1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Супи и чорби

Дискусија во 'Рецепти' започната од guguence, 14 март 2012.

  1. guguence

    guguence Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Супа од зелка

    девојки може некој да ми даде рецепт за супа од зелка со целер што се става внатре
    Ако има ваква тема слободно во канта
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.339
    Супа од зелка


    :^) супа од зелка ми доаѓа како вариво а во секоја супа можеш да ставиш целер, тоа е мирудија
    Да не мислиш на онаа чорба од зелка со која се држи диета, ако е таа тогаш ова се става - 3 моркови, 3 главици кромид, пола зелка (средна големина), 3 чешниња лук, 1 патлиџан, 3 целера и некој по желба става и 50гр ориз и најбитно ако ти е за диета НЕ СЕ СТАВААТ никакви зачини (ниту сол), а ако не ти е за диета стави си сол, вегета, ловоров лист....
     
  3. guguence

    guguence Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Супа од зелка

    а колкава големина треба да се главиците кромид и колку вода треба?
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.339
    Супа од зелка

    Па од прилика, средна големина, тоа не е толку битно (некој сака повеќе кромид некој помалку) а вода да го покрие зеленчукот убаво и да има над него вода за да може убаво да се свари (3 шољи за чај одприлика. Јас никогаш не мерам и затоа незнам точно да ти кажам)
     
  5. guguence

    guguence Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Супа од зелка

    :^) супа од зелка ми доаѓа како вариво а во секоја супа можеш да ставиш целер, тоа е мирудија
    Да не мислиш на онаа чорба од зелка со која се држи диета, ако е таа тогаш ова се става - 3 моркови, 3 главици кромид, пола зелка (средна големина), 3 чешниња лук, 1 патлиџан, 3 целера и некој по желба става и 50гр ориз и најбитно ако ти е за диета НЕ СЕ СТАВААТ никакви зачини (ниту сол), а ако не ти е за диета стави си сол, вегета, ловоров лист....[/quote]
    а колкава големина треба да се главиците кромид и колку вода треба?[/quote]

    Па од прилика, средна големина, тоа не е толку битно (некој сака повеќе кромид некој помалку) а вода да го покрие зеленчукот убаво и да има над него вода за да може убаво да се свари (3 шољи за чај одприлика. Јас никогаш не мерам и затоа незнам точно да ти кажам)[/quote]
    уште нешто да те прашам а патлиџан мора ли?
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.339
    Супа од зелка

    Не мора ако не сакаш или стави домашен сос од патлиџани
     
  7. guguence

    guguence Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Супа од зелка

    Ке можеш или да ми ја кажеш цела постапка ?Што како треба.позз
     
  8. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Јас обожавам супи и чорби домашно приготвени.

    За почеток еве еден мој рецепт за супа

    1 главица кромид,
    1 морков,
    тиквичка,
    1 филџан фиде,
    магданос,
    коцка за супа,
    сол,
    бибер,
    павлака,

    Исецканиот кромид го ставаме да се попржи додека да омекне, потоа го додавам морковот изрендан може и сецкан да пушти боја, потоа и изрендана или исцеканата тиквичка, малку да се пропржи а потоа го додавам и фидето и тоа малку да се пропржи, потоа налевам вода да зоврие, ја ставам коцката за супа, сол и бибер по вкус, сетоа тоа да се свари и кога е готова супата ја тргам настрана а предходно една лажица кисела павлака со малку вода и со жица за матење ја мешам убаво и ја истурам во топлата супа, ја мешам со лажица и мммм прекрасна е ... :) .
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Знае некоја како се прави крем супа ??
     
  10. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.939
    Обожавам супи. ^_^ Посебно кога ќе купиме ама татичко ќе доизренда компир и морков. И многууу бибер. :geek: Сега ми се пријаде...
    Исто сакам од печурки.
    Чорби помалце сакам, ама компир чорба, зелка чорба, пилешка , телешка силум и милум ги јадам. Се останато не.
     
  11. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    њам. супи. само пилешката ја сакам. ја јадам со многу лимон, кисела павлака и бибер. затоа сама си правам а кога мајка ми и баба ми прават супи ги прават со магданос, морков и уште не знам што и не им ги сакам.
     
  12. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Крем супа од компири
    СОСТОЈКИ
    2 компири, излупени и исечени на коцки
    2 шолји вода
    1 голем кромид, ситно сечкан
    1/4 шолја путер
    1/4 шолја сенаменско брашно
    1 лажичка сол
    1/2 лажичка мајчина душица
    1/4 лажичка рузмарин
    1/4 лажичка бибер
    1 ½ чаши Битолско трајно млеко со 3,2% мм
    ИНСТРУКЦИИ ЗА ПРИГОТВУВАЊЕ

    Варете ги коцките компири во сад со две чаши зовриена вода, додека не смекнат.
    Во поголема тава растопете го путерот и испржете го кромидот. Додајте го брашното, солта и останатите зачини.
    Пополека додавајте го Битолското трајно млеко со постојано мешање, додека не зоврие, па гответе уште 3 минути.
    Ставете ги варените компири, добро измешајте ја целата смеса и оставете ја да се вари уште малку.
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  13. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Може некој да ми ја каже постапката за таа чорба, не знам како ја викаат, ама се прави од пржено брашно? Излегува црвено/портокалова, си дробите лепче во неа. Се става и матено или цело јајце во неа додека врие, ако знаете на која мислам. :^)
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.339

