Кога ќе ви пуштат тужба Јуве, Барса и Реал, ќе видеш тогаш. И не е фер само Англиските екипи што земаа некоја пара од срањево.
Според последниот финансиски извештај Барса има долг од 1,2 милијарди евра заедно со краткорочен долг од 730 милиони евра. Само 126 милиони должат на други клуба од сите трансфери кои ги направија за играчи, а многу после ги продадоа за пониска цена.
Оффф... Не знаев дека е толку лоша состојбата. Најдобро е некој да ги купи, и да платат се. А и ние не сме баш најсјајни. Добро бе, постои ли клуб без долгови?
Нема. И затоа всушност сакаа да ја прават Супер Лигата, пошто инаку сите ќе отидат во банкрот. Meanwhile, од другата страна, Чеферин си ја покачил платата за 400 000 еур во доба корона, и заработува 2 милиони еур годишно. https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1385281736523886599 Смрди од двете страни работава. Тоа не значи дека СЛ беше добро решение, ама не е ни се така црно-бело. По мене salary cup ќе е решението. А не да се пумпаат цените на потпросечни фудбалери, агенти и татковци...
@Billy Idol Не ми се допаѓаше концептот воопшто, без испаѓање. Нека воведат salary cup не може да се фрлаат астрономски суми како на шала.
Германскиот лист „Дер Шпигел“ откри детали од договорот кој го потпишаа 12-те најбогати клубови во Европа за формирање на Суперлигата. Казната за откажување од Суперлигата наводно изнесува повеќе од 150 милиони евра, односно доколку одреден клуб не го испочитува договорот. Се споменуваа неверојатни суми околу потенцијална заработка на клубовите кои би играле во Суперлигата, меѓутоа, не сите 12 основачи би имале идентична заработка, односно само Реал и Барса би инкасирале повеќе од другите. По околу 60 милиони евра повеќе би оделе на сметка на двата шпански гиганти, сума која требаше да се исплати по две одиграни сезони во Суперлигата.
Суперлига како идеја не беше поставена рамноправно помеѓу самите гиганти, и делумно затоа пропадна, ми стана јасно откако го прочитав интервјуто на Перез во својство на нејзин гласноговорник. Но се ова што се случи неделава, уште еднаш ми докажа колку се моќни тие институции етаблирани во системот како УЕФА во случајов и дека приватњак не може да делува во никаков правец без нивна поддршка и дозвола, нема каде да прета самостојно.
Нема да има казни за клубовите кои ја формираа СЛ: https://mobile.twitter.com/Deadline...se-odluka-nitu-eden-klub-nema-da-bide-kaznet/
Колку ми е мило за Јувентус. Абе толку се изнамачија за едно е*ено четврто место и сега нема пак да одат ЛШ.
УЕФА и ФИФА немаат право да ги казнуваат клубовите поради Суперлигата. Е тек сега го гледаме вистинското "лицемерно лице" на УЕФА и ФИФА, ако се "почувствуваат загрозено" одма закани и казни, зошто кај нив сакаат да лежат парите. Ама европскиот суд си го кажа своето. И одма се огласиле од УЕФА демек ова пресуда не значи дека Суперлигата повторно ќе оживее. А ФИФА излегла со предлог за ново клубско натпреварување од светски размер т.е ова сегашното Fifa Club World Cup да се игра во лето со повеќе тимови, групи итн.. Мафија, мафија, мафија !!!