Суперхикс

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од Mygirl, 8 февруари 2011.

  1. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    846
    Суперхикс се декларираат како СКА-ПАНК бенд, со Реге. Латин и Балкански музички влијанија. Седумчлениот состав од Скопје (Македонија) успеа во невозможната мисија да ја натера толпата да "сканкува" и танцува и тоа трае веЌе 11 години. Формиран е од три добри средношколски другари: Петар Младеновски, Зоран Жежов и Борис Минов, во раните деведесети, почнувајќи со мешање на ска ,панк и хардкор музика. Денес во бендот е вклучена и тричлена дувачка секција составена од труба,тромбон и флугел хорна и моќен перкусионистички сет воден од Гоце Наумов Индијанецот. Во текот на оваа деценија Суперхикс ја делат сцената со големи имиња од светската музичка сцена: Ману Чао И Радио Бемба, Фан Ловинг Криминалс, Тито И Тарантула, Хенри Ролинс, Рико Родригез (Специалс), Фишбоун и многу други...
    Суперхикс експериментираат со ска звукот од старата и новата школа и нивните поддеривати, додаваат малку од својот оригинален звук и го зачинуваат со локални балкански ритми. и она што на крајот го добивате се моќните сили на Суперхик, кои го пробиваат својот пат кон тронот на ска звукот на Третиот Бран.

    Тврдам дека нема некој кој може да остане рамнодушен на нивната музика и да не потскокне барем малку.
    Што се однесува до мене, јас ги обожавам. Прва песна од нив која ја научив беше “Песни глупави лесни“. Од тогаш активно го следам нивниот развој, нивните песни и музика. Беа и си останаа оригинални, доследни на својот стил што го негуваат уште од почетокот на кариерата. Многу од нивните текстови содржат длабоки вистини, но се проткаени со сарказам и иронија. А ритамот на песните... :clap: :inlove: Многу често си пуштам нивна музика и скокам по дома како ненормална :D Буквално скокам, а пот ми се лее по лицето, но ритамот е толку жив што не ми дава да седнам и да се одморам.
    За мене Суперхикс се едни од најдобрите македонски бендови што некогаш постоеле. :clap:
     
    На hey.you и TheCandy880 им се допаѓа ова.
  2. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.298
    Пол:
    Женски
    Суперхикс ..... :up: браво за темава ;)
    Ги обожавам!!!!
    Едноставно не можат да ме остават рамнодушна кога е во прашање нивната музика ...Чекам само 26.02 да идам да ги слушнам доваѓаат во Штип!!! јеееааххх :)

    Песните... абе сите им ги сакам...имам неколку онака што ептен ги слушам и што повеќе ме развеселуваат....абе реални се,а новава Африка им ја обожавам едноставно лесна,певлива песничка :inlove:
    http://www.youtube.com/watch?v=h9OtXbDH8uw


    А голем хит во последно време ми е НЕ СУМ ТВОЈ ТИП кога не сум дома на мобилен постојано ми врти :lol: Уживам во песничево...
    http://www.youtube.com/watch?v=r00Rhrz7 ... re=related
     
    На zhap4e и Mygirl им се допаѓа ова.
  3. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.682
    Суперхикс се едни од ретките бендови кои вредат во нашава државичка! :rock: Растев со Суперхикс. :)

    Омилени песни ми се:
    http://www.youtube.com/watch?v=kHxmze51 ... re=related
    ^ Спотов многу го сакам. :D
    http://www.youtube.com/watch?v=qU9F5agj ... re=related
    Хеј погледни животот пред тебе е... И еј, луѓе лудуваат убави нешта се случуваат! :sun:
    А дефинитивно нај, најомилена ми е:
    http://www.youtube.com/watch?v=lGpzsjyi ... re=related
    Перфектна комбинација! :)

    Новата песна Африка многу ме бендисува, на еден поинаков начин ја покажува моменталната ситуација во нашава држава. ;)
    http://www.youtube.com/watch?v=h9OtXbDH ... r_embedded
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.770
    ^ Да не се повторувам со линковиве, Оптимиска ми е најомилена.
    Не можам да и‘ одолеам на нивната музика и после секој нивни настап си одам далеку порасположена отколку пред тоа. Одлични се.

    Еден од тројцата „дувачи“ во бендот е Горан Папазоски - Папаз, кој ни е горд Охриѓанец и страшно добро свири. Му симнувам капа.
    http://www.youtube.com/watch?v=LIEEsbNP ... re=related
     
  5. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Бендов постои за секој ден да ме потсетува дека сеуште постојат убави работи :)
     
  6. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    846
    Јас чисто онака, да ја оживеам темава за најдобриот македонски бенд. Зачудена сум што мал одзив има на темава :o
    http://www.youtube.com/watch?v=EhjRtLS6L4k
     
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.488
    Допаѓања:
    63.092
    Лелееее не сум видела дека ја има темава!

