1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Супер Лига - фудбалот во иднината?

Дискусија во 'Спорт' започната од Billy Idol, 19 април 2021.

?

Дали ја поддржувате Супер Лигата?

  1. Да

    2 глас(а)
    4,9%
  2. Не

    33 глас(а)
    80,5%
  3. Не знам

    6 глас(а)
    14,6%
  1. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.617
    Допаѓања:
    36.926
    Пол:
    Машки
    12 клубови од Европа, поради несогласувања со УЕФА (Европската асоцијација за фудбал) решија да прогласат своја елитна лига, каде ќе се натпреваруваат топ клубовите во Европа.

    [​IMG]

    Овие клубови се:

    6 од Англија:
    Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул, Челзи, Арсенал и Тотенхем.

    3 од Шпанија:
    Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид.

    3 од Италија:
    Интер, Милан и Јувентус.

    За Chairman на лигата е избран Florentino Perez, претседателот на Реал Мадрид, а газдите на другите тимови се vice - presidents.

    Формат:
    Натпреварите ќе се играат од Август, до Мај, во средина на неделата.
    Ќе биде составена од 20 тима, каде што 15 од нив ќе имаат загарантиран опстанок во лигата, а другите 5 ќе се менуваат секоја година.
    Моментално се чека уште 3 тима да се приклучат во првенството, можеби од Германија, или Франција. Иако ПСЖ е децидно против, а Баерн Минхен за сега е воздржан.
    Целиот формат, како и детали за натпреварувањето може да се најдат на нивната официјална страница:
    https://www.superleague.com/

    Оваа вест одекна силно во јавноста, каде има поларизирани ставови кај фановите, некои ја поддржуваат, некои се против.
    Оние што се против се УЕФА, националните првенства и националните тимови кои вчера одма испратија закана до овие клубови дека ќе бидат исклучени од сите останати натпреварувања, а играчите ќе бидат банирани од националните тимови.
    Денес, УЕФА донесе експресни промени во Лигата на Шампионите од следната сезона, па дали се работи само за блеф на големите клубови да извојуваат подобри позиции, или пак УЕФА сака да им угоди, да ја откажат Супер Лигата.
    Се кренаа на глас и владите на овие држави, па премиерот на Англија, Борис Џонсон, и претседателот на Франција, Емануел Макрон испратија остри критики.

    Се е за пари, и тоа кој ќе ги добие тие пари.

    Што мислите вие за Супер Лигата? Дали ја поддржувате, или мислите дека го уништува фудбалот и малите тимови?
    Дали ќе ја пратите ако истата започне да се одржува од Август 2021 како што е најавено или ќе ја бојкотирате?
     
    На marlonbrando69, Reina.Gitana, sunshinebabe и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.296
    Допаѓања:
    26.134
    Воопшто не ги подржувам. Чим постои можност Интер да биде баниран во Серија А, тогаш во Супер Лигата ќе бидат 10-то или 11-то место, во најдобар случај. Си го сакам тимот, ама реалноста е таа.

    Ако големите екипи се "отцепат" од ЛШ, тогаш слабите екипи како Аталанта, Рома, Севиља, Лестер Сити имаат можност за освојување на ЛШ. Ама, дали би одбрале да гледате натпревар меѓу Барселона и Јунајтед, или натпревар меѓу Рома и Порто? Дали некој би останал да гледа Премиер Лига или Серија А? Ќе гледаат натпревар меѓу Торино и Парма?

    Ама бидејќи сите сакаат пари и битни се парите, а не "квалитетен" фудбал. Истите тимови секоја година ќе ги гледаме? Зошто би гледала, ако знам дека нема да освоеме титула наредните 50 години. Интер беше четврто место во групата за ЛШ (со слаби тимови), тука не ни мораат да одат на терен. Нема да гледам Супер Лига. Ќе навивам за Аталанта од следната сезона.:party:

    Целта им е да дојдат до профит и да си ги исплатат долговите.

