1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Супи и чорби

Дискусија во 'Рецепти' започната од guguence, 14 март 2012.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.412
    Пол:
    Женски
    Мојата крем супа од Брокула

    изрендан морков
    изрендан компир
    сецкан целер корен
    сецкан целер лист
    сецкан пашканат
    сецкан магдонос
    една китка брокула
    бујон од зеленчук или пилешки
    јогурт и едно јајце

    количините се според желба

    На малку маслиново масло се пропржува ренданиот зеленчук, ќе си пушти боја и мирис и тогаш се додава и сецканиот зеленчук освен листот целер и магдоносто. Во меѓувреме се сортира брокулата, дрвенастите делови се сецкаат а цветовите се двојат. На испржениот зеленчук се додава бујонот и дрвенастите делови од брокулата, се доставаат зачини по желба. Цветовите брокула, магдоност и листот целер се додаваат откако ќе омекне целиот зеленчук кој се вари околу 5 минути. Се исклучува супата и се трга на страна, се процедува низ цедилка и се става во блендер да се испасираат зеленчуците, може и на рака со алатка за пире. Се враќа во бујонот но еден мал дел со малку течност се остава во подлабок сад во кој се додава јогурт и едно јајце убаво изматено со малку сол, изматете го јајцето на страна и полека додавајте го. Смесата ќе биде млака и полека додавајте ја во супата која малку е подоладена, цело време матете со жица, не смее да згусне бидејќи нема да биде убава на око, инаку пак ќе биде вкусна. Од јогуртот ќе има прекрасен кисел вкус и ќе биде многу кремаста. Истава супа може да се прави и без да се пасираат зеленчуците, односно да си останат целите, постапката за забелување е иста.

    Инаку мојот рецепт за оваа чорбата со брашно, црвен пипер и јајце, од дедо ми го знам како Чалабур, омилено ми беше ко помала а одамна го немам направено. Тоа е единственото јадење кое е вака посомнително по состојки а го јадам.

    една лажица брашно
    една мала лажичка црвен пипер
    сол и црн бибер
    едно или две јајца
    малку сиренце
    вода

    На масло се пропржува брашното, се додава и пиперот. Се додава млака вода и убаво се меша за да не станат грутчиња, се зачинува по желба со сол и бибер. Во фаза на вриење се кршат директно цели јајца кои се варат во водата и имаат неправилна форма. Откако убав ќе се сварат јајцата а и водата ќе изврие малку се додава сирење издробено или рендано и се јаде со лепче најобично. Ова јадење ми е во најубавите спомени од детството, со дедо ми на маса во село и со домашно лепче туку што извадено од фурна. И како тогаш сум имала одвај 20 кила а сега кога внимавам иам 80.
     
    На Neodlucna, angelche16, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. H.e.L.e.N

    H.e.L.e.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    218
    незнам дали имате пробано домасна крем супа од тиква јас ја направив имногу ни се допадна и на мене и на мм :)
    500гр тиква
    3,4 компири
    3 моркова
    500 мл вода
    коцка за супа
    сол
    црн пипер
    кари зацин

    сето тоа лупи и се сеце на мали коцки се вари додека не омекне,потоа се става во блендер и се меса се мозе и со обицен миксер и се додава 500мл вода зовриена со коцката за супа.Oткако убаво ке се измеса се врака на оган да поврие и се додава сол,црн пипер и кари.ако е многу густо мозете да додадете усте малце вода!! добар апетит ;) :)
     
  3. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Порано не сакав да помислам на неа, посебно кога ќе го видев тој магдоносот, па морковот... косата ми се креваше. Дете, што сум разбирала :D .

    Ова рецептче ми е од втората мајка :) (свекрва ми), ама морам да ја пофалам дека е пре, преубава. Оргиналниот рецепт е сосем подруг, но ова по наш вкус со мм.
    Пилешка супа
    Потребно: 3 копани, едно малечко парче стек (100-200 гр), две морковчиња, една коцка за супа (пилешки бујон), 3 лаж. сушен зачин (пашканат, кромид, магдонос...), 2 ловорови листови, 100мл. млеко (половина чаша), едно пакетче пилешка супа, една рака фиде, 2 -3 лаж. брашно, масло, сол, вегета, црн пипер.
    Подготовка: Едниот морков се сецка ситно, а другиот се ренда ситно. Сецканиот морков, копаните, стекот, сушениот зеленчук, ловоровиот лист, малку масло и малку црн пипер се стваат во тенџере со вода. Се остава на тивко да се вари (убаво да си се свари околу 1 час на многу тивок оган). Откако се свари месото се сецка на коцкички или се кине со раце, па се враќа назад во супата. Настрана во помалечко тенџерче се пржи ренданиот морков, па откако убаво се испржи морковот се става во супата, а во истото масло се пржи брашното (се прави запршка). Потоа се додава готовата супа, коцката, млекото и фидето, па се остава да се свари уште 5-8 минути.
    * Овие мерки се за едно убаво големо тенџере од 4-4,5 л вода :tmi: :$, а можете да пречекате и нагостите 12 луѓе на ручек-вечера :D .
    * Ако не сакате да ви се брка низ чинијата морковот, пашканатот... откако се свари, можете да го измиксирате во блендер и така ќе добиете поголема густина.

