Прочитај го мојот одговор погоре. И ќе видиш за што станува збор. За тепањето она ниту еднаш е побарала лекарска помош!! Крај, доказ нема. Слики може кој колку сака да прави. Видеото од полицијата кога доаѓа во станот е дека нема ништо скршено, нема никакв значи на насилство, повикот на 911 е толку смислен и пресметан. Многу работи ја побија.
Не би ги етикетирала ни едниот ни другиот, секој може да се навлече на нешто и секој може да добие психичко растројство. Ама би рекла дека си во право дека славните личности кои ги глорифицираме се обични луѓе со проблеми како и другите и мислам дека сме во цивилизациска фаза кога почнуваме да гледаме малку пообјективно на работите и почнуваме да преиспитуваме некои работи. Се чудев на крајот на 90-те на филмовите со SF теми во кои човештвото беше заглавено колективно во виртуелна реалност и само гледаа на екрани преноси во живо и праќаа емотикони. Епа еве сме баш таму, баш такви, 2-30 години подоцна..жално ми е дека стана реалност. Да следиме ама да останеме приземјени би било добро.
Сретно му било. Мене ме чуди вчера амебава како можеше да каже дека не ги познава луѓето кои сведочеа за Џони. Мене тоа не ми е јасно. Ало жено готово, те прочитаа. До судењево и верував дека ја тепал и ја мавал ама сега.. Во неа гледам социопат, дијаболична личност и оштетена психа. https://www.reddit.com/r/JusticeFor...d_it_live_and_still_missed_this_this_is_gold/
Неам почит за зависници кои не сакаат да се лечат сори. И ќе ги етикетирам. Мислам, гајле ми е за нивниот живот, свена одлука е, ама обично скоро секогаш влечат други луѓе надолу со нив, семејства, пријатели, блиски. растројства се друго веќе, тоа не го коментирам. Се согласувам. Да се разбереме, јас исклучително почитувам добри актери и секад знам да искоментирам во филмови дека некој е предобар актер, само што не можам да разберам како луѓево толку се приврзуваат до степен да не се објективни како и во случајов. Во смисла, јасно ни е на сите какви профили на луѓе има во Холивуд и како функционира таа индустрија. И ве молам поштедете ме од тоа дека сте загрижени за вистинските жртви на насилство, пошто не верувам. За сите кои ова го следат ова е само уште едно шоу после кое ќе си ги продолжат животите без ни да се сеќаваат што гледале. Ако нешто направи овој случај за вистинските жртви на насилство овој случај, тоа е само одмогнување. Овој тврди дека е фин префин, жената го тепала, оваа драми плаче се понаша како ниедна жртва на насилство што не се понаша. Не знам како им веруваат луѓе. Се на се 10 минути дали имам изгледано од што ми излагаат секаде, и сфатив дека се работи за такво едно фијаско, да не можам да опишам.
Не го бранам него не ми е род ни родбина ама гускава се поби сама себе. Сфаќаш? Никој не ја сфаќа сериозно. Не можеш туку така да обвиниш некој за насилство без да си покриена добро со докази, со медицински белешки, со полиција како сведок дека те однеле во болница. Тоа не.
Не реплицирав дирктно на тебе, не знам ни што си пишувала и искрено од време на време само ја читам темава. Ама стојам на мислењето дека двајцата се тотално фејк.
И сестра и кажа друга приказна за Кејт Мос. Уште кога и блиските ја побиваат ќе знаеш дека не е нешто у ред. Туку се чудам, кај и се бившите на Амбер да сведочат за неа? Елон, онаа девојката и сл? Ко да и го свртија грбот.
Абе види, ич не сакам да се повторувам, двајцата се токсични. И он и она. Ама да се бламираш пред цел свет, веќе и на нејзиниот тим му е незгодно да ја испрашува. Најубаво е никој да не победи. Фифти фифти, јер и двајцата не се невини.
Да. Наркоман е тежок. А знаете кој го научи да шмука? Амбер и сестра и. Признаа. Очигледно или не сте ги гледале видеата или се правите на тошо затоа што е жена.
Дај не зезај за ова. Тие не се бидени родени кога тој има шмркано. Но да, сестра и го учела некој нов метод за шмркање, со пластика од тампон.
Е ама не сте сериозни дека тоа што не побарала медицинска помош е некаков показател? 9 од 10 жртви на семејно насилство не само што нема да побараат помош, туку и ќе облекуваат долги ракави во среде лето за да скријат модринки за да не дознаат други луѓе, а доколку некој забележи ќе го бранат насилникот така што "се удреле во врата" и слично.
Да ти збрца шише во вагина нема да отидеш на лекар?? Бар она има пристап до приватни лекари дома да и дојдат да ја прегледаат. Знаете што е малтретирање? Тина Тарнер кога цела со модрици и без пари истрчала во Хотел да се спаси од мажот и насилник.
Да. Тоа. Тоа не ви кажува нешто? Мислам, константно плукате дека е наркоман ама она и сестра и се шампиони во тоа. "Ретко кога бев трезна" - сестра и..
Аха, и се што е помалце од тоа не спаѓа во малтретирање? Баш поради ова жени не пријавуваат и не бараат помош - "ќути има и полошо".