Ми се допаѓаат сите од сликите на BoaVista ...но нема шанси да изгледам добро имам колкови иако сум слаба мислам...со нормална килажа...сепак кога облечам сукња со висок струк ептен ми се истакнати колковите и задникот ми изгледа како сплескан хихих некој совет? сакам,имам желба да носам сукњи макар само на излавање али кога ми текнее на колковите
обожавам сукњи со текстура, различни ,интересни... во последно време носам многу со карнери, во слоеви. Кај нас нема баш некој избор, па си шијам сама, или кај шнајдерката моја.
многу сакам сукњи а исто така и хулахопки и сега баш сакам да си купам една тексес сукња ама многу се скапи по 1000 денари а за сукња не ми се дава толку многу сакам да начекам негде на попуст и одма си купувам