Може тоа што го зборите ќе беше океј Џони Деп стварно да беше жртва, како можете да бидете толку слепи на неговата пропаганда, како? Ова е многу голем шамар за сите жени жртви на насилство. Ова е личноста жртва што ја браните, хаха.
Јас баш зборев дека и најневин да е он, а она најкрива, мажи не треба јавно и гласно да бараат правда, со судови и тужби и сите марифети.
Не е тоа муабетот. Не знам кој е крив, кој е прав. Тоа оставам на судот да реши. Не го ни следам посебно случајот. Ми се допаѓа Џони како актер и дефинитивно сите имаат некој bias поради тоа, ако се фанови. Ама реално гледано, не мора да значи дека е невин. Пак ќе повторам, не го следам премногу случајот и не знам. Она за што е дискусијата сега тргна од тврдењето дека мажите вистински жртви на насилство треба да ќутат, затоа што после никој нема да им верува на жените. Факт е дека има и мажи, жртви на насилство. Дали стварно мислиш дека е исправно да ќутат, трпат и не се жалат?
Од толку многу што им се верува на жените жртви на семејно насилство, баш во еден битен случај каде Џони Деп е наркоман и алкохоличар, на Амбер Херд не и се верува. И да имале караници каде што и двајцата се гаѓале, дереле и не знам што правеле, ТОЈ ја тужи јавно за да ја понижи, не го она тужи за насилство. Мислам дека целово судење баш се форсира накај Џони Деп, не само пошто е познат и љубен глумец, туку пошто луѓето сакаат да ја имаат приказната дека и маж бил жртва на семејно насилство. И после која и жена да проговори нема да и се верува, особено сега за јавни личности. Ќе биде „Ама не можеме да бидеме сигурни, се сеќате ли кога Амбер...“. Џони Деп е инаку најдобар пријател со Мерлин Мансон, чија исто бивша девојка излезе со нејзината приказна дека он ја малтретирал, бил со неа уште кога била малолетна (17 години) и погодете што? Сеа и на неа не и се верува. Ама битно Џони Деп и Мерлин Мансон се невини мажи кои се братски подржуваат. Хаос.
Kако задоволување правда на една личност носи штета на некоја друга Х личност? Дали мажот што го шлапа жена му дома со шлаканици треба да ќути според тебе?
Не ви е во ред да мислите дека само жените се жртви. И мажите се жртви.И мажите имаат право да бараат правда и да тужат.
Кажав поназад. Ако ти утре недајбоже си жртва, нема никој да ти верува, сите ќе мислат дека ти си кривата, дека ти си го истепала партнерот наместо со неколку чекори да го сотреш на суд. Или не мора ти, може да е твоја ќерка, сестра, пријателка. Еве одговорив на членката за првото прашање. А за другото Не треба да ќути. Ама доволно е да го реши тоа мирно, без јавно бламирање.
А јас викам дека не е правилно таа тема да се поврзува со ова судење, со лицето на Џони Деп. Велите дека не е битно дали Џони Деп е крив или не, ама многу е битно, затоа што и самиот потенцијал тој да е насилникот (за кое има МНОГУ докази), а толку многу му се верува е ПРОБЛЕМ. Тој токму тие токсик маскјулинити аргументи ги претворил во оружје против Амбер и истото ќе продолжи да се злоупотребува и пак жените нема да бидат сослушувани ---- што е проблем што уште не се решил. Проблем е што најголем процент од насилствата се извршувани од мажи (без разлика дали е насилство врз жени или други мажи), а светот се фокусира на „исклучокот“, кој пак ќе спомнам, не е ни исклучок пошто има премногу докази дека Џони Деп е НАСИЛНИК.
Нема да ми веруваат, оти ќе кажат: абе Џони победи, не и верувам сега дека она е жртва. Само мажите се жртви на насилство. Сериозна си со муабетов?
Која ќе биде поврзаноста? Жртва е жртва! Ај, според тебе тогаш и жени убијци не смеат да одат во затвор, оти се жени и жртвите можеле лесно да се одбранат?
Која ќе биде поврзаноста? Еден случај е РАЗЛИЧЕН од друг случај! Ако јас трпам насилство, крив ќе биде Џони што тепал на суд?
А колку мажи па не пријавуваат семејно насилство од вакви муабети? Дали сте сериозни со муабетот, дури не ми се верува што читам?
@Srckata28 Тие докази што ги збориш не ги рачунаат сите за 100% веродостојни.Ако така гледаме има докази и против Амбер дека вршела насилство врз други лица. @Munchmallow20 Единствено влијание што може да го има случајот ќе биде и мажите жртви да се охрабрат да пријават насилство наместо да молчат поради личности кои стереотипично негираат дека и маж може да е жртва.