Молам? Зошто да не се изнесуваат јавно? Кога таа статистика е јасна, мажите се во многу поголем процент насилници од жените. И тоа треба да се знае и таа статистика треба да е јавна. Тоа што сега ти и уште неколку негирате дека постојат и мажи замисли жртви на психофизичко насилство и сакате да ги стрпате под тепих, е буквално идентично на дискусијата за негирање на биолошки пол. Не помага ни на феминизмот, ни на жртвите жени, ни на женските права воопшто. Малце сте ја утнале поентата на феминизмот. Ако си феминистка не значи дека треба да ја браниш секоја една жена без разлика на нејзините постапки или да цензурираш дека и жените можат да се насилници, убијци и слично. Буквално никому не помогнало ни ќе помогне негирање дека вакви мажи и жени постојат. Инаку на темата за судењето помеѓу двајцата колку што пратам ми е повеќе од јасно дека станува збор за двајца лудаци и обострано насилство. Никој тука не е прав.
Циркус без пари е ова шо се случува со двајцава. И двајцата се криви. Он тежок наркоман, она со психички пореметувања. Дека Амбер подлажнува и глуми е точно, ама и Деп не е светец, плус подобро глуми. Најверојатно не ја злоставувал физички, ама се друго верувам дека се случило.
@Munchmallow20 имаш премногу песимистички поглед што веќе е на граница на апсурд. Истите луѓе кои не би ти верувале во некоја хипотетичка иднина и онака веќе не ти веруваат. Дали некој маж ќе збори јавно нема да го смени фактот што тој дел од средината никогаш нема да ти верува. Што се однесува до останатите, живееме во генерација каде што се посветува огромно внимание на овие теми и таква радикална промена во ставовите е малку веројатно сценарио. Точно е дека жените жртви учествуваат со диспропорционално поголем број. Убиства од партнер, тепања, сексуално насилство - вистината е дека 90% се мажи сторители. Ама со тоа што ќе забраниш и мажи жртви да говорат јавно апсолутно никако нема да им помогнеш на останатите жртви, туку само ќе ја храниш идејата дека е во ред понекогаш да се претрпи и премолчи насилство.
Ова што манчмелоу го зборува е НИШТО споредбено со она што просечен балкански маж мисли за мажи жртви на насилство од жени, само да ви кажам.
Не коментирам за Џони и Амбер, туку се чувствував инспирирано од темата што се отвори погоре. Со радикализам никој никогаш нема да смени нешто на подобро и порано или подоцна ќе се јави отпор кај обесправената група, па ќе се распадне сѐ. Впрочем, така се случи и со други раси и со жените. Колку правиш поголем притисок, толку ќе имаш и поголем отпор. Долготрајни, издржани промени постојат со постепени, помали чекори и тоа многу јасно се гледа од самата природа на човекот. Луѓето сме склони кон одржување на навики и одење по линија на помал отпор, во сите сфери на животот (сѐ каде што треба да се помачиме - да тргнеме од учење, штедење, исхрана, спорт итн, како банални навики кои ни се тешки за одржување), а особено кога се работи за наши верувања. Наивно и нереално е да мислиш дека некој ќе трпи и ќути за туѓа корист. Така само се продлабочува јазот меѓу двете групи, затоа што ги губиш и луѓето кои биле несигурни и давале простор за менување на своето верување/мислење и ги претвораш од неутрални во радикални опозиционери. Реална промена настанува кога другата страна ќе може да го види your point of view, а нема да сака да го види ако се чувствува загрозена или нападната. Е ама, тоа е бавен процес. Сите познаваме луѓе со лоши навики и ставови и ако гледаме колку е тешко да преубедиш една личност, што останува за маса на луѓе или цело општество... За тој што ја гледа неправдата, фрустрирачки е, да, и во неговиот краток живот, промените се екстремно бавни, ама исто како што биолошката еволуција не можеш да ја мереш од денес за утре, така не можеш да очекуваш и социолошката, општествената еволуција, особено за поларизирани и контроверзни теми, да се случи за прекратко време; може нема ни да се случи во твојот животен век. Така што, не се согласувам дека треба да ги забаталиме мажите. Можеби ако почне да се зборува и за нивни проблеми од аспект на наметнати општествени очекувања, неправди кои и тие ги доживуваат (нели патријархатот е лош и за нив?), ќе се намали токсичната мажественост затоа што ќе се сфати дека е океј и мажите да ги искажат своите чувства, особено тие на несигурност, страв, тага. Од друга страна, ако целосно ги потисниме нивните проблеми, тогаш што сме поразлични од тие мажи кои го исмеваат и отфрлаат феминизмот? Или тоа е океј, затоа што жените трпеле и во одредени делови од светот трпат одредени работи, па ајде да им вратиме? Ништо не се постигнува со одмазда, туку само се прави поголема огорченост. На крајот од краиштата, не може прогресивен маж од пр. Шведска, да го третирам исто како конзервативен маж од Саудиска Арабија. И сега испаѓа, заради овој од Саудиска Арабија што млати жени, да трпи и овој од Шведска, што ги гледа жените како еднакви. Понатаму, како што реков, мора да се има умерен пристап и да се сфати дека само затоа што некој не е мисловно на исто место како тебе заради Х фактори поврзани со личноста, не мора да значи дека со правилна поддршка, објаснување, дискутирање и најважно: ВРЕМЕ, нема да стигне до истиот заклучок како и ти. Ама поради тоа што не си му дал шанса и си го напаѓал цело време, си го спречил тој напредок. И пак, како што постојат конзервативни мажи кои се водат стриктно по традиција, постојат и мажи кои имаат доволно свест, што и покрај начинот на живот и размислување во нивната околина, ќе успеат да ги отфрлат тие штетни сфаќања, сами или со нечија помош. Од друга страна, како што постојат жени на кои им е потребна неизмерна поддршка и заштита, постојат и жени кои како и конзервативните мажи, гледаат исклучиво како да ја доведат ситуацијата во своја корист, користејќи ги модерните движења за заштита на првите жени.
