Дур сум овде да кажам, дека женава не ја ни знаев дека постои сѐ до судењево, се гледа дека муља.Знаете колку се ,,палам” на насилство врз жените, ама оваа е прелоша глумица.Ја би ѝ забранила после ова да глуми у било кој филм, тоа шо гледав исечоци на интернет пошо стана вирална…значи Ужас ,,my dog stepped on a bee” Ок и? Да плачеме?? Плачење без солзи? Мисли у Холивуд е на снимање.Фејкерка А Деп го ОБОЖАВАМ уште од мала Мацол. Друго нишо не коментирам пошо не пратам и не знам дали е вистина или не.Итн итн Само првиот пат кога прочитав влечење по земја по стакло, пенетрација со шишиња итн, бев шокирана малце, и после не ни читав пошо и то ме заболе за овие двајца
Фановите на Деп зборувале дека дел од нејзините изјави се извадоци од некои филмови. Замислете да е силувана со скршено шише, таа прво не ќе може да оди од толку болка пошто дала изјава “Се молев да не ме боли”. Каде се извештаите од докторите за силување со шише?
Да дополнам зашто прееска заборавив, случајов е ПЕРФЕКТЕН пример колку пропагандата и привлечноста заедно со перцепцијата за една личност се побитни од било каква вистина. Не следев ни еден дел од судењето ама од сите коментари кои ги прочитав на интернет и тука тоа е заклучокот, пред мојов пост има совршени примери.Би пишувала и повеќе ама ме мрзи, кој сфаќа сфаќа.
Жена што била малтретирана ќе стравува, во најмала мера нема да може да се воздржи од плачење дури споделува. Ќе има каков-таков доказ од нападите врз нејзе. Оваа е срам за сите жени кои некогаш биле вистински малтретирани. Буквално сите фб страни поплавија со нив, а и сите заминаа на unfollow.
Го следам судењето. Мислам дека и двајцата имаат вина. Не мислам дека Амбер за СЕ лаже, ама исто така мислам и дека се и е направено со умисла и испровоцирано. Не е тајна психичката состојба на Деп, алкохоличар, наркоман, па и не е чудно да имал испади. Од друга страна, Амбер има потврдена дијагноза воспоставена од психијатар, дури и нејзини блиски како сестра и сведочат против неа. Со еден збор, двајца нетачни, се расправаат кој е покрив и потоксичен.
Ух, морам и јас да се надоврзам на твоево, затоа што мора да се гледа подлабока на целата шарада. *** Релацијата меѓу две човечки суштества, се сведе на PR-стратегија, психијатри, камери, цртачи, новинари, судии, накратко, ПУБЛИКА: Кој ја ЗАВЕДЕ тој „ПОБЕДУВА“! Од аргументација, до фацијална експресија. И секако, има во позадина, цела машина на гладни „хиени“: судиите го докажуваат „совршениот“ правен систем и попатно собираат парички; психијатрите имаат бесконечни „податоци“ за „толкување“; телевизиските компании доживуваат high на people метрите; социјалните медиуми бескрајно прават content analysis на нашите преференци, со пајтон алгоритми, за да нѐ поплават со персонализирани реклами;, „рајата“ се занимава со „содржина“ за да не мисли на инфлацијата и други структурни проблеми (инаку, когнитивното оптоварување е преголемо, а што инаку би смениле?); политичарите и „елитите“ си тераат планетарна бинаризација додека меѓусебно си склучуваат баснословни договори и се повикуваат на апстрактни именки, што во реалност не значат ама баш ништо (мултиполарност, демократија, православие, империја, права, малцинства, држава, итн); милијардерите, кои несразмерно се збогатиле поради политиките на претходниве, „летаат ракети во облик на машки полов орган“ и мислат дека го фатиле господ за брада, додека парите за добротворните фондови (начин на легитимација) ги „умножуваат“ во компанија за производство на оружје и така вештачки си ги „растат “ своите акции, за “ доброто на човештвото и науката“, за повторно да ги вложат во медиумите што ќе ги велича нивните потфати. И така, кругот е затворен. Се разбира, во меѓувреме, планетата на еколошко ниво, пропаѓа, неповратно, и нејзиното