Суперхикс ја почитувам нивната музика,ми се допаѓаат и како личности,омилени песни ми се: Тоа не сум јас,Африка...
http://www.youtube.com/watch?v=vsENsm2mlEA Преубава! Предобра музика си прават дечките, ги сака цел Балкан и пошироко, шират вистини и оптимизам, прават одлични концерти, незаборавна атмосфера... значи.. како сум поминала на овогодинешниот Пиво Фест во Охрид благодарение на нив... м е р а ц и!
Еден од најдобрите бендови на Балканот !! Многу сакам да им отидам на некој концерт, се надевам наскоро дека ќе има
Песните им се право лудило Многу ги сакам и почитувам, им аплаудирам! А фронтменот неколкупати го имам видено и секогаш сакам да се сликам со него, ама пусти срам лелее
Ги обожавам дечкиве цареви се. Додуше не ги слушам од самиот почеток, ама веќе долго време си ги следам. Песните им се јаки, а последниот нивен настап на кој бев никогаш нема да го заборавам. Крај на летото 2011, на отворено+Суперхикс+дожд+пиво= луда журка беше.....
http://www.youtube.com/watch?v=mfxy6YQK ... detailpage И оваа ја знам http://www.youtube.com/watch?v=aSwIrBAYL7Y
Не ги слушам многу често, а кога ќе слушнам нивна песна ептен ме крева и расположува. Омилени: http://www.youtube.com/watch?v=rHK8CJre ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=HP6ucnw6 ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=r00Rhrz7 ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=ZoNHBRfv ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=BVMjeRRRp4A
Суперхикс....Африка ств дечкиве сее фантастични за мене..пред се мн се интересни и имаат добри песни барем мене ми одговарааат
Не ги слушам нешто многу често, но има песни кои ми се допаѓаат. Еве на пример оваа : http://www.youtube.com/watch?v=mfxy6YQK_og
Одлични се Суперхикс. Многу ги сакам, секогаш знаат да ме расположат. Омилени: Африка, Не сум твој тип, Знам дека љуби и се разбира - Оптимистика.
Концертот во саботата беше екстра! А на моето задоволство му немаше крај кога последна ја свиреа таа што ја сакам најмногу! Сум се изнаскокала за сите пари Ептен ги сакам! http://www.youtube.com/watch?v=f0jFmvjzFU8
Потврдувам и јас дека концертот беше екстра, вредеше чекањето. Супер ми се, ептен реални и свои. Песните им се одлични, со исклучок на неколку од новиов албум, кои ми изгледаат како правени „ради реда“ за што побрзо да издадат албум, некако го немаат истиот сјај на оние Хикси кои некогаш беа. Борче ми е најкул член, позитивен, како роден за на сцена. Додека пак имав прилика да го запознаам Пеце и морам да признаам дека ми ја сруши сликата за оној „Пеце“ кој го имав во главата, меѓутоа тоа е тоа. Можеби имал лош ден... Омилени песни: Од новиов албум: http://www.youtube.com/watch?v=0Sn92km8y9k http://www.youtube.com/watch?v=nB22eZ5Rj9A Иако е од пред 3-4 години. Потоа мојата автобиографска : http://www.youtube.com/watch?v=-ZJbP6EF3_4 http://www.youtube.com/watch?v=78sYEejkTmE Машенка на која само јас се дерев од страната кај што бевме, а тие што ја знаеа Пеце ги декларилаше како постарички. Епа топ. Легендарните „Другар“, „Тоа не сум јас“ и „Графити бој“ за кои си имам посебно место. Преубавиот емотивен дует со Хладно пиво „Мислев дека знам...“, кој е голем антидепресив и лек за љубовни болки. „Кога си сам“ - за која што ми е ептен жал што не ја отсвирија на концерт. И за крај, добропознатата „Африка“ која е пререална песна, а за жал истите што се исмеани во песната ја рокаат до крај и шибаат со отворени прозори на Мерцедесот по Партизанска. Ама тоа е. Како и да е - легендарен и предобар бенд. Се надевам дека нема да се расипат и да станат многу голема комерцијала, не ги познавам како такви.
^Не зезај?! Суперхикс се едно од трите најдобри нешта во Македонија моментално, заедно со Фолтин и Bei The Fish. Океј, тоа според мене, ама имаат толку опуштена и весела музика што не можам да сфатам како ти се „бљак“. Како и да е... Не бев на концертот минатата недела поради оправдани причини, а некои другари беа и прејако си поминале, сега ми е многу, многу криво , ама ајде, ќе им одам на некој нареден...и тука доаѓаме до моментот дека ќе се распаѓаат и нивната глупава причина зошто велеа дека ова ќе им бил последен концерт - затоа што светот завршувал на 21ви декември Кога го слушнав ова бев убедена дека ќе се распаднат и не ми се веруваш дека ова е маркетиншки трик...некако им верував, мислев дека не лажат за да привлечат публика, дека не се такви...излезе дека се и ми се издуваа некако со трачов, бедно е, и онака ќе имаа публика. Единствената добра работа од сето ова - не се распаднаа Новиот албум им е добар, не е предобар, не е како претходниот или оној пред него, но има добри песни. Лични фаворити: http://www.youtube.com/watch?v=0bfW3-ht388 http://www.youtube.com/watch?v=NYlLiu0ALeI
Ни јас неможам да сфатам како ти се бљак. Ги обожавам, секад си денсам на нивна музика. Многу убава атмосфера имаше на последниов концерт.