Сукњите ми се еден омилен дел од модните комбинации. Обожавам да носам, особено во лето многу ми се удобни. Имам четири пара од кои две се фармерски и две со обичен дезен.
Обожавам сукњи. За мене нема нешто поубаво од црна сукња. Некако многу елегатни ми се кратките а широки сукњи во сите бои. Сакам и тесни, но по боја да бидат црни, тогаш најубаво стојат
Вака кога ќе си размислам, мене 80% од сукњите кои ги носам ми се наследени од баба ми, мајка ми, тетка ми... Многу ретко купувам. А ретко и нешто да ми се допадне од она што го гледам по бутициве. Последно нешто што си најдов во стариот плакар од баба ми, беше една преубава долга сукња во риги (бела, сина, жолта, корална). Вришти лето! Ми беше долга и широка, па ја однесов на шнајдер, ми ја скрати, а широчината ја решивме со стеснување на ластикот, без да кратиме материјал. И дојде многу убаво набрана, со малку повисок струк. Една памучна маичка од Стружанка во корална боја, сандалите на нозе и готово