Последниве декади светов како да е опседнат со истребување на една од најмилите раси на кучиња - Американски Пит Бул Териер. Медиумите се свртени кон него и секој пат кога некое куче што некогаш и не ни Пит Бул угризе некого, веднаш е тоа сторија у весник или на телевизија. Кучињата што припаѓаат на помалите раси се многу поизбувливи од Американските Пит Бул Териери и од другите кучиња што припаѓаат у таа класа. Ама никој не слуша на вести како Чивава изгризала некое дете или како некој Лабрадор гонел некого. Затоа што малите раси се слатки и ти е само чудно како тоа може да се деси, додека големите раси коишто можат стварно да направат некоја штета се гонети и осудувани. Секое куче може да биде агресивно, доколку не го воспитуваш како треба и ако не му овозможуваш да ја исцеди таа енергија што ја има на добар начин - со вежбање и долги прошетки. Американските Пит Бул Териери не заслужуваат вакво третирање. Ова е типично човечко размислување - се плашиме од нешто, ајде да го истребиме...пошто ако нема више ниеден Пит Бул, ниедно куче нема да касне никого више, нели? НЕ. ПОГРЕШНО. Ако му се даде шанса на ова куче, тоа може да биде твој најдобар другар. Дали го оправдувате банот на Американскиот Пит Бул Териер што скоро по цел свет фаќа замав? И кажете го вашиот став околу оваа раса.
Куче како куче, не може да биде агресивно ако не е научено на тоа. Сите пит були што ги имам сретнато биле мили кучиња, игриви, тотално безопасни. Тоа што се` повеќе оваа раса е форсирана од страна на такозвани сељаци кои ги користат за борби можеби е причина зашто повеќе луѓе имаат предрасуди. „Бегај, пит бул е тоа“ ми е исто толку смешно колку што и да слушнам некој да рече „Бегај овој кинез е“. Подеднакво сакам големи и мали раси, џукели, мелези. Повеќе сакам кучиња од луѓе. Остро осудувам истребување, не може да постои доволно добра причина за некој при здрава свест да го оправда тој свиреп чин!
Малите раси не само што се агресивни , туку се и непредвидливи. Од страв не знаеш кога може да нападне. Американските Пит Бул Териери луѓето ги користат за борби, па од таму таа заблуда дека се агресивни. Сепак се зависи од дресурата, ако имаш контрола над твојот миленик тој нема да може да биде агресивен, има многу идиоти што намерно купуваат Питови и ги учат да се с'скаат на се и сешто, демек опасни фраери се, ма луѓето се покварени , а не кучињата.
Се зависи како ќе си ги воспитаме кучињата.Една моја другарка има Малтешка прцле мало па пред некој ден касна едно дете.А си викаш еее ова неможе ништо да ми напраи види го колкаво е. Немам такво мислење за пит булите затоа што уште не сум сретнала некое агресивно. Луѓето повеќе треба да се плашат од помалите кучиња,поопасни се
Абе од кај да знам дали некој пит бул е дресиран за борби (кои кај нас ги има во изобилие) или е мирно како маченце? Неможеш да знаеш и затоа често имаме предрасуди кон оваа раса и сличните раси. Затоа и кога ќе помине некој со пит бул бегаат луѓето од претпазливост. Ниедна мала раса не се дресира за борби, туку тие се лоши во зависност од нивната дресура. А реално пример јас ич не сакам пекинезери, толку ми се лоши тие кучиња, дури и повеќе страв ми е од нив него од пит бул Подобро е понекогаш да си претпазлив, така да јас ја разбирам таа страв на луѓето од овие раси на кучиња кои се кучиња за борби. Јас само нешто ќе направам една споредба, ако одат на улица ниско човече и некој голем висок мускулест тип од кој ќе ти е повеќе страв и си викаш лелел замисли овој да ме затепа?? Од билдерот нели? А може тој нема реално пипнато човек, а малиот со 2 потега да ти ги скрши сите коски. Тоа е предрасуда, зашто билдерите ги гледаме како вежбаат, може и боксери се, одат во теретана и одма поврзуваме дека се бед гајс и дека се тепачи
Пред да земеме куче од оваа раса сметав дека се многу агресивни, па и толку приказни изнаслушав.. во колкава заблуда бев само Се зависи како ќе го научиш ти такво ќе биде А и да кажам дека брат ми го има каснато една мала слатка пудлица а другарка ми мал пекинејзер, па стасаа до лекари. Заклучок: Од надворешниот изглед не можете да процените-дали јаболкото е црвливо!
Малите раси се плашливи по природа, се чувствуваат загрозено и затоа почесто касаат. Што имам два пекинезера во зградава, а бе мислиш месо ќе ти оттргнат, не се стои до нив. Една другарка имаше волчјак, таква маза не сте виделе, го гледаш кучето огромно , а тоа едвај чека да го погледнеш да дојде и да се мази
Сепак мислам дека се е до карактерот на сопственикот. Без разлика дали кучето е мало или големо, ако дома се соочува со нервозата на сопственикот, му се дерат, не му обрнуваат внимание, престри се со него, или во најлошото можно сценарио - е тепано, очекувано е дека ќе биде непријателски настроено кон други луѓе. Јас чувам пекинезер, па слободно можам да кажам дека е едно од најфините кучиња на светот. Иако е мала раса, обожава луѓе, никогаш нема каснато некој, е сега можеби не седи мирен да го галат со саати затоа што е пргав, ама не е агресивен. Ама и јас и мајка ми му пружаме огромна љубов, внимание и никогаш не сме постапувале лошо со него. Многу ми е чудно кога некои луѓе им дозволуваат на своите деца буквално да се иживљаваат врз кучињата, ги тегнат за опашки и ги маваат по муцка, и после кучето е криво што ги каснало. Може е малку офф топик, ама секое сабајле се смеам, имам една комшика што ненормално се плаши од кучиња, живее два спрата подолу, и ко за беља секогаш се погодуваме јас кога се симињам со ѕверчево мое по скали и таа да излегува. И бидејќи ходниците во зграда ни се тесни, се лепи за ѕид како гуштер за асфалт. Попусто и објаснувам дека кучето ми е безопасно, си има увртено во глава дека сите кучиња се клети. Ама Боже мили, колку е смешна.