    Омилената на свеки ми а јас неможам да ја смислам. Таа става и ќофтиња во неа а оваа што ја опиша ти е чиста кафанска чорба омилена на мм со јајце внатре а јас исто така :) не ја сакам зашто е многу калорична а не дека не е вкусна :$ .
    По рецептот на свеки - пропржи кромид и морков на зејтин, стави вода и ќофтиња (живи не пржени замесени со ориз - значи обични ќофтиња и плус сатви малку ориз) и тоа се вари со зачини -сол, вегета, се додека не се сварат ќофтињата. Пред крај во едно тавче се става зејтин и 1-2 лаж големи брашно да се пропржи па се додаде 1 лаж црвен пипер. Тоа се пропржи минутка и се стави во чорбата. Провријува едно 5-10 мин и пред исклучување во сад се кршат 1-2 јајца и се матат со вилушка. Со непрестанување на матење на јајцата се зема малку од чорбата и се става во јајцата и се мати, мати па се става пак уште малку чорба па мати...и на крај целата смеса т.е јајцето со се дел од чорбата се сипува во чорбата. Ова за да не ти се стврдне т.е свари или згрудва јајцето ако веднаш го ставиш во чорбата додека врие зашто нели е врела и затоа така се прави.
    Се надевам дека ме разбра. Кога ја прави оваа чорба свеки и велам да стави 1-2 чешниња лук да ги пропржи со кромидот за да колку толку се сузбие мрсното. Тешка е зашто е со таква запршка од пржено брашно, но вкусна. И на крај кога ќе го тргнеш тенџерето од рингла стави ситно сецкан магданос
     
    На Serafima, imelda и lolyta777 им се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.351
    Допаѓања:
    200.687
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е кафанска чорба, ама кај нас во охридско се прави откако паметам, и не е толку тешка и калорична. И се вика црна чорба. Еве, јас како ја правам (рецепт од мајка ми). Прво ставам да се варат пилешки копанчиња, и кога ќе се готови, ги вадам од водата. Во тенџере ставам три лажици масло со две лажици брашно, малку да се пропржат, после додавам малку црвен пипер (како велат Србите, прстохват), малку доматен сос. Малку да се попржи, па се додава филџан ладна вода да не се направат грутки од брашното. Кога ќе се раствори брашното, ја додавам водата во која вареле копаните, ставам сол или вегета, бибер во зрна и два-три ловорови листови. Така ја оставам да вари на тивко, да се згусне. Месото може да се потпече со зачини во рерна или да се стави да изврие со чорбата некаде 15 минути пред да се тргне од оган.
    Ова задолжително се јаде со макало од лук (јас го избегнувам оти мм не сака лук и не го јаде во никаква форма). Освен тоа, многу убаво оди со потпечен леб и биено сирење, прсти да си излижеш.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Јајце на вода мислам дека таа е таа што ја прашуваш ,јас не ја сакам ама ја имам еднаш пробано.
    Значи се пржи брашно на зејтин се додава малку црвен пипер и се полива со вода ладна да се добие смеса како каша кога ке почне да врие се крши едно цело јајце и тоа излегува на површината а одоздола е сосот односно кашата и се јаде со потпечено лепче или двопек се зачинува со сол,вегета,и лукче ако сакаш.
    Наздравје
     
    На baby-star и imelda им се допаѓа ова.
  17. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Таа е! Јајце на вода. Ама ќе пробам да си ги направам и тие со ќофтиња еден ден и со копанчиња друг ден, оти ептен слатко ми изгледаат.
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Јас си правам домашна супа и многу ми е убава. Си ставам да се варат морков сецкан на кругови, компир на коцки, брокула, пашканат, потоа додавам коцка за супа и зачин по потреба. Кога ќе се свари зеленчукот ставам и домашно фиде, тоа се вари утре 5-6 минути и на крајот додавам малце свеж магданос кога има и тоа е тоа. Многу си ја сакам, еве баш убаво се присетив утре ќе си правам :D
     
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.575
    Пол:
    Женски
    Слично на цветче си ја правам супата, само што јас додавам претходно провриен, измиен и исецкан пилешки џигер или претходно сварен батак иситнет на парчиња. А претходно големото тенџере го полнам скоро до горе со вода ;) , ставам рендан морков (2-3 големки), рендан компир (1-2), сецкан пашканат (скоро половина парче), брокула неколку гранчиња од едно парче, посолувам претежно само со вегета и бибер, некогаш и сол, ставам една цела главица кромид да се вари во супата, без да го сецкам кромидот, кога ќе зоврие водата ставам супа од кокошка или коцка за супа и малку фиде по вкус,некаде при крај на варењето ја вадам главицата кромид и во длабоко тањирче за кикирики го делам кромидот на неколку парчиња и го толчам додека не се раскаши, па пак го враќам во тенџерото и пред да ја тргнам супата додавам магданос.
    Сеуште не сум ставала изматено јајце во малку пооладена супа за да испадне крем супа, иако сакам, ама страв ми е да не ја зезнам, да не се спржи јајцето ако е топла супата :lol: Ќе го пробам и тоа некогаш со помала количина на супа.
     
  20. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Крем супа со Морков
    Оваа супа освен што е вкусна е и многу здрава ,посебно за помали дечиња.
    Земаме неколку моркови ,малку целер ама корен еден поголем компир сето ова на коцки се сецка и се полива со вода да се свари ,кога ке се свари зеленчукот се блендира се додава коцка за супа ако немате додајте малку вегета и биберче,на крај ставете малку слатка павлака и наросете со малку сецкан целер или магдонос.
    Оваа супа ке има порткалова боја бидејќи има најмногу морков,за да биде интересно за децата друг пат може да се направи со брокула,грашок или спанаќ.
     
    На MacenceEna, Annath, Dinnna и 1 друга личност им се допаѓа ова.