Мене пак не ми се верува како некој има лице тука да пишува на темава во определена (сензитивна) насока, после сите работи шо претходно ги напишале.
Муабетов: мажите да ќутат и трпат бидејќи ако прозборат тоа ќе направело помалку да им се верува на жените жртви. Ајде што мажи сте, трпете малку, жртвувајте се бидејќи повеќе жени жртви има. Плус посилен пол сте биолошки, можите да се одбраните некако. После се чудиме зошто го хејтаат феминизмот, а ова е сѐ освен феминизам.
Може да пријавуваат и мажи АМА да не бараат правда преку новинари и медиуми, да не се зборува јавно, да не се изнесуваат јавно статистики. Тоа го зборам. Подобро да се лаже за статистиките него некоја да умре таму. Нека се решаваат тие случаи помеѓу нив двајца и правните лица. Толку. И пак е во контекст на Џони ова зашто цел свет буквално следи што се дешава. А не мораше. Можеа да решат без да знае светот.
После мислењево нема повеќе да пишувам во темава затоа што стварно не ми се верува колку од што пробуваме да бидеме прогресивни идеме назад. Во општество каде што жената најчесто е жртва на семејно и сексуално насилство и каде што мажот е најчест силувач и насилник (и врз мажи и врз жени), не можеме ист фокус да дадеме на машки и женски жртви. А сега што се случува? Се става фокусот на „исклучок“ кога жена е насилник врз маж. Реално, сите докази и против Амбер и против Деп, во наши очи треба да бидат на ист левел веродостојни. Тогаш како не го гледате проблемот што цел ебан свет се сврте кон Амбер, иронично со најнасилнички пораки. Ја прогласија за најголем негативец на светот (ко да сме у ебан филм), а вакво јавно линчување (до овој степен) никогаш до сега ја немало за славна машка личност. Се исмејуваат нејзините детални изјави за силување, се анализира секој нејзин потег и буквално не можам да опишам какви се лоши работи се збори за неа. Самата реакција на јавноста треба да ви е доказ дека светот го боли кур за жени кои се жртви на насилство и нема ништо да биде исто после судењево, макар и Амбер Херд да победи, јавноста си донесе свои заклучоци и тоа е тоа. И сега кажете ми, како можете да ги гледате СИТЕ докази, Амбер Херд да е манипулатор, ама агресивните однесувања, сексистичките пораки на Џони Деп кои беа изнесени на суд да не ви значат ништо? Ова е многу релевантно, затоа што кога веќе збориме за машки жртви зошто збориме во тема кај што немаме машка жртва? Као стварно, седнете, размислете, и кажете ми како дискусијава што ја во моментов збориме не е штетна за жените жртви? Како го свртевме пак муабетот да се фокусираме на мажи? Еве ви артикл: Без разлика кој ќе победи на судењето на Џони Деп и Амбер Херд, најголемите губитници се жртви на семејно насилство https://inews.co.uk/opinion/johnny-depp-amber-heard-trial-losers-victims-domestic-violence-1612809 Тука е убаво објаснето дека целата реакција на јавноста е сексизам против жени. Се додека вашиот феминизам не е со фокус на жените и на нивната колективна позиција во општеството, туку е со фокус на „колку и двата пола можат да имаат бенефити од феминизмот“ нема никаде да стигнеме.
Не е. Ама се манипулира со ставовите на околината така. Колку повеќе се протнува идејата дека жената е почесто жртва и невина, толку поверојатно е дека ќе добие помош кога треба, секако И пак ќе повторам Нека си бараат правда. Ама не јавно.
Цитирај ме каде реков не е битно. Си ме помешала со некој друг. Она што јас реков е дека не знам кој е крив во случајов, бидејќи го немам следено. Ако има докази дека Џони е насилник, тогаш верувам на доказите и фактите. Темата се замеша со тој став - дека рандом Петре од Свирипичино, ако го истепа жена му дома со сукало мора да ќути и трпи во името на жените жртви на насилство. Свесна сум дека не им се верува на многу жени кои се жртви, ама други жртви да ќутат не е решение. Решение е да се искорени сексизам и тој toxic masculinity.
Нема да е крив Џони сам по себе, туку целиот концепт на "men can be victims too" А случаи како овој само го разгорува тоа.
Жртва, без разлика од кој пол, е жртва. Ако мислите дека жртва треба да трпи за ваш комфорт - сте насилници и преиспитајте се. Ако се шо ќе кажите против мажи жртви на насилство, можи да се кажи и за жени. И ако така не ви се допаѓа - преиспитајте се. Веројатно тлеј некоја омраза и насилство во вас ако сакате да истисните жртва само ради свој пол. Пошто такви изговори можи да има за двата пола. А не треба да има. Сите жртви треба да се уважени. Срам. Не е вредно за дискусија дали жртвата е жртва и зависно од полот дали треба да кажи. Некогаш ми се чини за инает се контрате и немате попаметна работа па да се прај нешто оти здраворазумна личност не би аргументирала вака.