    Ги обожавам, а за чудо, никогаш не сум ги гледала во живо (мислам во полн состав). Барем не се сеќавам :D
    А многу често си ги пуштам на јутјуб, и се трескам од земја по дома :D

    Ако имаат некој настап некаде, ве молам споделете! Морам да ги гледам!
     
    На Mygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    2.461
    Допаѓања:
    188.587
    Пол:
    Женски
    Вчера ги глеав на тв рекоа ќе имаат концерт наскоро за одбележување на 17годишната работа.
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.224
    Допаѓања:
    136.332
    Пол:
    Женски
    Дечкиве ми се неверојатно позитивни, и секогаш кога ги слушам се расположувам, без оглед на тоа колку down сум била. Би сакала да им одам на концертот, ама нема да можам, кај ќе се туркам јас таму.... ама има време, ќе има пак некој концерт.
    Ариел, ако одиш, уживај и за мене ;)
    [​IMG]
     
    На Bozica1980, Mygirl и Ariel им се допаѓа ова.
  10. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    846
    Јас само на таксират сум ги слушала во живо, а на нивни личен концерт не сум била. А баш сакам да отидам, супер ако има во скоро време концерт, ќе има [​IMG]
     
  11. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.917
    Допаѓања:
    671
    супер ми се уште од самиот почеток, најубава песна од нив ми е:
    http://www.youtube.com/watch?v=FfUETPbG34g

    хахха чуден е овој наш менталитет, завист, злоба, криминалитет, себе си не се гледа, а другите да, а времето велат била главна причина.... жива вистина!


    http://www.youtube.com/watch?v=mfxy6YQK_og


    секој се секому храна во оваа мала савана бе! кобили нашминкани и навлеечни на хуманитарни балови... :rofl:

    со песнава сум опседната :rock: , многу ја сакам и текст и музика! :rock:
     
  12. sweet-cherry

    sweet-cherry Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    2.254
    Допаѓања:
    17.405
    Пол:
    Женски
    Еден од најдобрите бендови во Македонија, кој се вредни да се слушаат и да се ужива во нивната музика :)
    Инаку омилена песна од нив ми е Африка, добар текст морам да признаам :)
     
  13. crazylady

    crazylady Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    4.880
    Допаѓања:
    7.746
    Eден од најдобрите бендови во Македонија можеби и единствените .......
    За пиво фест во Прилеп направија одлична забава. Одлични се издвојуваат од останатите на нашава естрада. ;)


    http://www.youtube.com/watch?v=vljPzAZr ... re=related
     
  14. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Инаку Мајгрл , ако можеш да едитираш бендов постои 17 години , веќе ја полни својата 18та.
    Ветено е дека за полнолетството на бендот ќе има големо изненадување .
    Can't wait!!!!!!!!!
     
  15. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    6.330
    Допаѓања:
    101.739
    Пол:
    Женски
    Страшни се дечкиве, музиката им е најоптимистичниот склоп од ноти, што секогаш ме весели и ме тера и седечки во фотеља да шизам. :)

    И ајде повторно замолчиме, во очи строго гледај ме и пак ќе бидам тој што вели не ! :D
    Ти можеш пари да ми понудиш, со сила да ме изнудиш и пак ќе бидам тој што вели не
    знам ќе најдеш други методи, ќе смислиш други планови ... ја обожавам песната, ко и сите останати што сте ги постирале :)

    http://www.youtube.com/watch?v=CowsU_91 ... re=related
     
    На crazylady и interesna им се допаѓа ова.
  16. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ToRmEnTeD.LoVe

    ToRmEnTeD.LoVe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    50
    Супер група се Суперхикс. Весели песни, интересен текст, а уште поинтересно е што текстот го погодуваат за да ја опишат состојбата во државата наша. Јака метафора си имаат во текстовите. Најмногу ми се допаѓаат „Песни глупави“ и „Африка“. :lol:
     
  18. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    846
    Не можам бич`д, а и мене ми боди очи тоа. Текстот е копиран од еден сајт кој што очигледно не е ажуриран подолго време, а јас не приметив тогаш колку години пишува |( Ако може некој од модераторите да го поправи тоа, би било супер :)
     
  19. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    5.440
    Допаѓања:
    48.856
    Пол:
    Женски
  20. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.248
    Допаѓања:
    1.729
    Ајде во Охрид на Суперхикс :)
     
    На beached му/ѝ се допаѓа ова.