спасување е одложено, поради некоја „секогаш оправдана“ војна, некоја „секогаш актуелна криза“, а луѓето, без да имаат избор, го пополнуваат времето, и смислата на своето постоење со некој Џони и некој Амбер - леб и игри ad infinitum. *** И замислете колку вакви примери има и во нашето соседство, само до помал степен и помалку изразено, преку улица или во нашето маало или град. Само што ова публика е заменета со комшии, свекрви, братучеди, другари, другарки, кумови, роднини, сватови, итн... Наместо односите да се менаџираат меѓу луѓето кои се засегнати, тие се компензираат со армија од „„следачи“, „толкувачи“ и „мислители“ и секој има да „подели“ памет... Сочувство со луѓето кои дошле до тој степен на хаварија во односите, што мора некој „ од надвор“ да суди за нив, да бидат принудени да се правдаат, и докажуваат за да си ја задржат сликата за себеси што ја имале пред да влезат во таа релација, пред сѐ пред самите себе, затоа што, кога ќе се погледеш во огледало, треба да живееш со себеси, па потоа со другиот. ВО крајна линија, не можеш да ја менаџираш сликата за себеси со убедување на другите луѓе. Тоа е тажниот заклучок за Џони и Амбер, или за некој „Перо“ и некоја „Милица“, од преку улица.
Двајцата си патат за внимание, играат на карта сензационалниот. Паметни се, ја хранат публиката со храна што публиката ја сака. Така се прави огромни суми пари.
Не сме сигурни, претпоставуваме по нејзината глума. Мислам малтретиран човек нема потреба да глуми жртва, емоциите сами идат. Она е друго. Дај боже да грешам во мојата проценка ама и јас мислам дека глуми.
Не знам како заземате страна со пијандура и наркоманчиште како Деп. Ваков профил на особа никогаш не е жртва, а ќе ве убедуваат у тоа.
Ако е наркоман и пијаница, не значи дека не може да биде жртва на насилство. Амбер во судницата колку испади на агресија има. Речениците и немаат никаква поврзаност, како да ги раскажува пет годишно дете. "But I was just sitting there on this carpet, looking at the dirty carpet, wondering how I wound up on this carpet and why I never noticed that the carpet was this filthy before." Сигурно во тој момент и текнало да го гледа тепихот. И деталите што ги кажува, немаат никаква смисла. "My dog stepped on a bee". Добро, од кај виде дека кучето и нагазнало на пчела и која е поврзаноста со случајов? #TeamJohnny.
Не знам кој е крив во ситуацијава ама дури и да е Амбер, ова НЕ треба да е охрабрување за други мажи жртви да зборуваат, туку баш напротив. Зашто само потешко на жените им се прави.
Зошто на жените им се прави потешко да зборуваат за ова? Зарем мажите не може да се жртви? Баш напротив мислам дека ова треба да е охрабрување за другите мажи жртви да излезат и да бараат правда. Ако еден Џони Деп може јавно да излезе и да каже низ што поминувал, и притоа да не го прави тоа помалку маж, можеби ќе ги поттикне тоа и другите.
Зашто кога толку јавно и упорно се бутка фактот дека и жените може да се насилни, а мажите жртви, тогаш кога некоја жена стварно ќе биде жртва ќе ѝ речат - "а од кај да знаеме дека ти не си го тепала?" И нема да ѝ веруваат. Или маж ѝ ќе ја наклевети дека он е жртва, зашто ќе има такви кои ќе сметаат дека ете, може он е жртвата. Едит Језда и сега им е тешко на тие жени со зборување и докази и све, ама со ова уште бетер е за нив
Ни сум ваму ни сум таму. Сепак мое мислење е дека Амбер е била насилникот од самите докази. Тоа е мој личен став кој не мора да е точен. Амбер ја знам од поодамна кога беше оженета за жена и тогаш имаше скандали за насилство. Ми изгледа на attention seeker тип на човек. Од друга страна, мислам дека и Џони во минатото е имал свои демони како дрога и алкохол. Сепак е напредок и ова што се отвара свеста дека има и мажи кои се во насилни врски и трпат насилство од жените.
