На толку лаги кажани од неа, сакаат да победи. Толку имаат памет. А оти ти не реагираш за она шо те прашав за Елон Маск или не ти одговара? Или за лагата кажана за Кејт Мос или ноу биг дил?
Не го гледам судењето, но од она што го прочитав и видов како исечоци од снимки ми се згади од двајцата. Мислам дека по ова, ни едниот, ни другиот не треба да продолжат со актерската кариера. Очигледно е дака направиле доволно пари а парите им удриле во глава.
Оти Џони е 100% бебе, срцка, невина душичка. А, Амбер е 100% Сатаната. И тука веќе се губи објективноста и двојните стандарди во полн ефект. И двајцата се за лечење. А, со ова што го гледаат Џони како светец покажува колку сме само лесно манипулирани под дејство на мас медиумите. И Амбер да е стварно лажга, нарцис и шта год треба да оди во болница, а не да и се посакува смрт. Исто и во мејловите на Џони, кога ја вреѓа до макс и коментари "епа бесен е бил, разбирливо е". Yeah, no...
И јас читав за можните outcomes и некако мислам дека никој ништо нема да добие. Првин мислев дека се ќе е во полза на Амбер, доказите беа (и оние за насилство се) на нејзина страна, ама тој сведок што го донесоа од TMZ беше единствениот релевантен за случајот на дефамација. Ама не знам како ќе рачунаат, ако одлучат дека Амбер не лаже за насилството, дали ќе е дефамација. Јас сум за Амбер да си земе 100 милиони долари (или помалце) и да си ужива во животот подалеку од Џони. Girl, I've been trying to tell you. Тоа ми е единствената поента.
А знаеш што е дефамација? Поентата не целото судење не е криминално за злоупотреба и насилство туку е граѓански процес. Бидејки она го напишала натписот за тоа дека преѓивеала домаѓно насилиство и малку требаше да се види дека е тоа за Деп напишано иако не беше спомнат. Он губи договори за Пиратите, го стваат на цена листа по дефолт без право да каже негова страна. Она цело време тврди дека тој ОП ЕД не е за него. За вчера сама да признае дека намерно го пуштила Оп ед, дека она го пратила едитирано видеото до ТМЗ, дека јавила каде ќе биде, од која страна да ја снимаат.. А во договорот за развод било да се разведат мирно и никој од тоа да не земе пари, и наводо да ги донира 7 те милиони, што она тоа не го направила!! Донација може да напраиш во рок од 24 часа. значи сама се побива во она што го кажа. 1. Свесно сакала да го уништи 2. Лажела за парите 3. Лажела за многу работи 4. Го искористила #metoo движењето подло за да има поголема популарност и внимание. Она е социопат! Тоа е цела приказна тука.
Дали само мене ми е интересно да ги гледам судењава во живо или има и други блесави како мене? И едукативно ми е и интересно ми е, и забавно и смешно на моменти. Како да гледам филмче за криминал, судење, адвокати и сл, ама во живо... Мислев дека судењата на филмовите не се како што им се во реалноста, и дека се драматизирани, ама испаѓа дека такви биле и во реалноста.. Objection your honor! Hearsay! Sustained!
Па и најпаметно. Дел од цент не треба ни тој ни таа да добијат. Не можам да се начудам како ЦЕЛИОТ јавен фокус, не само за случајов туку генерално е свртен кон вакви психози од луѓе како овие двајца, и како дојдовме како човештво на тоа ниво да вакви обични наркомани како Џони и Амбер да ги освојуваат симпатиите на луѓето и да имаат милијарди на сметка, додека во исто време работата во наука и академија е една од најмалку платените работи во светот како за споредба. Потфрливме како човештво, толку ќе кажам.
Фактот е дека и двајцата не се светци. Колку што е виновна Амбер толку е и Џони, толку. Само не знам, како можете уште да ја браните? Па не знам во колку лаги е фатена, баш и вчера. Мос не била релевантна, оној бил. Шо вие уствари знаете за судење? Ништо, така? Тоа и си мислев.
Окс, сега точно прочитав, дефамација значи да изнесуваш стриктно лажни информации за некого за да уништиш репутација. Па тоооп, значи во полза на Амбер. Не го гледам судењево како филм, ама едукативно навистина ми се допаѓа, сега ја научив логиката кога судиката ќе overrule или sustain.