Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Судењето на Џони Деп и Амбер Херд

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Caramell, 11 мај 2022.

  1. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.435
    Пол:
    Женски
    @Srckata28 уште ќутиш за тоа дека типкава буквално ја фатија во лаги и дојде без доказ за силување, и не одела на доктор за наводното брцање со шише у вагина.
    Јас уште чекам одговор за тоа.
    И те молам, не се вади со тоа, срам и е, ќе и се смеат, не сме во Кривогаштани.
    Америка е тоа, има закон.
    Жртвите се заштитени, Амбер има пари да отиде кај доктор за фул преглед.

    Тука никој не кажа дека Џони е светец, барем јас не сум кажала така.
    Ако е виновен, нека одговара, не е светец, користи наркотици и алкохол, кој во Холивуд не го прави тоа?
    Барем си призна.

    Друга работа, на суд одиш со докази, поткрепени докази, нејзе и адвокатите веќе не и веруваат, лаже за донираните пари, лаже за шминката која ја има користено да ги покрие "модринките".
    Излажа за Кејт Мос, па дури и сестра и кажа друга приказна.
    Додека не сведочи се смешка до адвокатите, кога сведочи чиниш на колење ја носат.
    Зошто не го коментираш тоа?
    Што си се расфрлала со слики?
    Џони е насилник еве рецимо, ама и оваа не е за шалење.
     
    На Maryland1087 и Dentina им се допаѓа ова.
  2. Elenpelen

    Elenpelen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    949
    Пол:
    Женски
    Типкава ја сфативме сите каква е. Ама сето ова што, у 21ви век оди ЈАВНО, е катастрофа! Ама он бил увреден, губел улоги, жити се, па можеше еве да се докаже дека само она е лошата, го мести, нека си се докажат таму зад затворени врати и фино ќе излезеше веста во светот дек Џони бил наместен, ќе се раширеше ко ветре и така. А вака ко да гледам гладијатотска борба, одвратно, потребата да се разобличи женскава до максимум и цел свет да и' се смее, па пониско не може да биде!
    (Немам страна, гнси се и двајцава, ама јавното каменување на женава е дно!)
     
    На Dancewere и MandyLane им се допаѓа ова.
  3. Leucadia

    Leucadia Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    520
    Според анкетата од популацијата на луѓето општо направена над 80% мислат дека Амбер лажи, над 85% се изјасниле дека нема да го гледаат пиратите на карибите ако Џони не учествува, над 85% нема да го гледаат аквамен ако Амбер глуми во истиот.:)
     
    На Maryland1087 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.435
    Пол:
    Женски
    Идејата за јавно судење била на Судијката Пени. :)
    Не на Џони.
    Имаше поназад одговор за тоа. :)
     
    На Maryland1087 и Elenpelen им се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.484
    Допаѓања:
    127.292
    Пол:
    Женски
    И вие што ја браните Амбер не сте подобри од тие што го бранат Џони.Исти сте.
    Човек не се брани поради полот, туку врз основа на докази и факти.Во случајов, и двете се дел побиени, дел лабави.
     
    На Amellie13, raww и bicycle им се допаѓа ова.
  6. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.837
    Допаѓања:
    23.532
    Пол:
    Женски
    100% од продуцентите на Пиратите не ни сакале да го вработат Џони Деп во новите делови, независно од случките со Амбер, туку поради неговата неодговорност за време на снимање. :D
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Leucadia

    Leucadia Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    520
    Да, цело време бил или издрогиран или пијан за време на снимањето, буквално и сцените каде е пијан тој вистина е пијан :D Дизни кажаа дека нема да глуми повеќе, но луѓето друго сакаат.
     
  8. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.238
    Малку е психолошко прашањето. Ако мажот е физички насилен према тебе и тоа го трпиш со години, дали прво ќе ти текне на памет да влеташ во прегратка не само кај еден туку повеќе мажи. Зарем нема траума да имаш од машката рака и постоење извесен период? Не знам, размислувам гласно.
    Познавајќи се себе, да доживеам она што таа вели дека го проживеала, долго време ќе седев сама и исплашена од целокупниот машки род. Ќе немав доверба во никој. Уште помалку да ми текнува на секс, ако некој реши со шише да пенетрира во мене.
    Речениците што ги има искажано Деп се психопатски. Во најдобар случај, човекот треба да си полежи на психијатрија некое време. Но и не знаеме вон видео и аудио записите како на нив целосно им изгледала една кавга. Нормално дека Амбер кога сака нешто да приложи како доказ, ќе се покаже во добро светло. А и сите во нашите мисли понекогаш сме посакале некому лошо што ни згрешил, да не се лажеме.
    Едно е да посакуваш некому смрт, друго е физички да го нападнеш. За првото си има докази и за тоа може и да добие на суд. Ама за второто не заслужува жртва да се нарече.
     
    На Justicija и bicycle им се допаѓа ова.
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.837
    Допаѓања:
    23.532
    Пол:
    Женски
    Во време кај што цел свет е свртен против Амбер и го брани Џони, треба да се застане на нејзина страна. Неутралноста не е добар избор (срамота е), кога цел свет исмејува жена врз основа на мизогонија и се свртува кон сите жени што велат дека претрпеле насилство.

