Има жени што вежбаат спортови како карате, кик бокс итн... И тоа како може да истепаат маж. Ете пример некој со физички изглед како тој на Џони. Низок е и нема некоја голема мускулатура. Не сите мажи се метро и 90.
Кога зборите дека жена не може да тепа маж, само да ве потсетам на случајот со младиот ракометар што почина, каде што сите видовме девојката како го шутираше крвнички.
Имаше еден случај во Велика Британија, каде девојка психички и физички го малтретираше партнерот, буквално до раб на смрт. Го изгладнуваше, гасеше цигари од него, го поливаше со врела вода, го бодеше со нож, го врзуваше со јажe и шо уште не. Дечкото, поради оваа стигма дека жена не можи ништо да му направи на маж, се срамеше со години да пријави во полиција. Случајов е целосно документиран можи да пребараш на нет и да се увериш шо можи да направи еден ЧОВЕК без разлика на полот.
Ниедна жена насилник нема да поддржи насилство над маж, исто како што маж насилник нема да рече за некоја жена - жртва на насилство дека е жално за тоа што и се десило. Напротив ќе рече дека и е малку и дека сама си го барала...
Океј, сосема сте оф топик. Прво, судењето е за друга работа, па ќе ве замолам да се задржите на тоа. Ако сакате да зборувате за насилство општо, или посебно за насилство врз мажи отворете нова тема, оваа нека биде за тоа за кое е отворена, судењето, новости во врска со тоа и други работи поврзани со судењето.
Јас го следам нивниот случај подолго време. Ги гледав нејзините изјави уште пред година дена мислам , за претходното судење. Јас го гледам зашто сум била фан на Џони од мала па ме интересира, ама и зашто од нивните изјави учам за body language. Амбер има премногу премногу индикатори дека лаже за клучни работи, дека преувеличува моменти и се заплеткува во објаснувањето... Дефинитивно се обидува да се претстави себе како невина и жртва а него како чудовиште, што не е точно, никој не е само едното и само другото. Во нејзините изјави, според говорот на телото, вистина говори кога опишува колку ја навредиле зборовите на ЏД дека таа е за срамота, дури и повеќе од се друго што и кажал и направил. Напад на егото му паѓа тешко само на човек што има големо его, а Амбер дефинитивно има. Гледајте ги снимките од нив двајца на промоции и настани и ќе видите дека навистина таа се наметнувала во врската и дека говорот на телото на ЏД е многу поблиску до оној на жртва на насилство него ли нејзиниот. Мислам дека таа има нарцисоидна личност, со сите карактеристики. Користи лаги за да се претстави како прекрасна и внимателна личност пред јавноста. Како што лажеше пред камера дека парите што ги земала од разводот со него ги донирала на болница за деца. Од болницата изјавија дека ништо не добиле од неа, уште ги чекаат парите и оваа изјави дека не може да им ги даде јер и требале за адвокатски трошоци. Awwww (puppy eyes emoji). Душичка таа, бе!
Видов нешто, не го следев детално ама вака на прва можам да заклучам It takes two to tango. Работава е правилно да се одлучи кој се огрешил пред законот и до која мера. Мене по она со шишето ми се згрози од Џони а и никогаш не сум била негов фан. Тука тоа треба да се земе во предвид пристрасноста од неговите фанови и општо огромното медиумско внимание и притисокот што се наметнува од јавното мислење што не мора да значи дека точно укажува на виновникот. А за изјавине погоре дека жена не може опасно да повреди маж или што и да беше се изнапишано само погледнете за Jodi Arias Case.
Што се деси со пораките од страна на Џони да ја запалат, да ја убијат..? Видов нешто ама не сфатив скроз? Имаше негирање од негова страна?
не прашувај вакви прашања, негираш/минимизираш насилство врз маж. Само тоа како навиени вртат у темава.
Не, ама озбилно ме интересира. Не дека не може мажот да е жртвата, ама во случајов мене не ми изгледа на еднострано насилство. Преокрет има ситуацијава. На крај, Амбер луда луда ама во право била. Којзнае што ќе искочи..
Двајцата не се нормални. Ужасно е како насилството знае да се глорифицира како се работи за две познати, богати личности.
Од вчерашното сослушување на Амбер. Прво рече дека насилството почнало од 2013 а во оваа изјава вели рана 2012 (од кога и се заедно уствари - крај на 2011 ваљда). И кога ја прашува за тоа дека претходно друго изјави, Амбер вели точен е настанот, ги погрешив датите. На прашање на адвокатот зошто ги погреши датите таа вели: затоа што сакам да верувам дека периодот кој бил ок и кога бил Џони трезен траел подолго од што траел, тоа било 2012 ама и во рана 2012 бил едно време под дејство, па потоа бил трезен таа година, па потоа пак бил насилен... Се смота, се потепа. Мене ова ми личи на фатена во лага или во најмала рака лошо подготвена за фактите што треба да ги каже кога дава изјава. Што и да е, лошо е за неа.