    Барем ќе се радувам на последниот трофеј што ќе го земе Интер годинава. После само на сон.:D
     
    На Stressed Out, Reina.Gitana, bicycle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.756
    Допаѓања:
    40.246
    Пол:
    Женски
    Moже да пцујам?
    Ај ќе ставам во спојлери.
    Да им ебам се по список до 7мо колено, прво на Флорентино Перез, потоа на Ањели, на Џоел Глејзер и сите вмешани во ова.

    Иц а биг ноу фром ми.

    Сред пандемија додека народ умира они гледат да заработат и перат пари и да си пикнат во џеповите солени суми.
    Нема да ја гледам лигава, и се надевам дека ќе има санкции за тимовите.
    Срам ми е што мојот Манчестер Ј. учествува во оваа глупост која ќе го уништи фудбалот.

    Не сакам секоја година да ги гледам Барса Реал или Јуве Манчестер или Интер Арсенал како играат меѓусебно пошо реално во последен период дерби натпреварите се голема нула.
    На почеток ќе биде интересно, после не.
    Овој формат што е моментален на лш е нешто најдоброто што се случило во фудбалот а истото го мислам и за ЛЕ.
    Дали се свесни дека можат сите лиги да се уништат со ова?
    Па радо би гледала Евертон и некој анонимец кој дебитира во ЛЕ и се измачиле да стигнат до некое Европско натпреварување да рецимо а и поубав фудбал ќе падне отколку секоја година исти натпревари меѓу големците кои реално ќе завршат 0-0 0-1 1-1 и тако, сиромашни утакмици.
    Со душа чекав лига на шампиони и Лига Европа.
    Сега нема да гледам.

    @Stephen Amell не само што би го избркале Интер од Серија А туку е можно и титулата да им биде одземена.
     
    На Arjanit2021, marlonbrando69, Vikktorr и 3 други им се допаѓа ова.
  4. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    5.176
    Пол:
    Машки
    И УЕФА нее цвеќе за мирисање. Андреа Ањели шефот на Јуве е соработник со италијанската мафија, па од тука може да се види дека сепак бизнисот е поважен.

    Не официјално, Баерн и Дортмунд нема да учествуваат во ЕСЛ.

    Ќе видиме што ќе испадни, неможи туку така да му забраниш да не играат на СП и ЕП и домашни првенства, ако УЕФА е против парите зошто многу пати ги толелираше газдите како ПСЖ, Сити и сл.?

    Ќе направат некој компромис. А Супер Лигата ќе функционира, чим се зацртало и вложило толку.
     
    На lovestoneddd, cresa-jagoda, Reina.Gitana и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.296
    Допаѓања:
    26.134
    Уште ова фалеше.:rofl: МОРЕ ЌЕ ОДАМ ДА СЕ ТЕПАМ У ИТАЛИЈА ЗА ОВОЈ ТРОФЕЈ. Со солзи, пцуење 90 минути и губење нерви, на крај да не ни го дадат? После 9 е*ени години? Ќе горе Италија.(y)
     
    На cresa-jagoda, Reina.Gitana, bicycle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.756
    Допаѓања:
    40.246
    Пол:
    Женски
    Aко сакат да најдат начин да ги исфрлат од домашните лиги, ќе најдат.
    Криво ми е, и да..УЕФА не е цвеќе за мирисање ама ова бе натпреварување, каква убавина во спортот ќе донесе освен што ќе го доуништи?
    Малку срање од ВАР-от има па и некои други глупости воведуваат.

    Инаку официјално Дортмунд објави дека нема да учествува.

    @Stephen Amell да, и тоа е можно, за жал, високи санкции се спремаат.
     
