Се' што ќе смени е да се гледаат еднакво жртвите, без разлика на пол. Ќе се тргне стигмата. Секој чекор кон рамноправност, е поблиску до 'подобро утре' Ако некој добие право, кое ти веќе го имаш, не значи дека ти зема дел од твоето, туку дека станува еднаков со тебе... во очите на општеството, системот, човештвото...
Истото сакав да го искоментирам. Не сум запознаена премногу со случајот ама уште пред да започне делот кога треба да сведочи Амбер, сите застанаа на страната на Деп. Јас мислам дека ни едниот ни другиот не се цвеќе за мирисање ама доказите треба да пресудат.
Добро ја не знам дали не читате. Да, по правило едни права не се кратат ако други се добијат. Ама тука не збориме за менување закони, туку за менталитет, ставови, пристрасност. Јас истите права ќе ги имам точно. Ама околината уште повеќе ќе ме осудува ако утре јас сум жртва и помала е веројатноста да ми се помогне, без разлика што законите ќе се исти.
Вероватно заради популарноста но доказ си е доказ, единствено што видов дека имаа видео од амбер и елон маск во лифт и тоа откако била разведена со Џони деп, некако повеќе е пропаганда откако се базираат на докази
Оклината знае доволно за правата на жените, во однос на тоа што знаеше пред 20-50 години и тамам е времето да се воведуваат сите маргинализирани групи, сите отфрлени од општеството... Еднаш мора да се почне. И не гледај толку црно. Нема да пропадне светот. Полоши проблеми (сме) имаме/ле од овој, па (сме) ги пребродуваме/ле.
Како е таман ако уште е во огромен процент застапено насилство врз жени, од секаков тип? Да беше реткост, ајде де, ама не е. Па уште читаме коментари дека сама си го барала и слични. Башка ниеден маж не може да биде лошо истепан или убиен од жена, без гајле. Најлошиот исход на маж жртва не може да биде полош од оној на женска жртва.
Oк, значи по малце ако ги тепаат во ред е, не се мажите жртви тогаш. Само да не е лошо истепан. Јас разбирам дека далеку поголем е процентот на насилство врз жена, ама жртва е жртва, без разлика на пол.
Амбер сведочеше, сега треба да ја испрашуваат адвокатите на Џони. Можеби и двајцата си се виновни, само сигурно судењево е заради тоа што Џони изгуби се, а Амбер нема ништо изгубено. Од каде да знаеме која е точната бројка кога и мажите не зборуваат отворено за ова. Зошто е срамота маж да биде физички и психички малтретиран.
Колку судења не само надвор туку кај нас се јавни појма немате зошто не следите не ве интересира така да не лупајте без врска. Мал процент на судења се затворени за јавност. Чудно ни е зошто кај нас не се пренесува нешто на таков начин како во Америка и ова не е прв случај што е пренесуван на тв и сл. За коментариве дека мужи не се жртви туку пичкишо се жалат јер јеблте посилен пол мислам дека @theowndemon ви објасни се. Стварнп читнете ги главите пред да истрескате глупости макар и на форум
Ммм никогаш не сум кренала рака на маж ни на жена. Така да, според мене не е во ред насилство ни врз маж ни врз жена. Ама, ако сте нападнале па сега се утешувате вака, добро. Треба да има статистика колку и мажите се злоставувани насекаде. Со туркање проблеми под килим се ствара уште поголем проблем. Само ако е маж не дава право да биде нападнат од жена, партнерка, колешка итн. Прво е човечко битие па после маж. А, утре девојчиња кога ќе ви го малтретираат син ви ќе видам дали вака ќе се мисли. Ова скроз оф топик, уште си стојам на тоа дека и Џони не е чист како солза за случајов ни пак Амбер.
Како извртувате, свака част. Што е до нас овде, океј. Исти кур ни е може дали жртвата е маж или жена. Ама за околината, правниот систем и сите што треба да го решат ова, нема да им биде. Па ова е баш она what about men кое нели е толку омразено кога се збори за жени жртви. Кога стана толку релевантно, еве не знам. Еве со случајов со Џони гледаме коментари од типот "Believe all women is bullshit" "Women can be violent too" Значи на одредени луѓе веќе им става во глава дека еј чекај и жените се насилни а не жртви. И колку повеќе мислат вака, односно колку помалку мислат дека секогаш е она жртвата, толку помалце веројатно да им се помогне на тие што им треба помош. А баш целта на кампањите треба да оди во прилог само и само на жени. Јас не сакам утре да не ми веруваат, да не можам да докажам, да го стават насилникот како жртва, место мене, зашто шансите тој да е жртва би биле еднакви како моите, наместо многу многу помали. Вас ако ви е океј ова да ве снајде, вие си знаете.
Се согласувам. Според тебе секоја жена е жртва и не може да биде насилник? Зошто само на жени? Ако сакаш еднакви права, тогаш треба да бидеш рамноправна кон сите. Ако имаш докази, ќе ти веруваат. Сигурно не би го одбиле случајот, оти насилникот е маж. Рамноправна си пред законот!
Може да биде и насилник. Ама таа мисла доволно е да биде некој common sense, не нешто што се пропагира јавно. Зашто на жени им е потешко можеби? Мислам... нормално е да помагаш на тој на кој му е полошо прво, после на другите што може да почекаат. Доказите може да не ги прифатат зашто ќе биде - сама си ги нанела, како Амбер што направила. Зборам Амбер во моментов, ама ако на виделина излезат слични случаи, би ме споредиле со нив и нема да ми веруваат. Значи упорно и упорно верглам како околината, луѓето општо ќе гледаат на жените. Не јас, не ти, не членовите тука. Од сите нас би добила некоја поддршка ама ние не сме правни лица да влијаеме на процесот. Ние нема да речеме "сама си е крива" ама многу би речеме.
Тоа нема врска со други случаи. Нормално е правниот систем да се сомнева во твојата искреност дур не му приложиш цврсти докази.