Која е разликата помеѓу барање правда јавно и приватно? Овој случај е јавен бидејќи се јавни личности. И малку циркус се прави. Како обичните смртници би барале правда приватно? Ќутејќи да не ги дознаат комшиите? А знаете друго што? Можеби, само можеби, како исклучок се рачунаат мажите жртви бидејќи едноставно не пријавуваат насилство. Нема толкав дефокус да има од жртвите жени ако се потенцира дека и мажите се жртви, не се плашете. Жртва е жртва, не можи едните да се погреота од другите.
Не одиме наназад одиме У БАЛАНС,дефинитивно потребен.Тоа е реалното стање во општеството. На почетокот мислев циркуз,али добро е што се снима судењево и се поткрева свест за врска со насилници и манипулатори (машки и женски,физички и психички) Негде прочитав коментар под видео иза судењево од жена се радува што светот ги воочува тактиките на Амбер истите што нејзиниот бивши ги правел на суд.Тоа е тоа и да изгуби(што мислам тешко) он доби.
Еве случајот со Пале од Велес беше до некаде јавно. Цела држава дозна која е Пале и што се случило. Имаше по медиуми, јавна поддршка доби од наши активисти, па и тука на форумов се пишуваше. Е замисли така некој како Ирена Цветковиќ (на неа ми текна прво) да бодри некој маж што си ја отепал жената во самоодбрана. Или било кој активист, или вие тука. Замисли цела држава да бодри убиец на жени. Можеш да замислиш? Ни малку не ти ствара одвратност? Приватно мислев баш на спротивното. Нема медиуми, нема новинари, никој не знае што се случува освен мажот жртва, жената насилник и лицата кои директно учествуваат во решавање на случајот (судија, адвокати, полицијата) И откако ќе се реши, без разлика кој бил исходот, случајот се брише од секаде. Нема податоци, нема статистики со проценти. Дури и да има, не смеат да се пласираат пред јавност.
Вака, дефинитивно јавното мислење е наклонето кон Џони зашто со години важи за Холивудска ѕвезда, на сите ни е пресекси и му ги сакаме филмовите. Втората причина е пропагандата што го прави случајот заебанција, со мемиња и шали при што се креира едно популарно мислење што сите автоматски го следат. АМА не ми се верува што прочитав! Вие велите дека мажите кои се жртви на насилство не смеат јавно да го обелоденуваат тоа затоа што тој чекор го гледате како закана? Насилството раѓа насилство, секое оправдување и сокривање на едно насилство само го продолжува кругот и поттикнува ново кое понатаму ќе биде насочено и кон вас. Жртвата е жртва и има право да зборува само поради фактот што е жртва, без да мора тоа да биде во името на феминизам, еднаквост и било какви други движења. Многу ви се неетички мислењата. North Korea core
Ама не знам што ве чуди. Можеме до утре да збориме дека жртва е жртва и можам и јас да се согласам ама факт е дека околината лесно потпаѓа под влијанија, особено кога машко е жртва. И онака живееме во "машки свет", ако се протурка концептот на men can be victims too, само ќе им биде добредојдено на мажите насилници. Многу полесно ќе им биде да се правдаат дека он е невиниот. Можам и јас да бодрам некој да се избори јавно против партнерката, ама за жал на последиците кои следат не можам да влијаам. А тие ќе се присутни, сакале ние или не. Оти да, за жал мислењето на околината се менува во зависност од она што им се пласира. И од таа околина и менталитетот зависи кому ќе му се помогне, колку ние и да се лупаме во гради дека жртва е жртва. За нас може е, ама за другите не е. Исто како што на сите ни е јасно дека ниедна не си го бара да е силувана и можеме да ѝ ломотиме колку сакаме на некоја жена, ама за жал сите не мислат така. И баш ради тие што не мислат, она ќе се срами да пријави, без разлика што има поддршка од одредени и и сама знае дека не е крива Сериозно мислите дека исто ќе се третираат жените жртви ако тргне натака?
Ама стварно нема логика ова што го пишуваш. Не, не може мажите насилници магично да се правдаат и извлекуваат ако вистинските жртви јавно говорат.
За тебе и за другите овде може нема да смени. Ама не знам зашто негираш дека на околината ќе ѝ смени во врска со жените жртви. Men's rights activists низ светот исто пробуваат да го протнат ова ама затоа сите ги исмеваат.
Многу себично од твоја страна, секој што е жртва треба да зборува отворено за тоа. Нема разлика дали е машко или женско. Сите треба да имаат храброст да го пријават тоа што се случува.
Како можете да заземате страна кога не сте ги виделе доказите?? Џони деп е познат актер ама и амбер е исто така, не ми е јасно зошто само вака се бламираат пред целиот свет Може да ми каже некој што ги следи кои докази беа изнесени?
Значи маж ако убие во самоодбрана тогаш тој е убиец, ама жена може.. Ова првпат слушам вакви мислења, несмислени.