Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Судењето на Џони Деп и Амбер Херд

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Caramell, 11 мај 2022.

  1. Maryland1087

    Maryland1087 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2021
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    1.986
    Пол:
    Женски
    Срцка, тука никој не го восхитува Џони и не го прави светец, никој од овде не му го лижиме. Помеѓу две злобни работи, Џони е помала. Се дрогирал и пиел алкохол, ама излажа ли за тоа? Не. Кажа ли јавно? Да. Не измислуваше приказни дека кучето му стапнало на оса или дека од кога се нашмркал со мраз му поминало дејството. Значи дете од 5 години знае дека скршен нос не се лечи со мраз, и дека скршено шише ако влезе во вагина ќе остане само В. Во 24 дена една вистината работа не кажа жената, се измоча за сите други жени жртви што стварно се жртви. Кажа преку 10 лаги после кои немаше ни како да "победи". Кажав и погоре, и двајцата се за лечење. Едниот од зависност кон дрога и алкохол, другиот за во ментална установа или психијатрија, лудница што год.
     
    На Bratot, Cosmic Girl, nena2010 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.837
    Допаѓања:
    23.530
    Пол:
    Женски
    На страна форумов, цел свет го смета за невин и дека некоја неправда му се има случено.

    Не знам како не сфаќате дека попсихопат си да кажеш дека ќе силуваш нечие мртво тело. Далеку е он од помало зло, кога он е побогат, постар, многу многу попознат актор. Едноставно power disbalance постои.

    Нема врска, јас имам завршено со случајов, не сакам веќе да ги гледам никаде и едвај чекам да се подзаборави на ова. Не ме цитирајте со расправии, нема да видам.
     
    На Demi_ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.740
    Допаѓања:
    116.688
    Пол:
    Женски
    На cooll и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  4. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    9.003
    Пол:
    Женски
    Според изјавата на психологот на судењето Амбер има бордерлајн и хистрионично растројство. Според ДСМ -5 спаѓа во втората група растројства на личноста кои се на нарцисодниот спектар.
    Многу ми е индикативно она нејзино однесување додека сведочеше кога менуваше по 3 различни емоции во неколку секунди.
    Драматичноста е дел од клиничката слика. Исто и претераните емотивни реакции кои може да личат лажно и извештачено за другиот. Манипулирање и глумење болест за да добие внимание се исто симптоми. Од она гледање директно во поротата кога одговараше заклучив дека бара потврда и согласност од нив. Некои велеа дека се обидува да ги убеди зошто тие одлучуваат ама јас гледам и патолошка потребат да биде социјално прифатена.
    Агресијата и насилството исто се дел од сликата.
    Систематски испланираната игра да го наседне и искористи, во комбинација со изливите на бес и бизарните акти на агресија (како оставањето измет) ми се језиви.
     
    На CameliaMiller, x-MajaEsposito-x, nena2010 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.740
    Допаѓања:
    116.688
    Пол:
    Женски
    На bicycle му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.269
    Допаѓања:
    40.210
    Пол:
    Машки
    Единствена причина зошто победи Џони во споров е затоа што имаше огромно количество на пари, ресурси и одличен тим за да ја докаже вистината.
    Овакви случаи има уште многу кои не можат ниту да докажат дека не се криви, а иако нема никакви докази против нив, од јавноста се веќе осудени, линчувани и уништени.

    Нема ништо полошо од модерниов тренд на cancel културава, и ова може да биде преломна точка за градење на еден подобар, поеднаков и поправеден свет.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.124
    Пол:
    Женски
    Верувам дека врската била токсична и нездрава за двајцата. Дека Деп не се однесувал коректно со неа, одлично е покажано преку екстремниот текст во неговите пораки. Значи мене ми се згади! Освен тоа, живот со алкохоличар и наркоман, никако не е нирвана. Но, нема докази за степенот на физичко и сексуално насилство за кое Амбер обвинува.

    MeToo има (ше) огромно влијание врз јавната перцепција, жртвите на семејно насилство да добијат медиумска и социјална поддршка. Подигнување на свеста за верување на жртвите и покрена многу позитивни насоки од овој аспект. Ама на жалост, има луѓе, (уел Амбер) кои ваквите движења ги користат за погрешно да се претстават како жртви. А ова може да влијае негативно на идните насоки на движењето.

    Експонирање самоцентризам, целосно демонизирање на спротивната страна. Плус, отворено лажење, вклучувајќи ги и донациите. Ама никој не заслужува ваква лавина од линч што во моментов, а и за време на судењето кружеше на интернет за Амбер. Не е од корист за никого и мора да престане!

    И Џони беше ставен под интензивна јавна лупа по текстот на Амбер. Имаше процес и со таблоидот The Sun и го изгуби случајот. По што, ја изгуби и улогата во Fantastic Beasts дел 3, во кој има снимено само една сцена мислам. Наиде на неодобрување во филмската индустрија, односно од Warner Bros, побараа од него оставка. И Дизни веројатно сакаа да бидат на безбедната страна и одлучија да одат во друга насока за продолжението на Карибите, по авторскиот текст на Амбер. Носечки улоги на одличен актер, многу му трпеше кариерата, штета!

    Како и да е, светот не е само црно - бел, има нијанси. Ниту едниот е целосно монструм, а другиот целосно светец. Овие двајца, се најдобри еден за друг, само далеку еден од друг.
     
