Сунѓерот Боб Панталоновски (англ. SpongeBob SquarePants) е aмериканска цртана серија и медиумска франшиза, емитувана низ целиот свет. Серијата ја има осмислено морскиот биолог и аниматор Стивен Хиленберг и настаната е во неговата продуцентска куќа "Jунајтед планктон пикчерс”. Серијата е сместена во Тихиот Океан, во измислениот град Коралово, опкружено со лагуни. Сунѓерот Боб е пријателски и оптимистички морски сунѓер, кој е веројатно станарот што најмногу фантазира. Живее во ананас на дното на морето со своето куќно милениче, морскиот полжав Гери. Работи во ресторанот кај Красти Краб (Рачко), морскиот рак. Неговата специјалност се плескавиците, чиј таен рецепт вешто го крие од својот најголем непријател - Планктон. Најдобар пријател на Сунѓерот Боб е морската ѕвезда Патрик. Тие двајца се неразделни другари, полни со интересни идеи. Ликови: Сунѓерот Боб Панталоновски (англ. SpongeBob SquarePants) Патрик морската звезда (англ. Patrick Star) Сенди Образчич (англ. Sandy Cheeks ) Лигњослав Пипак (англ. Squidward Tentacles ) Г-дин Рачко (англ. Mr. Eugene H. Krabs ) Планктон (англ. Sheldon Plankton ) Карен (англ. Karen ) Г-ѓа Пуфна (англ. Mrs. Puff )
Дали ги гледате и вие Сунѓерот Боб Јас го гледам и многу ми е интересно Го даваат секој ден на: b92 ( 08:00-09:00 ; 09:30-10:30; 14:00-15:00) Nickelodeon (06:30-07:30; 17:30-18:00; 20:30-21:00) Comedy Central Extra (14:00-15:00). На нашите телевизии македонските, секако не иде.. пошто е побитно турски серии да идат а тоа е поинтересно нели Иначе идеше на А1 пред многу години, а и на Македонска пред три години чинам...
Со овој цртан растат децава, и ние го гледаме Тортата за прв роденден беше Боб, играчки еден куп, напамет знаеме епизоди, реплики...
Браво за Вас, тоа е одлично! Со овој цртан и треба да растат сите деца, ако ништо друго барем ќе се насмеат.. а и далеку е подобар од сите цртани оние со пукање и насилства што се
Го обожавам цртанов Израснав со него и уште го гледам покрај Dragon Ball. Јас уште си сум детенце во душа
И јас го гледав до пред некое време. Ми беше ставен да се снима на Никелодеон и секој ден го гледав со јадење. Ми се смееја по дома дека гледам цртани. Squidward (Лиглавко на А1) ми е омилен лик. Особено кога ќе се раздере: I DON'T CAREE! Spirit animal ми е.