Отсекогаш го сакав како актер, ама одамна не сум гледала негов филм, не сум љубител на жанр од типот на Пиратите од Карибите, ама има други добри филмчиња. Си го заследив на инста, многу ми е јебозовен вака постар и многу убав глас има На темава, веќе излишно е да се зборува, се' докажа што и како било и нека си го добие секој заслуженото.
Прво она ги фејкира модринките со шминка, па ги фотошопира модринките, па после навистина има модринки ама не се од Џони Деп. Научна фантастика да докажеш дека маж ти е насилник. цц Се понижувам себеси што воопшто се обидувам да ви докажам нешто, кога нема тука некој желен да го употреби мозокот.
@Srckata28 ние чекавме докази, она немаше, успат го молеше да и се врати. Си запнала за модринките, а не коментираш ништо околу шишето и модринките на Елон, ама не, Амбер е жртва, ок е.
Де кажи како тоа се фејкира скршен нос со шминка по еден ден откако некој ти пукнал бокс , за другарка прашувам , маж и е боксер па да не се срами по настани модар да го носи . Ако е шминка , не е магично стапче , аман жено употреби една мозочна ќелија веќе . ЏОНИ ДЕП НЕ Е СВЕТЕЦ И ТОА Е ЈАВНА ТАЈНА , АМА АМБЕР ХЕРД НЕМА ВАЛИДНИ ДОКАЗИ ДЕКА ФИЗИЧКИ ЈА ЗЛОСТАВУВАЛ ! Ниту една слика , ниту една лузна , ниту еден сведок да потврди дека шетала модра и со скршен нос ! За скршен нос да се поправи ТРЕБА ОПЕРАЦИЈА ! А таа операција МОРА ДА БИДЕ ЗАПИШАНА во историја на болести на пациентот ! Дури и во приватна клиника да ја правела ! Скршено шише на деликатно и осетливо место како што е женски полов орган да влезе , и да немаш потреба да одиш на доктор ?! Сигурно Џони бил у фазон као " не се грижи љубави , ќе бидам нежен " . Апсурдни сте сите што ја браните Амбер во конкретниов случај . Девојката лажеше очигледно ! Ако не лаже , зошто нема ВАЛИДНИ докази ? Доволен е САМО ЕДЕН документ издаден од доктор и светот на Џони ќе се сруши како кула од карти . Она го нема ниту тој еден доказ . Види ја Ријана и кажи дека она лаже Девојката до денешен ден има лузна на усните , дури и во интервју со Опра зборуваше за лузните , ако не веруваш изгуглај и ќе се увериш и сама . Каде се лузните на Амбер што толку ја браниш ? Не постојат или " ги фејкира и фотошопира " дури и кога оди во емисии ? И не , не се понижуваш со твојот труд да докажеш , туку со тоа што грешиш и упорно одбиваш да прифатиш дека тука е Џони жртва , не Амбер . Да жена е , да Џони не е светец , но во конкретниот случај таа лаже и точка . Од авион се гледа аман .
Мисламммм...светец е на крај ќе испадне. Немало да и ги бара парите за отштета . Што секако нема да го погоди финансиски оти кариерата пак ќе му се вивне, ама ретко кој нема да ги побара парите . Сега и ПР потег е секако, зашто можеше да ги бара за да ги донира на таа болницата, ама тогаш ќе скокнеа дека од самохрана мајка зема. Ниедна не рече дека Џ. е светец, мене впечаток ми остави и тоа што и' рекол, или рекол без и', дека никогаш повеќе нема да му ги види очите, и тоа мислам го демонстрираше -ниеднаш не ја погледна. Тоа не го прави некој кој е психопат.
Баш пред некој ден Бен и Камила беа на интервју во Добро утро Америка и кажаа дека веројатно нема да бара оштета Џони.
Потполно се согласувам . И самиот кажа " Не се работи за парите , туку за честа и угледот на моето семејство , моите деца и мене " .
Целосно ја поддржувам Амбер Херд и срам ми е што макар на кратко и површно подлегнав на ПР машинеријата на Деп пред да истражам валидни докази. Знам дека станува збор за двајца јавни личности кои не ни знаат дека постојам, duh. Но, мизогината атмосфера која произлезе од случајов долго ќе влијае на жените жртви на семејно насилство воопшто. Луѓе по ТикТок вадеа од контекст изјави, се исмеваа со сведоштвото на Амбер за доживеаниот сексуален напад, правеа псевдо-психолошки анализи на секој нејзин чекор како да е body language кој укажува дека лаже, па дури и обично бришење го протолкуваа како шмркање кокаин на сред судница... страшно. И не, не ѝ верувам слепо како феминистка пошто е жена, туку зашто тон докази и мислења од експерти за семејно насилство го потврдуваат нејзиниот статус на жртва и злоупотребата на моќ од страна на Деп. Случајов ќе остане еклатантен пример на сеопштата мизогинија, медиумска неписменост и подложност на пропаганди кои владеат во јавноста.
Не заборавај дека заземањето на страна на Деп се должеше најмногу на тоа што е згоден и познат. Не можеле да веруваат дека нивниот фаворит е насилник. Случајов испадна само уште еден доказ дека кај што има сила и добар пр нема правдина.
Исто. На почеток, краток период верував во приказната на Џони, стварно добро ја продаваа, сепак експертски тим стоеше зад него. За брзо време станав неутрален и мислев дека и двајцата имаат вина и никој од нив не е невин, за да денес ставот целосно ми се промени во поддршка на Амбер. Адвокатката на Џони, Camille Vasquez е толку одвратна особа, колку повеќе читам за неа, за нејзината историја, за луѓето што ги застапувала на суд, се повеќе сфаќам колку добра манипулаторка е. https://twitter.com/carriecalista/status/1653185606506409985
Немој така бате Старк, не чули сесрите инфлуенсерски феминистички феминисти позади тестатури. Иначе одма ќе тргнат у борба храбро.
E dobro da iskrckam prstive i da spremam nekoi govori, ako slucajno me citira nekoj, me iznenadi na so me citirashe iskreno, sosema zaboraviv deka sum se vklucil vo ovaa diskusija. Mora da preprocitam cel slucaj itn.
Јас не го следев судењево додека траеше, гледав на Нетфликс отпосле. Од тоа сумирано, заклучив дека: 1. Амбер лаже и тоа за работи за кои има докази дека лаже 2. Џони е зависник кој треба да се рехабилитира 3. Моја пресуда: две болни личности со огромно его правеа шоу. Џони го разбирам, на негово место и јас ќе сакам да си го избелам образот, пошто имаше огромни реперкусии поради кансел културата (која не ја поддржувам) и верување на збор без докази. Генерално, обично верувам на жените, во овој случај не и' верував на Амбер.