Американскиот Пит Бул Териер го дадов само како пример, а исто вакви муабети се вртат и за Доберманите, Ротвајлерите, Догите... За Доберманите зборат дека мозокот им растел на старост и дека на старост полудувале и го напаѓале сопственикот , јас искрено поголема глупост од ова немам чуено. Како што гледате јас на форумов го носам името Doberman, и можам да кажам само прекрасни работи за Доберманите. Доберманите се најчувствителни и најемотивни кучиња што постојат Незнам дали имам спомнато на форумов, но јас пораснав со Доберманка (живееше 14 години). Јас кога се родив Доберманката беше секогаш заедно со мене, никогаш не не двоеа, и Доберманката многу ме сакаше мене, јас имав 10 години кога она умре на нејзина 14 годишна старост. До последен момент ни беше верна и ги сакаше сите членови на фамилијата. Исто така за Питбулите велат дека кога ќе гризнат им се кочела вилицата, и тоа е исто така лага измислена од човекот. На Питот не му се кочи вилицата - туку тој несака да пушти! Но како и да е, има една многу добра поговорка: „Непостои лошо куче, постои само лош газда!„
Расата на кучето според мене нема никакво влијание во неговото однесување, се е до дресурата. Постојат агресивни кучиња кои на прв поглед ви изгледаат премногу мило (како еден самојед кај мене во маало) има толку мила фаца а ако му се приближиш може и без прст да останеш. Ние дома чуваме бул-мастиф, кучката е огромна и на прв поглед делува страшно, но толку е мила, права маза. Сепак повторно би напоменала дека расата не е битна, битно е како сопственикот го вопспитал своето куче, дали е пит бул или пудла небитно, и двете може да бидат прави ангелчиња или вистински ѕверки. Јас вината секогаш ја префрлам на сопственикот, не на кучето а најмалку на расата.
Спојлер Здраво здраво. Ова е Теа, најмилото куче на светот. Кога ќе ме види се радува и ми скока по нозете, ми ги валка свежо испраните фармерки и ми остава синици од скокањето, зашто е силна. Но тоа го прави од толку чиста љубов и со таков поглед, што не можеш ни да помислиш да ја искараш и да не ја погалиш по умното главче. Разбира се’, послушна е и не досадува. Никогаш не нападнала никого, но сепак кога ја шетаме слушаме најлоши коментари. Како една фобична жена што пред неколку години за малку ќе ме истепаше затоа што шетам пит бул. Зеде стап и дојде кон мене да ме тепа - ова сериозно. Затоа што таа се плашела од Пит Бул ви се молам. Поради тоа што се силни кучиња, некому му текнало да ги тренира за борби и да ги прави агресивни, па оттаму е таа одбивност кон нив. И мене ме нервираат насловите во медиумите каде што се оцрнуваат Пит Булите и се дискриминираат. Сите кучиња се добри, но сите можат да се истренираат да бидат лоши. Има еден дечко во градов што купи пред неколку години еден прекрасен Пит Бул, го плати скапо само за да го тренира за борби и да прави пари од него. Го гледам кога го шета, кучето е греота. Цело е со лузни, а има толку мил поглед што ми се плаче. И тој се декларира како најголем љубител на кучиња. Кој е агресивниот тука? Друго што сум забележала е воспитувањето на децата. Ние си ја шетаме прописно, таа оди само напред и не рецка никого, а некоја мајка го трга детето и се дере: "Лелеее Пит Бул, бегај на страна, овие се многу опасни" - му создава фобија на детето без причина. Има и други родители кои ќе им речат на децата: "Еј види какво куче, види колку е големо и убаво". На таквите Теа им мрда со опавчето и им се насмевнува . Другите не ги регистрира. Ве поздравува Теа и вели да не ги дискриминирате Пит Булите.
Само ќе кажам дека не постои лошо куче туку лош сопственик., многу го почитувам и подржувам овој статус...Треба да се сакаат животните а не да се малтретираат/ да ги учат по лош пат...
Да и баш поради лошите сопственици страдаат кучињата. Со борбите на кучиња, кучињата се научени да го напаѓаат секое суштество што личи на нив. Тие души ако изгедаат бестрашно, најмногу се плашат од нас и секој човек го гледаат како господ. Можеш што сакаш да му правиш и нема да те касне, штипи го, гмечи го, виткај му ги ушите, држи му ја муцката се прави му и уште ќе те сака и ќе те почитува. Затоа има една поговорка "My goal in life is to be as good as my dog thinks already am". Јас мислам дека најдобрата казна за тие луѓе да се измачуваат и да се „еутанизираат“ заедно со нивното куче. Кучето ќе оди во рајот, а тој во пеколот!