Апропо наркотиците, он земал наркотоци кои го омлитавувавле така да не би имал ни сила да биде насилен. Ќе се издрогирал и ќе се онесвестел.
Да, имам читано многу околу нејзе уште пред ова. Само наслушнав дека после ова ќе се повлече, последен случај. Колку е вистина, не знам. @Maryland1087 се шминкала па ти, со шминка која уште не била пласирана у јавност.
Абе туку така тоа се става мраз на скршеница и одма заздравува преку вечер. Јас не знам овие што носат гипс болни ли се, на што се
Не знам кој кого тепал ама јас од вадење умник само имав очигледен оток една недела на образ. Како дете баш се сеќавам, девојче од комшии скрши нос пред нас додека си игравме. Случајно падна директно врз бетон. Пред очи мои се случи. Мислам мораше и операција да ѝ прават. Долго време беше со оток на цело лице и завој или како и да се вика, знам дека не можеше ни да јаде нормално некое време. Модрица ќе покриеш со шминка. Оток тешко.
Наша АДВОКАТКА со 20 годишно искуство го коментира случајот: https://www.facebook.com/anastasovs...Zv7oY5fj85fu32T22PcjZtd927swa4k6G8QSpkNDRBs2l Циркусот наречен Depp v. Heard е правно интересен колку што е вознемирувачки. Прашањето е: Дали "несовршените" жртви на семејно насилство не се жртви? Тие кои се самите скршени и психотични од разни причини, тие кои возвраќаат и се дерат, тие со сопствени карактерни недостатоци, тие кои не се за жалење на прв поглед. Заробени ли сме во митот за совршена жртва па се што отстапува од тоа сфаќање имаме проблем да го прифатиме? Или , како што рече адвокатот на Амбер Херд во завршните зборови- Колку уште треба жртвата да сними, да слика, да зборува за да и' се поверува само затоа што има маани? А доволно е само еднаш, само еден удар, само една епизода. Прашањето исто така е: Дали конечно ова судење ќе ги стави на мапата на семејно насилство и мажите како жртви, особено психичко насилство со оглед на современиот развој на родовите улоги и инсистирањето на рамноправноста? Дали Mr.Depp го скрши ледот околу сфаќањето дека и мажот треба да каже или како го смислија хаштагот #mantoo ? Колку треба да се земе зборот на жената "здраво за готово" доколку постои меѓусебно насилство или т.н токсична врска. Гледано низ моите правни вијуги, Mr.Depp не може да го добие овој случај и тоа повеќе на правни основи отколку на фактички. Ама тоа не е интересно за читање. За жал или не, САД е земја во која одлучуваат граѓани кои не се правници, а со тоа е и земја каде во исто вакво судско шоу поротата ослободи двоен убиец кога одлучуваше во случајот О.J.Simpson само затоа што и' се допадна магијата на одбраната. За жал, ќе остане само горкиот вкус на колатералната штета на овој циркус, а тоа се сите сегашни и идни жртви на семејно насилство кои ќе го доживеат обесхрабрувачки ова јавно и скапо судење.
Од истата адвокатка од погоре. Исто така препорака да ги прочитате сите коментари. Жената го испофали Rottenborn повише од шо јас го фалев во темава.
Аха колку што мислењата на темава ќе допрат до судијката на случајот, толку и нејзините објави и коментари + може од "око" да си пишува колку сака објави колку и ние што видовме од судењето толку и она, шо демек нејзе и го имат пратено сите докази, снимки и слики лично. + ниту во еден момент не видов доказ од Амбер, ниту еднаш. Пратете ми линк да видам. Ја треснало вратата дома кога умрела мајка му. И јас кога ќе се изнервирам траскам по дома од нервоза ама не значи дека ги тепам моите бог да чува. 2 различни слики со модрицата а о на двете модрицата на различно место као демек оваа втората е утре дента на подобро светло ама ноќта се избришала шминката па ја поправила на погрешно место. И сама кажа дека користи "bruise kit" a ај види што е тоа
Ти си видела исто, ама ти си лаик, она е адвокат. Не ти е на исто ниво мислењето. @Srckata28 каде е напишан коментарот?
Драга моја, мене не ми е до толку гајле што ќе пресуди поротата, затоа што секако Амбер Херд губи. Мене ми е битно јавноста како ќе го гледа случајов. А интелигенцијата кај луѓето се гледа по тоа колку се отворени да научат од едуцирани луѓе. Ти со овој коментар не само што не си отворена кон таа перспектива туку и не ја почитуваш таа нејзина едукација и тоа кажува многу за тебе како личност. Фејсбук постот не беше лична порака до судијката или до поротата. Беше видување на една адвокатка со едукација и искуство зад себе. Женава се гледа дека е паметна, толку убаво и професионално се изјаснува и плус го следи случајот како правник. Ставив линк од фејсбук постот, скриншотот е нејзин reply на коментар на еден човек (не го именувам на форумот) кој ја навреди Амбер - види по replies на коментарите.
Јас никаде немам напишано дали сум правник или не, немам издадено јавно каква професија имам. Друго, сеуште чекам некој да ми прате линк да ги видам доказите од Амбер дека е жртва. Што има покажано? Не знам еве пратете ми. Ја "силувал" со скршено шише, и за тоа зборува после колку години? Зошто останала уште со него после тоа? Да не се изразам грешка ама во сексот разни предмети користат луѓето, а ако ја силувал со скршено шише таа цела ќе беше расечена. Нејсе, чекам докази од неа. плус како може да каже дека користела "bruise kit" за модриците, кога тоа е шминка со која се прават фејк повреди во филмови. Ама искусна е. Плус англискиот и е мајчин јазик па ќе се за мислев ако не и беше пошо може не го знае терминот. Ова како сега да кажам со џогер варосувавме дома, со лопата го чистиме подот.
И плус детално објаснува како да ги "прекрие" модриците со bruise китот. Прво пудра, па коректор, па на крај bruise китот.
До кај е судењево? Во чија корист е сега за сега? Се надевам дека Џони ќе искочи невин. Не и верувам на Амбер.