Можеби е Џони виновен сам кон себе за алкохолот и дрогата, но за она за кое беше оптужен не. Доста изгуби сè во последниве 5-6 години, време е светот да види каков психопат е Амбер, и да плати за тоа. Истата онаа Амбер која во предходната врска ја малтретираше физички својата тогашна девојка, па дури и во јавност ја тепаше, па си има досие за семејно насилство. Да не зборувам за сите други болни работи како дефецирањето во кревет, снименото исмевање дека никој нема да му верува само зошто е маж, позирањето со шамивче за камерите итн. Што се однесува до тебе Тан4енце, иако е очигледно дека некои на форумов се привилегирани еве вака да си имаат дупли профили - од кој профил сакаш верглај го истото, фактот останува дека и мажите (може да) се жртви, и колку сакаш сама себе теши се, сепак секој еден, макар "најмал" удар е насилство, и да, ти и понатаму остануваш насилник по она со дечко ти. Само загрижувачки е што еден ваков, наводно безбеден и инклузивен форум, остава да постојат вакви болно загрижувачки реченици и мисли какви што се твоите.
Не ја читав цела дискусија но баш болдираното на Munchmallow има смисла, факт е дека мажите се физички појаки не знам зашто чудење. Мажите може да се жртви на пасивна агресија но да кажете дека жена може да претепа маж е пресмешно.
Ама може да му удре шамарче, клоца итн? Или и тоа ти е пресмешно? А и тие жени што тепаат мажи и гледаат низ оваа призма дека никој ништо не им може стварно нека се преиспитаат.
Гледам се убацуеш на сите теми а не дочитуваш, пишала не може да биде лошо истепан како што може жена да биде од маж, смешно е воопшто да се споредува удар од жена и од маж.
Не е пресмешно. Има и такви мажи што не враќааат на жена, па трпат. Имаше маж во Македонија пред неколку години жртва на насилство, претепан со штикла, лично го знаев случајот, може и тоа ви е пресмешно.
Сакаш да кажаш дека она го тепала со штикла а он не ја оттргнал од себе да си замине туку останал да го тепа?
Зема со лопата го мава. Зема со штикла го мава. Еј можи и со нож. Ама маж е. Не можи жена да го повреди. Ќути си. Трпи си. Second hand embarrassment.
И да се тргнал ако мавала со штикла не е насилство? Не, истепан беше и по полови органи и по лице, глава. Се важи?
А си размислила ли некогаш, можеби мажот не е насилник ко жената, и нејќе да врате со иста мера? Ова е исто ко да пишеш: па зошто не се бранела, сама си дозволила да ја претепа мажот. Или, па требало и она да го истепа, да виде како е да се удира жена.
Добро во кој век сте? Жртва на насилство е жртва на насилство. Маж или жена, небитно. Не го болело толку колку што ќе болело маж да удри жена. Леле ебати логиката. Значи ако маж само ја лупне жената онака благо по глава, ништо не е? Или е? И што со тоа ако е зависник? Као заслужил? Никој не заслужува ни психичко ни физичко насилство. Едит. Тоа е исто како да оправдаш зошто маж претепал жена зошто се напила со другарките. Сама си е крива муабетот
Не си видел ти жена у жута минута изгледа. Ја си иам истепано бифш.Не го претепав, логично, ама го истепав У некои моменти, ние жените добиваме енормна сила у нас Не потценувајте никој, ни маж ни жена, ни слаб ни дебел, не знаете као може да изреагира некој у афект. Досаден е више муабетот дека женско не може да истепа машко. Бар од лични искуства кои не би ги зборела, за да не ме препознае некој