     

    Прикачени фајлови:

    • pileska supa.jpg
      pileska supa.jpg
      Големина на фајлот:
      179,1 KB
      Прегледи:
      538
    На girl-miri, fairy88, ines.h и 3 други им се допаѓа ова.
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Вчера правев за малиот чорба од млади коприви

    Во тенџере пропржив младо кромидче, морков и пашканат. Додадов и домашен кечап-сос од патлиџани и пола филџан ориз. Во друго тенџере ставив вода и сол. Во зовриената вода ги ставив копривите да провријат 2-3 мин, многумалку им треба затоа што се млади. Обарените коприви ги исецкав и ставив во претходната смеса. Зачинив со сол и вегета. За 20 -тина мин имате здрава и вкусна чорба
     
    На fairy88, Giovanna, ines.h и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Чорба од мешан зеленчук

    Состојки:
    1 праз, 1 целер, 2 моркови, 1 пиперка, 2 лажици павлака, 2 лажици брашно, 1 јајце, 6 цветови карфиол, 6 цветови брокула, сол, вегета, кари, масло

    Подготовка: Измијте го убаво зеленчукот и сварете го во солена вода, во која претходно ставате масло. Зеленчукот извадете го од водата и испасирајте го во блендер. Изматете го јајцето, додадете го брашното, павлаката, сол и се добро измешајте. Смесата ставете ја во зовриена вода во која што се варел зеленчукот и оставете да врие уште пет минути, а потоа сервирајте ја.
     
    На fairy88, Annath, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Најубаво нешто. Создадени за одржување на добро здравје, па и добра линија (знаат да дадат чувство на ситост баш поради тоа што се течни). Исклучително корисни за време на пости (мислам доколку се нели самите посни), затоа што многу почесто има благи варијанти на посни оброци одошто солени. Рецептиве ви се за мерак. :bow:
    Ќе пробам некои иако не одам многу по рецепти за овие јадења. Кога имам доволно зеленчук погоден за таа намена, го спремам и правам супа/чорба. Запршки не практикувам, зачинето пасирано компирче или доматно пире (зависи од составот) ми вршат работа.
     
    На ninja35, fairy88, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.273
    Допаѓања:
    6.914
    Пол:
    Женски
    Здраво еве еден интересен рецепт за крем супа од тиква во две варијанти: солена и слатка. Се надевам ќе ви се допадне. Поздрав.

    Здрава есенска крем супа од тиква

    [​IMG]

    Округла или долгнавеста, жолта или црвена, тиквата е дефинитивно една од моите омилени есенски намирници. Се смета за кралица на есента и тоа не е случајно. Таа е богата со витамините А и Ц кои се од неопходна важност за целокупниот наш организам, а и за убавината на кожата, ноктите и косата. Потоа, содржи бетакаротен и минерали како калциум, фосфор, цинк и потасиум. Богата со вода, а сиромашна со шеќери, оваа намирница содржи 15 калории на 100гр. и има навистина низок процент на масти помеѓу кои е присутен и најголемиот пријател на срцето: омега 3 масните коселини.

    Еве ги најзначајните бенефиции на тиквата врз човековиот организам:

    - го подобрува сонот;
    - го намалува стресот и анксиозноста;
    - ги зацврснува ноктите;
    - ја подобрува структурата и убавината на кожата;
    - го подобрува варењето на храната;
    - го штити срцето;
    - ја штити простатата;
    - ја подобрува структурата на косата;

    Мислам дека горенаведените податоци се доволна причина зошто тиквата треба да биде дел од нашата есенска исхрана. Токму затоа во оваа статија сакам да ви предложам како да направите кремаста супа од тиква и тоа на два начини, односно во две варијанти: солена и слатка варијанта.


    1. Солена супа од тиква

    За оваа варијанта потребни ви се следниве намирници:

    [​IMG]

    - 1 поголем кромид;
    - 4 моркови;
    - 3 до 4 поголеми парчиња тиква

    Во едно тенџере се ставаат исецкани сите намирници, се додава малку маслиново масло и лажица природна веѓета и се пропржува кратко за да омекне кромидот, а и намирниците да пуштат од своите сокови и вкус. Потоа се додава вода и се вари на тивок оган сѐ додека намирниците не омекнат. Готовата смеса се префрла во еден бледнер, се пасира и вашата супа е готова.

