Џони имаше поддршка и од Биковиќ, а во меѓувреме еден од поротниците со изјава за тоа кога и како ја откриле оваа дека лаже. Џони Деп со српски детаљ на судењето на деценијата: Милош Биковиќ веднаш се огласи (ФОТО) Ја закопа Амбер – Поротникот си ја отвори душата: “Каква луда жена! Ќе ви кажам точно во кој момент сфативме дека лаже”
Сте се изнапишале страници и страници значи се дигнало прашина за случајов. Не сум читала што се' се изнапишало тука, ама сите што сте на страната на Џони, бевте и се уште сте да знаете убаво ве обработија неговиот тим на адвокати, а можеби сте од армијата на неговите фанови па гледате со огромна доза на пристрасност или платените наслови кои со години ја урнисуваат Амбер и нејзиниот кредибилитет си вродило со плод. А за случајов потполно се слогласувам со адвокаткава https://www.crnobelo.com/novosti/do...er-herd-toj-ne-mozhe-da-go-dobie-ovoj-sluchaj Oсобено со овој дел: '' Гледано низ моите правни вијуги, Mr.Depp не може да го добие овој случај и тоа повеќе на правни основи отколку на фактички. Ама тоа не е интересно за читање. За жал или не, САД е земја во која одлучуваат граѓани кои не се правници, а со тоа е и земја каде во исто вакво судско шоу поротата ослободи двоен убиец кога одлучуваше во случајот О.J.Simpson само затоа што ѝ се допадна магијата на одбраната.'' Ама ете таа погрешно проценила дека не може да го добие случајот, па и на толку докази и факти да се зачудиш како му успеа, ама објаснето е погоре како е таму, така што USA and the show must go on
Во право е жената, според правото односно да судеше некој што има знаење на област право, немаше основа да победи Деп. Ама не израчунавме дека просечни луѓе одлучуваат, а гледаме колку е лесно просечниот човек да биде изманипулиран.
Во право е адвокатката, ете судијката покрај 10 милиони, оние дополнителни 5 што требаше да ги плати Амбер ги намали на најниско можни 350 000 Еве ја и штетата што ја направи пресудата читаме погоре за ова и Амбер и нејзиниот адвокатски тим во завршните реченици се изјаснија за оваа можна штета. Јас само не разбирам меѓу фановиве и на темава жениве како се дрзнуваат да ја осудуваат, кога тој во неколку наврати беше фатен дека не признава дека ја удрил, па отпосле кога се докажа дека ја удрил да потврди дека така било. Затоа и тој треба да и плати отштета од 2 милиони, а и претходно изгуби во случај за покрената тужба на Сан, а и сега и тогаш брдо докази си има дека не му е чист газот. Ама ете ради машинерија, со години уназад плаќани се луѓе да пишуваат статии, да ја малтретираат и урнисуваат на секаков можен расположлив начин, ама Џони нели е во прашање
@Demi_ кога ќе сфатите ти и таквите како тебе дека личност не се брани според тоа кој пол е и што има меѓу нозете? Ако гледавте цело судење ќе сфатевте дека Амбер немаше докази, изгуби поради недостаток на докази и во секоја лага беше фатена? Тука никој не го бранеше Џони, кажавме дека не е светец или си читате она што ви одговара и си сфаќате како ви одговара?
А ти како заклучи дека јас и таквите како мене по кои основи браниме? Да, да немаше докази кутрата, затоа судијката едуцирана за тоа и ја намали казната на минималната можна според закон, онаа другата сума беше одлука на поротата. Очигледно вие си читате и сфаќате како ви чини. Знаеш дека судијката можеше да не интервенира во висината на казната? Зарем и таа ја сведе на минимум дека како мене и таквиве линости како мене суди според тоа која личност што има меѓу нозе
Дај докази дека била силувана со шише, дали приложи? Не. Да не одиш на доктор после такви искази... Шо е со лагата дека ја турнал Кејт Мос? Со донацијата? Значи докторите шо сведочеа дека има нарушување се глупи само ние најпаметни тука.
И што ако има нарушување? Ај прочитај што сум пишала на темава па да тераме некоја асална дискусија вака само напаѓаш како јас и таквите како мене според што браниме и заклучуваме па и види до кај одиш јас тебе да сум ти давала докази за Амбер Еве не мора да читаш што се' сум пишала отвори ја само изјавата на адвокатката со која потполно се согласувам за делот во врска со Амбер. Друго и за Кејт Мос даде објаснување и за парите како што јас ја разбрав од нејзиното сведочење што ти е нејасно во врска со тоа? Сепак ако си решила да сметаш дека лаже твое си е, ете од такви личности што вака размислуваат како тебе и имаат право таму да се дел од протата без никакво формално познавање на правото таа изгуби и ајде радувајте се ако толку ви значи ''успешната'' пресуда во полза на Џони. Еве мене релевантна и едуцирана по право штом и намалува казна на минимум многу ми укажува за тоа колку ја смета за виновна неа лично, ама пишав погоре ради машинерија во полза на Џони таму, откако во Англија му падна се. Во Англија нема порота таму само правници учени за тоа што раб. одлучуваат по приложени докази. Ако на вас ви се нормални сите пораки кај што вика да ја убијат и да не набројувам што друго да и прават супер што да пишам повеќе ќе е излишно.
@Demi_ ја уште чекам докази од Амбер. Објасни, зошто не била на доктор ако Џони и брцнал со скршено шише? Така изјави, немало потреба. Смешки.
Ти воопшто го немаш гледано судењето објективно и целосно, воопшто не обрнуваш внимание на милионите докази дека Џони Деп е насилник, воопшто не си слушала што и како он збореше додека сведочеше, воопшто не ги слушна неговите „експерти“ и сведоци и кој од нив е платен и со кого од нив вечера, воопшто не слушаш дека човекот има милион судења во неговиот живот и сите го обвинуваат за насилство и бил уапсен кога Амбер уште не ни била родена - не може сите да лажат освен него, значи толку си навлезена у некоја твоја фантазија дека Џони Деп е светец --- и да, го мислиш тоа, затоа што не реагираш исто спрема луѓе кои го бранат него и кои ја бранат Амбер. И пред да кажеш нешто, да, она и она му враќала и го „тепала“ со сите нејзини 50 кила во тоа време - што се мене тиче, требала посилно, ама ај не знаела што се ќе и направи во иднина.
@Srckata28 ти излагаат на Тикток видеа какви што си гледала. Таков е алгоритамот. Не се радувај. Најново: Амбер Херд го уценувала Елон Маск со снимки каде го снимала фека се облекувал како бебе и други бизарни работи што правеле додека биле во врска.
Срце, гледав, и исто кажав од порано, ако е крив, нека одговара. Не го направив јас светец. Само јас кажувам дека колку што знам на суд се оди со докази. Имаш доказ, имаш случај, толку. Исто паметам дека реков дека и Џони е за лечење, а дека ги плаќал неговите сведоци да сведочат за него знам и дека кривично дело е тоа ако некој сведочи лажно. Исто и ова Сериозна повреда е тоа, мора на доктор, мора да биде под докторски надзор кој ќе напише извештај патем. Кога имав јас вагинална инфекција морав да лежам у болница една недела а не пак некој да ми брца со шише шо е нешто пострашно. Ама она не била, така даааа...