    На cresa-jagoda и Billy Idol им се допаѓа ова.
  7. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.617
    Допаѓања:
    36.926
    Пол:
    Машки
    УЕФА исто не се цвеќе за мирисање, имаат тон матни бизниси, скандали и перење на пари.
    Буквално следното светско во Катар го продадоа за пари, а и сопствениците на ПСЖ се и газди на БЕИН Спорт, кој ги откупи правата за пренесување на ЛШ, па затоа не сака да е дел од ова натпреварување.

    Сите претседатели на овие 12 клубови си дадоа оставка од ECA и комплетно влегоа во борба против УЕФА. Изгледа ризикот им е пресметан, па не се заплашени од санкции, а изгледа и правно нема да можат да им ги земат титулите, така да, @Stephen Amell , не се плаши, ќе си ја прославите титулата, ќе си се договорат двете страни. :D

    Кој само лик е овој Ањели. Претседателот на УЕФА, Чеферин, со кој воедно и се во кумски односи со Ањели изјави дека пред 2 дена го прашал за супер лигата, и Ањели му рекол: "Не бе, каква супер лига, се е тоа шпекулации. Ние во ЛШ сакаме да играме." Фарси. :rofl::rofl::rofl:

    Инаку, како фан на Арсенал, и секогашен противник на капитализмот, воопшто не ми се допаѓа овој американски проект каде ќе се прават супер лиги, франшизи од клубови и ќе се уништи цел драж во фудбалот. Поголемите тимови ќе стануваат уште поголеми, помалите, уште помали.
    Арсенал во натпреварувањево ќе служи како топовско месо. Едвај чекам да одиме на Камп Ноу и да гледам како не полнат по 5 комада. Одличен систем е овој за нашиот газда, Кронке. Бркот си најде одличен модел да прави пара, без никакви амбиции.
    Лестер, Евертон, Вест Хем не се ништо подоле од нас. Амбициозни се, вложуваат, кој во инфраструктурата, кој во стадион, играчи. Со овој проект оваквите тимови ќе се уништат.
    Ќе ми се одгледа фудбал.
     
    На marlonbrando69, cresa-jagoda, sunshinebabe и 2 други им се допаѓа ова.
  8. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    5.176
    Пол:
    Машки
    Ќе се доиграат сите првенства оваа година па така тие што треба да освојат ќе ги освојат домашните првенства.

    УЕФА нее толку будала да ги банира играчите од СП и ЕП, бидеќи играчите носат пари, тие ги полнат стадионите. На крај краева, верувајте ми ќе изнајдат решение, се си мислам дека оваа ЕСЛ ќе направат да се игра во летниот период пред стартот на редовната сезона и онакаа имаа меѓународни турнири.

    Ватцке шефот на Дортмунд потврди дека Дортмунд и Баерн нема да играат но од мојот Баерн се уште не се изјасниле.

    На крај краева, Перез рече дека ако не играат на СП и ЕП, тие ќе формираат ново СП и ЕП :rofl:
     
  9. Reina.Gitana

    Reina.Gitana Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    1.794
    Допаѓања:
    19.152
    Пол:
    Женски
    Најголемата глупост во фудбалот. Со формирање на оваа лига би започнал проектот "смрт за фудбалот". Целосно сум против ова и дури и првпат ја подржувам одлуката на УЕФА за суспенција на екипите. Гледам и Барса моја се приклучила во ова, се само за да си ги исплатат долговите. Обожавам да гледам лига шампиони, првенствата во 5те главни фудбалски лиги дури и многу често играм спортска, ама би размислила два пати пред да ја гледам оваа лига, ако навистина започне и сите овие тимови се исклучат од главните натпреварувања, нема да биде интересно и се друго ќе пропадне.
     
    На cresa-jagoda, Billy Idol и bicycle им се допаѓа ова.
  10. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.617
    Допаѓања:
    36.926
    Пол:
    Машки
    Фејк твит беше ова за Перез дека изјавил паралелни СП и ЕП. :D

    И јас не мислам дека ќе има никакви санкции. Ниту можат правно, ниту пак економски да направат такво нешто. Пукање во нога би било тоа на долг рок.
    Затоа и Баерн ќути сега за сега.
    Има како попчиња да се приклучат во новата лига ако биде успешна, во спротивно ќе станат на ниво на Рома, Севиља и Наполи.

