Изгледа не е сеуште. Официјално објавија дека шпанските и италијанските екипи продолжуваат. Англичаните се повлекоа само. Којзнае што не очекува утре. Флорентино ќе давал интервју.
Чим објавил Фабрицио, готово је. Еве им и официјално соопштение. И Крушевската република траеше подолго од Супер Лигата.
Јас мислам дека лигава ја направија од досада. Да имаме за што да прајме муабет. Иначе не знаев дека 30 луѓе следат фудбал на форумот.
Општо као идеја да го прокоментирам, многу е глупо. УЕФА беше у право да ги банира од други првенства пошо као ќе се натпреваруваат со 100 пати посиромашни клубови? Не рамноправно до даска. Среќа што не потраја долго Макар што мислам дека ќе се обидат пак да направат нешто вакво, ќе смислат све за пари...
Ужасна идеја им беше ова, добро што не им успеа. Прв пат да се сложам за нешто со УЕФА. Што се не ќе направат за пари, wow.
Којзнае што задкулисни игри се изиграа деновиве... ако не беше ова некој обмислен потег да се извлечат повеќе пари од УЕФА за клубовите. Сепак мислам дека идејава за Супер Лига нема да ја отфрлат, само ќе чека некој друг момент. И едните и другите се мафија, зинати за пари, за жал.
Реал, Барселона, Атлетико и Јувентус спремиле тужби за шестте англиски клуба затоа што останале без најавените спонзори по формирањето на Суперлигата. Интер ништо не кажува, ни за тужби не го бива.
На фб еден другар напишал Суперлигата ќе почне во истиот ден кога ќе влеземе во ЕУ, кај да е. 10 минути солзи ми течат
Уште 3 екипи останаа. Реал, Барса и Јуве. Интересни разигрувања ќе има меѓу нив. Едвај чекам секоја недела Ел Класико да има. Е д в а ј. Јуве и во оваква констелација нема никад титула да освои.