Juventus stocks close the day at +18% based on today’s data, the club value increased by around 200M€ ⚫️⚪️ Штета што фудбалот стана еден голем бизнис и затворен круг у кој само богатите ќе можат да учествуваат. Имаше еден добар банер пред некое време "Created by the poor, stolen by the rich".
Не изиграва Рокфелер или пак некој економист од светски ранг, нити ме интересира, само едно ќе кажам. Ова е голем безобразлук кон помалите екипи оние што имаат помала финансиска моќ, од "избраниве". Големо НЕ, па макар и да треба да се откажам од клубот што навивав од детството.
Парите го вртат светот, па и будалите како овие алчни бизнисмени, кои со овие намери имаат и влезено пред неколку години во овие клубови. Пандемијава само им ги забрза плановите, оти нагло почнаа да губат пари од картите. Не за џабе правеа огромни стадиони. Жално е што најубавиот фудбал го играле најсиромашните. Никогаш нема да го разберат тоа, желба за игра, а не за пари. Клавајте голои, што би рекол Шундовски! А не да гледаме 0:0, па макар ЕкстраСупер нека се вика лигата. Приметувате ли дека годинава се повеќе и повеќе кошови има на НБА натпреварите!? Не ви е чудно? Мора да ги држат будни навивачите покрај малите екрани, инаку отиде и нивниот бизнис низ вода. Ако успеат и покрај сите закани да ја формираат лигава, очекувајте натпревари со по над десет голови. Нешто слично како ревијалните натпревари. Со глумци наместо фудбалери, баснословни договори и многу театар. Може некое од финалето да го играат и на Марс!
Со пари можат да купат се, но душа не. Фановите не можат да се свестат уште, утре ќе врие светот. Овие не разбираат дека фудбалот во Европа е храна за душата.
Ова официјално е или? Некој релевантен извор? А не дека и Тотенхем бележеше успеси, тотално катастрофа беа.
Гледајте и на позитивната страна Сега е шансата и на Светско да се пласираме. Таман пола европски репрезентации ќе бидат ослабени. Класично македонско размислување, да му умре козата на комшијата. Инаку воопшто не ми се допаѓа идејава. Изледа ко приватна забава за богатите.
Помалце поради резултати, повеќе поради СЛ, бидеќи наводно се противел. Цел стручен тим на Мурињо, сите соработници се отпуштени. Отказот е врачен баш сабаље, после бомбата.
А гледам дека одбил и да ги изнесе играчите на терен за тренинг. Како и да е, браво ако се спротиставил, некој мора да им го покаже местото на алчниве.
Тие соработници си одат заедно со Мурињо од клуб во клуб. Така прави секој тренер, си има личен тим на соработници, не е само 1 човек. Отказот му се спремаше уште минатата недела, само тајмингот се погоди денес.
Знам Рајан Мејсон е назначен за тренер до Јуни, секундарно. На ТВ преѓе спомнаа дека Мурињо остро се противел на идејата за ЕСЛ, па поради тоа и поради не успехот се здобил со отказ - ова се шпекулации на англиските медиуми, реално не се будали од Спарси директно да кажат дека заради тоа е. Ајде да речиме се погодило времето и моментот, но некогаш ништо нее случајно. А Мурињо и онака беше против тие англиски натреварувања како карабао и сл.