До сега колку што следам има потврдени докази само дека Амбер го малтретирала физички него. Откинатиот прст, позивот кај што му вели никој нема да ти верува дека си малтретиран зошто си маж , докази дека го изневерувала и плус сведочења за нејзината психичка состојба од професионалци. Жената е на столчето за сослушување, плаче и прави поза за сликање. Плус не и се совпаѓаат исказите, доказите им се слаби, нејзиниот сопствен психолог доведен како сведок изјави дека Џони е психички и физички малтретиран во односот. А Џони се смее на адвокатите, онаков циркус од адвокатски тим не знам како успеала да најде.
Јас сум тим ЏОНИ! Спремни адвокати,слаби докази оддругата страна,глума невидена од страна на жртвата во постапкава....тим ЏОНИ
Леле цела тема за банален американски судски спор. Као демек којзнае колку е заплеткано и тешко за докажување, па замараат цела јавност со нив. Малку пари имаат па уште сакаат. Оваа сака да и плати зашто наводно ја тепал а тој сака она да му плати зашто наводно он не ја тепал и психички бил малтретиран. Абе една мотика за двајцата.
Јас па искрено мислам требаше да се случи нешто вакво за да се подигне свеста дека и мажите можат да бидат жртва (во овој случај не е докажано, но добро е што воопшто се зборува за тоа).
И јас сум тим ЏОНИ. Џони брату дрШ се, ќе победиме! Ајде сега да го опрајме и овај спор, кога веќе се друго опрајвме
Јас па мислам дека не е никој жртва тука, се е за ќар. Ама се чудам народов со какви глупости се замара. Да си го оптеретува мозокот дали некој небитен за неговиот живот ќе добиел спор и кој од холивудски пар е тепан од партнерот.
Мене ми изгледа дека и двајцата се насилници, толку имам да кажам. Повеќе не ме интересира. Фактот што споров го претставија како некое ријалити шоу и луѓето така го третираат ми е малку бизарно.
За какви се не глупости има теми, па не за ова. Само што мене некако ми е глупо што решиле пред цел свет да си го вадат прљавиот веш место да се реши на нормален начин. Стварно е како keeping up with the Kardashians
Кај нас секоја втора е исќофтана од мажот, малтретирана од маж, свекрва, свекор, девер, золва.... плус дома им велат седи таму ко си се мажеше, трпи, комшите шо ќе речат..... и по некој маж исќофтан, не велам не... сакам да речам држава сме кај што семејното насилство сеуште е норма...... битно - ние тука јееееееееееееееееееее, ај ем тим Џони/Амбер. Овие ќе се разберат, ќе се истужат, имаат милиони, тоа е.... овие страдниве тука пак ќе си останат - аааа, снајчево не е тепано затоа онака ќе ми скока... синко прибери си ја, биди маж, шо ќе речат луѓето снаата да презбора.
Судењево стана риалити шоу. Јас да бев судијата, ќе забранев новинари во судницата. Ама се' за пари... се' за пари...
Па ајде ако не за ништо да не зборуваме, шо ќе ни се странски информации? Нема потреба да знаеме што се дешава во светов, ниту да коментираме зошто комшијата и жена му се тепаат, треба на нив да им се секираме само.
Дозволено е од страна на тужителот, т.е Џони Деп, зошто се работи за defamation trial. Со една изјава му ја уништи цела кариера, него како личност, и неговите деца. Сега како што оди до сега, како и да е исходот на крајот, си ја врати репутацијата барем во јавноста. Таа не го тужи него за семејно насилство.
А шо мора народот да има преглед во судењето? Нека заврши, па ќе дознаеме која е пресудата. Триста проблеми има судскиот процес кога некој случај е есктра популаризиран. Порота не можат да одберат.
Зошто има таква можност. Него со судењето му е целта да си го исчисти името и личноста од нејзините оптужби од пред неколку години и како ако не е јавно. Какви работи се изнесени во суд што ги има претрпено од неа, ама бидејќи како што вели таа- мажот не може да е жртва и само го удирала, не тепала, треба да се замиже пред таквото насилство и да не е јавно. Ем крив, ем жртва на секакво насилство.
Тој си се сам себе уништи со тоа што ја тепал и што бил насилен алкохоличар и што збори одвратни работи за жени. А во изјавата за која ја тужи, таа го нема ни спомнато неговото име туку општо збори за сексуално насилство врз жени, па ти види каков идиот е.
Не е докажано дека ја тепал. Сите докази се дека таа го тепала него, како и повици што се снимени. Ова не ти личи дека трпел семејно насилство: “tell the world Johnny, tell them… I Johnny Depp, a man, I’m a victim too of domestic violence… and see how many people believe or side with you.”
Значи, постирав линк пред некоја страница со побивање на сите докази кои се стриктно против Амбер. А секој со грам мозок што ги има видено пораките на Џони Деп кај што збори како сака да ја удави Амбер во базен, да и го запали телото и после да го силува телото, знае дека нормален човек не збори така. Сам си го исекол прстот како што има и он кажано, сите слики со модрици се со некои ефекти и датумите не се поклопуваат. Да, очигледно нивната врска била токсична, ама сето тоа започнало од Џони Деп и верувам дека едноставно почнала и таа да се брани со токсичност. Не може тој како алкохоличар и зависник, за кое и самиот признава, да се понашал мирно, ненасилно кога се и двајцата карале, а за тоа има видеа.
Не бе, не викам да не пратиме, да не збораме. Друг ми беше муабетот.... колку обичниот народ страда, и дури и како нормална појава е домашното насилство, за жал... ама кога се селебрити, сосема друг муабет. Истиот маж што си ја тепа жената кај нас, ќе навива пример за Амбер или Џони, ќе фаќа страни... а дома нормално ќе му е да летаат шамари. Тоа сакав да кажам.