BREAKING: Andrea Agnelli has reportedly resigned from his role as President of Juventus. Атлетико Мадрид исто е пред излезна врата од ЕСЛ.
Се посрамотија овие пишман аџии. Се гледа дека немаат моќ наспроти диктаторската УЕФА па почнале очајнички да блефираат. И знаев дека Абрамович ќе биде прва издајца, дури вчера кога ги набројував 12-те тимови еден ми фалеше и никако не можев да се сетам дека тоа е Челзи, не ми влезе в глава од прва дека Челзи е во одметничката група.
И официјално го кикнавте. https://www.manutd.com/en/news/detail/man-utd-announces-ed-woodward-to-leave-role-at-end-of-2021# Јувентус демснтирале за Ањели. Кое распаѓање не чека кај сите клубови. Арсенал ги нема ни да гукнат. На Кронке највеќе му одговараше "лежи лебу, да те јадам" позицијата во СЛ. @Stephen Amell , вие ќе се откажувате ли? Ќе славите титула?
@Billy Idol се радувам за ова, многу, а имаше и муабет дека Глејзери после ова ќе го продадат клубот. Конор МекГрегор изјавил желба да го купи тимот, имаше објавено на твитер. Но.. јас уште очекувам да излеземе со изјава дека ја напуштаме СЛ.
Чинам не, знам дека Глејзери откако дојдоа клубот тонеше и тонеше во долгови, едно време Олд Трафорд беше под хипотека.
Мислам дека беше Малком Глејзер и со него имаа солидни резултати и сезони, ама тој мислам почина па сега неговите синови играат курташак
Не би ме чудело после овој неуспешен проект, американците да се повлечат. За Хенри не знам. Има најавено Арсенал марш против Кронке, а Глејзери како едни од основачите мислам најтешко ќе поминат. Дедово уште живее во делузија. https://www.gol.mk/fudbal/perez-ne-...napushtanje-kje-ni-se-prikluchat-baern-i-pszh
Како и да е, едвај чекам да го продадат, макар и Арап да ги купи. @Billy Idol лакоми гниди, нека им биде.
Имаат мн пари ама буквално се како нови во бизнисот. Мислам дека се 3 браќа или 2...фрлаат пари секаде...секаде имаат монопол. Тампа беј се нивни во рагби и освоија титула. Донесоа и доста спонзори во Манчестер.... Шевролет беше топ бизнис ама не сакаат изгледа да го отвораат мн ќесето.
Ама исто така кога треба да го одврзат ќесето за нови играчи некако се ценкаат и они и Вудворд, не знам. Колку јаки играчи пропуштивме поради нив.
Вудворд беше само статичар ниту влијаеше во клубот ни ништо. Браќава се битни. И да се најде нов добар спортски директор. Млади сили имаа уште од прва сезона ги форсираа па ги фрлија во блато. Не сум фан на Манчестер ама Депај и Лингард беа злато вредни.
Можеби, ама секогаш кога мораше да се купи нов играч се ценкаа, па ќе купиме па нема да купиме па во 5 до 12 ќе се купи играч кој нема да ни е потребен ради реда. Исто како Дони Ван Де Бек, го обожавам играчов, ама едвај добива шанса, а не го баравме да ни го донесат, за сите изненадување беше. Лингард се повампири во Вест Хем ама реално покрај Бруно, Погба, Кавани, Гринвуд, Рашфорд нема шанси да добие.
Политиката им беше таа отсекогаш. Фергусон никогаш не купи звезда. А зеде куп титули. Сите големи играчи што дојдоа беа од тие над него заради бизнис. Едноставно тогаш Фергусон кажуваше што му треба за шампкон а што не. Солскер нема таков статус.
Ван перси го зедоа за одлично ниска сума и веднаш донесе титула и мислам и беше играч на сезоната во Англија. Следуваше повреда и толку беше. Треба добар спортски директор. Мн играчи им избегаа од рака и станаа баш тоа што треба. Оле го сакам има харизна. Ама уште бркаат колосек од Мурињо кој ги донесе до дно.
Еве ги и моите се повлекоа. Па уште имаат лице да се извинуваат и бараат прошка од навивачите. "We needed no reminding of this but the response from supporters in recent days has given us time for further reflection and deep thought. It was never our intention to cause such distress, however when the invitation to join the Super League came, while knowing there were no guarantees, we did not want to be left behind to ensure we protected Arsenal and its future. As a result of listening to you and the wider football community over recent days we are withdrawing from the proposed Super League. We made a mistake, and we apologise for it." Они не ја сакале лигата, они така невино прифатиле затоа што им значел Арсенал како клуб и со најдобри намери го направиле тоа да го заштитат. Мрш бре таму!