На чиј збор прво веруваа? Амбер прва спомна во јавност работи без еден доказ, Џони одма беше елиминиран од сите филмови на кои работше и кариерата му пропадна за секунда. Амбер - ЖЕНА, која прва јавно проговори и цел свет и веруваше дека е жртва. Е сега и за мене некој да зборува пред цел свет лаги, се ќе превртам додека не докажам дека не е така. Џони не почна прв, баш тој прикажа 1000 докази за да докаже дека не е тој насилник. сите прво на Амбер и веруваа со онаа статијата, на Џони дури откако пична судењето со докази. и каде тоа дека на жената и веруваат само со докази? Најпресен случај ми е со 23 годишната девојка од Велес што одма беше згрижена од страна на полицијата, дади изјави дека ја малтретирал и ја пуштија на слобода иако го убила. и плус не ми е гајле што Џони има кур а Амбер пичка. Жртва е жртва. Заостанати сме 200 години што веруваме дека маж не може да биде жртва, а може и тоа како. Не ми се јасни што сметаат дека само жена може да биде жртва. Па и Македонија е заостаната држава ама пак во некои случаеви ги заштитува жртвите и мажи и жени. И Законот застанал и позади жена-жртва и позади маж-жртва.
Тамам е скроз. Сами си го бараме. Ја така во 2016та кога ме нападна манијак одејќи накај дома сама си го барав…некако…. Бар пријавив во полиција. Другарка ми по некој месец не ни пријави во полиција пошто нели сами си го бараме што ќе пријавува. Да му се намочам у уста и на слава и пари, колку омразен лик ми стана. Од такви ко него ние жените секогаш ќе бидеме оковани во спреги. И од глуперди кои такви ко него идеализираат. Живели!
Јас пишав колку му доделија оригинал вкупно: $10 м. compensatory damages и $5 м. punitive damages, да беше судењето во друга држава ќе требаше да му исплати $15м, ама ете пошто во Вирџинија има таков закон, наместо 5м. ќе плати само 350К.
Амбер е само шљам од жена,не е претставник на сите жени. Само повеке штета направи на секоја жена. Ја обезвредни.Манипулативно користеше тоа што е жена. Поради нејзините лаги и извртување,сега при секоја пријава за насилство,секој шупак ке има аргумент "Сигурно лажела и измислувала." Џони Деп е жртва на клевета и дифамација и пресудата заслужено ја доби.
Ама вие што ја браните Амбер дали некогаш сте виделе жртва на насилство и силување? Во фамилијата ја имам, далечна рода. И после 7 поминати години, девојката не излегува никаде и живее со трауми. Дали стварно мислите дека со мраз се лечи скршен нос? И дека од силување нема траги, посебно со скршено шише? На девојката и после 3 недели пак и открија траги на силување. Шета во црно, не се дружи со никој, затворена е во себе. Посебно не се смее и не позира пред некој кога ќе ја праша како е и дали се поправи после 7 години од настанот туку раскажува и плаче како вчера да било. Ама не оваа од 6ка до 6ка се смее додека раскажува си праве гримаси, да ја силувале со скршено шише пичка немаше да има веќе, да и бил скршен носот еден месец ќе имала оток и модрици значи иаман веќе жена е, ама не значи дека е жртва. Жртвата не се понаша како да и е мило што ја нападнале и силувале и низ смеа да го кажува тоа како демек да ме силуваа и ме нападнаа и шо?
На Џони Деп не му се веруваше од старт, туку и се веруваше на Амбер, дека жена... беше нарекуван wife beater и што не. Амбер не ни направи услуга нас жените, за жал... повеќе штета направи со лажно сведочење па сега ќе испадне секоја лаже. Не дека го бранам Џони... ко ќе го видам и него онаков спор, издрогиран ми се превртуваат цревата... викам лапнати се двајцата и издрогирани будали, и од такви јавни будали се ствараат идоли кај младите, копирање на понашање,и така не е на арно.....
Амбер само се измоча на сите жени на насилство, толку. Да пишаш статија, без докази и слично и притоа да глумиш, стварно треба да си нетокму. Ама не, Џони е насилен, она ова. Вие знаете се, во судот у земја кај шо има закон не знаат.
Да и тоа е болно. Амбер се испосра за сите жени жртви во светот. Сега (не дај боже) некоја да е жртва ќе ја сметат за нетокму и дека лаже, дека си измислува. Од секогаш сум била за права на жените и за феминизам ама овоа е против феминизам и права на жените. Со лага не се биднува жртва.
Абе и ти шо збораш тука?? Најважното е дека има вагина, тоа е само по себе доказ дека ја кажува вистината и е кралица. Све друго е небитно, прави се дека не постои
Кажав дека судијка со искуство никогаш нема да пресуди во корист на Деп, поротата пресуди а не она. Шо би рекла Вајлд, читајте со разбирање а не само колку да прочитате.
Поддржувачите на Амбер ја класифицираат како храбра и силна жена, инспирација за другите жени да почнат да зборуваат околу насилство. Но таа е само жена која лажеше, тепаше, манипулираше, и се обиде да ја искористи уништената репутација на Џони за себе-промоција.
Замислувам ситуација на фемина, доаѓа нова членка и пишува како сопругот нејзин е тежок пијаница и наркоман, дека знае да се одземе од пиење и дрога, дека паѓа таков никаков, дека спие по под кога е начукан, дека кога ќе се начука и се заканува, дека веројатно ја има удрено, дека и врши физички и психички терор, да објави пораки како и вика дека ќе ја убие и ќе и го силува мртвиот леш, се понаша како типичен шупак наместо како маж и бара од нас совет. Дека се создала хипотетичка ситуација да ја силува со предмет и да и нанесе траума од која тешко се зацелува. И што ќе ја советувате? Сите вие што ми реплицирате? Да бега? Да го остави? Да се разведе? Да, тоа требало да го направи и да ја каже вистината и само вистината. Излажа и она, тргна со цел целосно да го уништи ама заборави дека и она не е невина во целава ситуација. Епа тоа и се врати како бумеранг, и тоа не и се врати само на неа како бумеранг, туку тој ефект ќе не врати и нас другите жени назад во сета борба што сме ја истуркале за кога ќе кажеме дека имаме "човек" како горенаведениот да не ни веруваат. А убаво се тераше со #metoo, еден куп жени се охрабрија. Наздравје враќање назад кога одма ќе се мавне жигот, абе оваа како Амбер е. И по последен пат, не ја бранам неа, баш напротив неа и сум полута отколку нему. Од стрејт маж и го очекувам негде ваквото однесување, не ми е ништо ново и невообичаено, ама од неа не.
А зошто мислиш дека би пресудиле во корист на жена која прва дава лажна изјава, потоа за да "поткрепи" изјавата додава уште 200 лажни работи. Скршено пише во вагина резултира со исекотини за кој е неопходен доктор и долготрајно лекување, конци и шиење. Скршеница на носот резултира со снимки, во одреден случај и операција, модринки во подочњаците кои ни со поликолор не се покриваат, оток и завој на цела глава која она го немаше, а нема ни снимки нема преглед кај доктор а имала скршен нос.
Знаеш зошто досудија у корист на Џони? Оти оваа у милион лаги ја фатија. Ова со шишето од нејзина поранешна асистентка и од Gone girl, за шминката, ја користела а не била пуштена у продажба, за донацијата, за Кејт Мос и други лаги. Ете зошто.
Епа ако така, многу лоша одлука. Да се решаваше приватно можеби немаше Амбер да изведува вакви бесни глисти и да им прави лоша услуга на жени кои се вистински жртви на насилство.