    На Cherry333, Celltica, Lella и 10 други им се допаѓа ова.
  8. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.703
    Допаѓања:
    25.614
    Пол:
    Машки
    Wow, ептен зачудувачки. :D
    Screenshot_2022-06-04-15-42-23-76_0b2fce7a16bf2b728d6ffa28c8d60efb.jpg
     
    На Dancewere, Аргентина *, Srckata28 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.703
    Допаѓања:
    25.614
    Пол:
    Машки
    Особено сега гледаме колку многу функционира cancel културата. Земи ги за пример Џони Деп, Харви Вајнстин, Бил Козби, Вуди Ален и уште многу.

    Ах таа cancel култура, масло на западот. Си знаеме ние тука како треба правилно, а веќе пробува тоа ѓаволско дело да се протне кај нас од невладините.
     
    На KateKane му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.837
    Допаѓања:
    23.530
    Пол:
    Женски
    Да не заборавиме на Полански (има дооолга историја со затвори поради силување на малолетници) кој има 5 оскари и Мерлин Мансон, бтв двајцата пријатели на Џони Деп.

    Ама не, они не се ѓаволи на денешницата.

    Како да укуцам на гугл мапс за да дојдам во светот каде што дискриминацијата е преобрната и почнавме да бараме еднаквост за мажи пошто страдаат од ох, cancel culture?
     
    На Lella, bittersweet, Konfetka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.269
    Допаѓања:
    40.210
    Пол:
    Машки
    Не знам зошто го вртите постот во борба меѓу половите, од cancel culture патат и двата пола. Да не ја заборавиме Ј.К. Роулинг и многу други кои не беа виновни, а беа канселирани.
    Ете Деп си докажа на суд дека е невин за се што беше оптужен.
    Само така може да се стремиме кон правни држави каде што ќе се почитуваат демократските процеси.

    Како секоја политичка алатка за пресметување и елиминирање на политички непогодни личности, така и оваа полека, но сигурно заминува во историјата.
    Други струи, други времиња, светот се менува, а први на удар ќе бидат токму овакви НВО-а кои цицаат пари од пропаганда и работат на копче.

    Народот се свести и ја виде правата слика на квази движењата. Ќе заврши ова неславно. За некоја година веќе никој нема да го спомнува. :)
     
  12. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.703
    Допаѓања:
    25.614
    Пол:
    Машки
    Oh no, it's delusional.
     
  13. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.837
    Допаѓања:
    23.530
    Пол:
    Женски
    Пошто Били, никој не добил ваков хејт како Амбер, ете затоа е во врска со половите. И никогаш нема да биде исто затоа што... не е. Да не се повторувам.

    Џони Деп не е невин, ниту пак докажал.
     
  14. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.750
    Допаѓања:
    21.438
    Пол:
    Женски
    Шо треба поќе од ова за да докажи дека не и вршел сексуално и физичко насилство?

    Типката немаше ниту еден валиден доказ да понуди во своја одбрана.
    Епа след тоа, нема доказ, нема дело.:D
    Невиноста на Деп во тој поглед е докажана.
     
    На Bitter-Sweet и Pixi5 им се допаѓа ова.
  15. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.837
    Допаѓања:
    23.530
    Пол:
    Женски
    Јас го имам гледано судењето, нејзините докази се далеку повеќе и посигурни.

    Да одлучуваше судија кој има школа зад себе за разлика од поротата, ќе видеше дека има многу докази дека Деп е насилник... како на пример судијата во Лондон кој пресуди дека 12 од 14 обвинувања за насилство се вистинити и има напишано 129 страни со листа со доказите. :)

    Едит:
    https://t.co/uNFtb2LlM2

    Далеку од тоа дека треба да читате, само да видите дека постои. :)
     
    На Demi_ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.740
    Допаѓања:
    116.688
    Пол:
    Женски
    Писмото на Jennifer Howell до сестрата на Амбер
    FB_IMG_1654367756273.jpg
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.878
    Допаѓања:
    25.387
    Пол:
    Женски
    Кои докази ? Дека скршен нос се прекрива со шминка која баш тогаш не била ниту пуштена во претпродажба , а камо ли во продажба :^) . Бројни инфлуенсерки и јутјуберки кои правеле корекции на нос , ниту модринките кои настануваат како последица на операција не можат да ги прекријат со пудри и шминки , а не па скршен нос . Колку сака нека е квалитетна таа шминка , оток и модринки не се прекриваат така лесно , особено не еден ден по нивно настанување . Можеби по 4-5 дена да . Дури и самата компанија се огласи дека таа палета која е покажана на суд , во периодот за кој Амбер тврди дека ја користела , воопшто не постоела , туку е излезена 6 ( или повеќе месеци ) подоцна .

    Не го бранам Деп , си призна човекот и дека се лечел од зависности и дека бил зависник и се тоа , не е цвеќе за мирисање секако , но обвиненија без докази се апсурд . А Амбер Херд реално , немаше ниту еден доказ за сите обвиненија .
     
    На Cosmic Girl, Amellie13, Bratot и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.444
    Допаѓања:
    12.970
    Пол:
    Машки
    Сега до протата е.

    Знаеш дек порота одлучува за најголем дел, ако не и сите случаи за убиство?
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.101
    Пол:
    Женски
  20. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.837
    Допаѓања:
    23.530
    Пол:
    Женски
    Откако заврши судењето, на FYP имам само анти Џони Деп тиктокс, и тоа популарни. Прекина плаќањето на кампањата, the world is healing. :whew:
     
    На Demi_, Dancewere, Konfetka и 2 други им се допаѓа ова.