    По мене, Супер лигава ќе го земе приматот на ЛШ, а ЛШ ќе стане новата ЛЕ. ЛЕ ќе биде на ниво на интер тото купот каде ќе си разигруваат тимови од Источна Европа.
     
    На cresa-jagoda, quattro и Stephen Amell им се допаѓа ова.
  11. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.756
    Допаѓања:
    40.246
    Пол:
    Женски
    Не знам дечки, пошто прочитав се и сешто последниве неколку часови.
    Искрено се надевам дека нема да се одземат титулите или бодовите на некои тимови кои се согласиле да учествуваат.
    Ќе ми фали химната на лш, оф.. кој ги пушти овие да се мешаат во фудбалот.
    Ќе ми биде посебно криво за малите екипи, кои умираа на терен за да се пласират во вакво натпреварување.
    Плус гледам УЕФА планира нова ЛШ од 2024 година.
     
    На cresa-jagoda, Reina.Gitana и Stephen Amell им се допаѓа ова.
  12. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.296
    Допаѓања:
    26.134
    Мене ќе ме стрефи срцев, ако не ни го дадат скудетото.:drunk: Испаѓа од Септември, за џабе сме играле. И то при крајот, 7 натпревари имаме до крај.:swear:

    Што и да се деси, Господ нека му е на помош на Интер.

    Ама добро бе, ги прашува некој играчите што мислат за истото? Ќе им биде забрането да играат за државите. Е кој ќе игра тогаш и со кој играчи?:tmi:
     
    На Stressed Out, cresa-jagoda и Billy Idol им се допаѓа ова.
  13. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.617
    Допаѓања:
    36.926
    Пол:
    Машки
    Еве ја новата химна на ЕСЛ. Кхм. :tmi:

     
    На Stephen Amell му/ѝ се допаѓа ова.
  14. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.756
    Допаѓања:
    40.246
    Пол:
    Женски
    @Stephen Amell сигурна сум дека никој не ги прашал играчите и клубовите.
    Туку газдите си одлучуваат, зошто да не добијат некое милионче плус.

    @Billy Idol одвратно ако е оваа.
    Се ежев на музиката од лш.

     
    На cresa-jagoda, Billy Idol и Stephen Amell им се допаѓа ова.
  15. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.296
    Допаѓања:
    26.134
    Ај кажи дека е шала.
     
    На cresa-jagoda, Reina.Gitana, Billy Idol и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    5.176
    Пол:
    Машки
    Насер Ал - Келаифи, шефот на ПСЖ изјавил дека нема да се кандидира за претседател на ECA али сепак останува член во одборот.

    Па така, се шпекулира дека Ањели ќе го замени Карл Хајнц Румениге.
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.617
    Допаѓања:
    36.926
    Пол:
    Машки
    Хммм, дали ова значи дека ПСЖ си остава простор да е дел од ЕСЛ? :^)
    Којзнае какви зад кулисни игри се прават...
     
  18. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.296
    Допаѓања:
    26.134
  19. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    5.176
    Пол:
    Машки
    Ал Келаифи ќе остани во одборот очигледно до крајов на сезоната или завршетокот на СП па после ќе го в турни ПСЖ во ЕСЛ.

    Како што стојат работите во моментов испаѓа ПСЖ најголем победник, ќе освој ЛШ, ќе лапнат пара од УЕФА, од СП во Катар ќе земи шефот и на крај ќе се приклучат на ЕСЛ и од таму 360 милиони ќе земаат.. Ехее.. Султан Келаифи...
     
    На bicycle му/ѝ се допаѓа ова.
  20. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.756
    Допаѓања:
    40.246
    Пол:
    Женски
    Вештачки клуб.