    Не може да биде исто, ниту еднакво, кога самата омраза спрема Амбер не е еднаква односно поддршката спрема Џони е поради тоа што е познат маж.

    Не може да ги третираме исто, кога едноставно, не е исто.

    А ако веќе ги третираме исто, пак според доказите сум на страна на Амбер. Нејзино "кривично дело" е што е нз спонзоруша, па и да сакала јавно да го понижи. На Џони Деп кривично дело е што е наааасииииилниииик, мачно ми е веќе да го повторувам ова.
     
    На Dancewere, MandyLane и Anah им се допаѓа ова.
  10. Daniela93

    Daniela93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2020
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    763
    Од каде излегоа оние гнасотии што ги пишал, кажал наводно?
     
  11. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.080
    Допаѓања:
    10.800
    Пол:
    Женски
    Од телефонот негов.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.435
    Пол:
    Женски
    И Аца Лукас цело време е таков па има луѓе шо го слушаат.:rofl:

    Исто бе, исто.
    Ќе идам мал оф топик, и кога ќе раскинам не сакам да сум у близина на маж, не ни помислувам.

    Амбер му подарила нож, дали на насилник се подарува нож?:|
    Го молела буквално да и се врати, чекај бе, да молиш насилник?
    Да му трчаш у прегратки?
    Можеле на мирен начин да го средат, ама не, оваа морала да пишува статии...
    Тражила си, сад гледај.
    Џони треба да оди на рехабилитација, Амбер исто.
    И двајцата се токсични.
    У тек на судење забележав дека и адвокатите не и веруваат веќе.
    Се побиваат Бен и Камила на форумов, а само еден клик ги следи од читање на цела кариера, што всушност добивале и кои се всушност во адвокатскиот свет и колку се ценети.

    Небитно, ќе видиме утре.:)
     
    На Maryland1087 и Alexandrite им се допаѓа ова.
  13. Daniela93

    Daniela93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2020
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    763
    Добро, не сум во тек со се што било приложено ко некаков доказ.

    Не очекував дека и тој се изразувал онака, после поетското излагање што го имаше при неговото сведочење кога сите паднавме на неговата нежна страна, скршена и изманипулирана душичка. За грев, уште толку ми пропаѓа мислењето за него.
     
    На Dancewere, Anah, Аргентина * и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Elenpelen

    Elenpelen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    949
    Пол:
    Женски
    Поима немав, не сум целосно во тек, ме нервираат.
    Знаев дека сешто постои низ светов, ама двајцава ми дозгадија, не очекував посебно од Џони... Оваа па?!?! А може и контраефект да има, да и дадат некоја добра улога по сето ова :|
     
  15. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.435
    Пол:
    Женски
    https://vm.tiktok.com/ZMN12BtTP/?k=1

    Малку да се потсетиме на лагите.

    Не верувам, наводно и следи мал дел од Аквамен.
    Само на стартот.
    Наводно умира или е повредена, сменето сценарио.
     
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.758
    Допаѓања:
    116.847
    Пол:
    Женски
    Улогата и ја средил Џони.
    Ако го слушавте холивудскиот адвокат ќе ви станеше се јасно, дека за разлика од Џони кој добива договори pay or play каде што му се исплаќа фул хонорар за улога без разлика дали на крај ќе глуми во дилмот, Амбер имала option contract каде што може во секој момент да биде смената од серијалот каде што глумела, и со тоа улогата никогаш не и била сигурна.

    @cooll https://vm.tiktok.com/ZMN127WAR/?k=1
     
    Последна измена: 30 мај 2022
    На bicycle му/ѝ се допаѓа ова.
  17. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.435
    Пол:
    Женски
    Дали Морган овој шо и плесна на Елајн за славата беше оној шо спомна за Б категорија на глумци?
     
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.758
    Допаѓања:
    116.847
    Пол:
    Женски
    Да. Дека она никогаш нема да носи филм со главна улога.
     
    На bicycle му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.758
    Допаѓања:
    116.847
    Пол:
    Женски
    Еве како и на што треба да одлучува поротата
    https://www.fairfaxcounty.gov/circuit/sites/circuit/files/Assets/Documents/PDF/High-Profile/Depp v Heard/CL-2019-2911-jury-instructions.pdf

    Прашањето зашто во завршните зборови не го пуштија сведочењето на Амбер дека она го напишала опедот за Џони Деп е заради тоа што е прашање во Инструкциите за поротатата и со тоа се врши влијание кон поротата за да одлучат од страна на адвокатите на Деп
     
  20. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.752
    Допаѓања:
    9.291
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно кај овие двајца, уште во врска имало насилство, а тие подоцна се земале. (facepalm) Не дека cе некои наивни личности што не знаат дека можат подобро, не се ниту луѓе кои немаат каде.

    БТВ, прочитав дека Џони со Ванеса не бил во официјален брак сите тие години, ама со Амбер се оженил :o Прва сопруга имал во 1980-те и после тоа, не бил во брак до 2015.

    Инаку, да, ако морам да бирам страна, тоа е Амбер, затоа што омразата кон неа е на родова основа.
     
    На Anah и Srckata28 им се допаѓа ова.