Не е се така црно бело Танче. Тоа што маж може да биде жртва, не негира дека и жена може да е жртва. Едното не го исклучува другото. И на маж може да не му веруваат дека го тепала жена, да го исмејуваат итн. Факт е дека постојат жртви, и знае да се случи многу често да не им се верува низ што се поминале, ама не може да се очекува мажите да ќутат доколку и тие самите се жртви.
Тоа што ќе се стави фокус на тоа дека и мажите можат да бидат жртви нема да го одвлече вниманието од жените жртви. Баш денес ако некој маж зборува како жртва не му веруваат оти е маж, и/или го исмејуваат како може да си дозволи жена да го тепа, срам за машкиот род. Поприфатливо е жена да му врзе шамар на маж, на голем дел од луѓето (особено мкд) ќе им е смешно, а ничие насилство не треба да е прифатливо. Затоа многу повеќе мажи молчат за трпење насилство, и запаѓаат во проблеми со менталното здравје.
Сега засега не изгледа страшно ама вака да продолжиме и на ниедна жена жртва нема да ѝ се верува. Жени пак ќе доминираат како жртви во статистиката, ама само ради тој друг мал процент, све ќе отиде упм. Која и да пријави, ќе треба куп докази, сведоци да собира, па и тогаш нема да е доволно, наместо телесните повреди да се доволно да го спика у затвор. Уште повеќе стигма и коментари со "сама си го барала", "зашто не се бранела". Или чим Стојка го истепала мажот, зашто оваа другава не можела да се одбрани. Па ајде шелтерс за мажи, овие за жени не мора да ги правиме. Исто како што со оние едвај неколку случаи на клевети за силување се става сенка на реалните случаи, така и овде би било. Таму е - абе сигурно го клевети, гледаш онаа Трајна си призна оти не ја силувал типот. Овде ќе е - од кај да знаеме дека сама не си ги нанела модриците, кога ете Амбер сама си ги нанела. Потполно истото го мислам и за случаи на сексуално вознемирување. Ако се наметне и тука идејата, тек тогаш ќе читаме - "кучката сама мрднала со опашката" на секој чекор. И ај нека иде да докаже после некоја дека е нападната на било кој начин без да ја прашаат 50 пати дали сама си е крива. Амбер што е ѓубре, ѓубре е. Пораката која Џони пробува да ја протне онака подмолно е загрижувачка.
Пораката Џони што сака да ја протне е "И МАЖИТЕ ТРПАТ НАСИЛСТВО!" Не значи дека од утре, сите мажи ќе почнат да глумат жртви! Туку дека сите треба да кажат дека се жртви. Тоа не ги прави помалце мажи. Сите можат да бидат жртви на насилство, без разлика на пол. И на судењето кога го прашаа, "You're a lot bigger than Amber, correct?". Тој кажа не! Што им беше поентава? Дека е маж и требало да се одбрани?
Да, токму таа. И затоа реков, ако "засили" ова, ќе фатат активисти да постираат хаштази, кампањи, секакви начини да подигнат свест како сега што се прави за жени. Знаеш ваљда зашто се тие кампањи за жени и зашто се помага скоро само на жени така? Зашто општо е познато дека маж е многу ретко жртва од жена. Е ако се протнат овие пораки што зборам, нема никој да рече "жените се најчесто жртви" или дека "жена ретко лаже" туку баш поголеми ќе се шансите жените да лажат зашто ете, шансите маж да е жртва не биле толку мали. Дали ќе ти е океј тебе утре недајбоже ќе речам, да бидеш жртва АМА никој да не ти верува зашто има големи шанси маж ти да бил жртвата? Оти јас неќам за себе. А Џони како јавна личност ако победи у случајов, охоо и те како ќе влијае на овие работи. Мада се надевам нема да потпаднат под негово влијание.