    [​IMG]

    2. Слатка супа од тиква

    Најнапред тиквата треба да ја сварите или испечете (ако имате голема тиква и сакате дел од неа да ја јадете печена а дел да ја направите како супа, тогаш испечете ја). Откако тиквата е готова, ставете ја во блендер заедно со малку млеко (доколку сте вегани употребете млеко од соја, бадем, ориз и.т.н.) и малку цимет. Секако количината на млекото и циметот регулирајте ја сами во зависност од тоа колку сакате да биде густа или слатка супата. Изблендирајте и вашата супа е готова, и може да ја комзумирате за ручек, но и како ужинка кога ќе посакате нешто слатко а здраво.

    [​IMG]

    Се надевам дека ви се допаднаа овие две варијанти на супа од тиква и дека ќе ги направите. Во една од следните статии ви најавувам употреба на тиквата и во козметички цели.

    Голем поздрав
    Вики
     
    На girl-miri, fairy88 и joy1 им се допаѓа ова.
  8. babyane18

    babyane18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    462
    Пол:
    Женски
    Дa не oтвoрaм нoвa темa.... Мислaм:?: декa прaшaњевo штo ќе следи би "пoминaлo" и нa oвaa темa.
    Мм изрaзи желбa декa сaкa рибијa чoрбa дa јaде. Дa aмa кoј ќе јa нaпрaви хехех јaс нoрмaлнo НO прoблемoт е штo незнaм кaкo ни рецепт имaм пo кoј ќе се вoдaм.... Пa сегa aкo некoј сaкa дa ми пoмoгне дa ми дaде некoј рецепт некoј штo веке прaвел би ви билa блaгoдaрнa :$:*
     
  9. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    http://moirecepti.mk/?s=рибја чорба&page=1 Не сум правела јас досега, но еве ти линк овде можеш да си видиш имаш и слики и рецепт и убаво објаснето.Се надевам од корист ке ти е линкот.:)
     
    На babyane18 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. babyane18

    babyane18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    462
    Пол:
    Женски
    Ти блaгoдaрaм мнoгу. :*
     
    На Winter Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  11. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    7.423
    Супа од грашок и пченка
    200гр грашок
    200гр замрзната пченка
    200гр праз
    200гр компири
    750 течност за супа
    Зачини: Сол,Маслинов зејтин,сок од лимон по желба или павлака
    Во течноста за супа се става компирот исечкан на коцки.Кога ќе се свари се додаваат грашокот и пченката да се варат.При крајот на варењето се додава празот да се вари 2-3 минути.На крај се пасира со блендер да се добие хомогена смеса.Одозгора се става зејтин по желба и се зачинува со сол.
    П.С.Ќе украдам слика од супата да постирам како изгледа
    [​IMG]
    Инаку супата ја имам јадено за католички Божиќ како предјадење на вечера и многу ми се допадна.Од тогаш натаму често си ја правам:)





     
  12. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.547
    Допаѓања:
    2.775
    Пол:
    Женски
    Може ли неκој што пρавел да ми κаже ρецепт за пρиρодна супа само со зеленчуκ и зачини, без ниκаκви κоцκи, фиде... ?
     
  13. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Ставаш 3 компири сечени на поситни коцки, 2 моркови на кругчиња, по вкус ситно сецкан кромид или на мали кругчиња, исто ако јадеш брокула можеш на коцкички, целер.Копан можеш да ставиш на тенки парчиња.Што си јадеш тоа.И заливаш со вода повеќе како за супа.И кога ке бидат варени компирите поубаво е да ги извадиш и да ги испасираш со вилушка.И се додава магдонос.Многу е вкусна.Си додаваш зачини по желба пред варењето.
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.273
    Допаѓања:
    6.914
    Пол:
    Женски
    Здраво сечеш кромид, морков, целер (корен), компир и брокула и со малку маслиново масло ги динсташ додека да пуштат од сокот и кромидот да омекне. Потоа додаваш вода и зачин по избор. Јас лично како зачин додавам природна веѓета која сама ја правам и подолу ќе ти го оставам рецептот со слики. Вари го зеленчукот на тивок оган и на крај додади тиквички (само 2 мин.), магдонос и листови целер. Пробај да ја провериш соленоста и ете супата е готова. Може да ја испасираш за да добиеш густа кремаста супа која лично е мој фаворит, обожавам пасирани супи. Еве го рецептот за природна вегета, ќе ја направиш за 10 мин. а немаш појма каков прекрасен природен вкус дава. јас веќе трета тегла трошам и ја правам со она што го имам на располагање: жалфија, босилек, рузмарин.итн. Поаледнава тегла ја направив со магдонос, целер, рузмарин, жалфија и копар и беше фантастична. Поздрав

    Направи сам: домашна и природна вегета

    Вегетата е еден од најупотребуваните зачини, како при подготовка на супа така и како додаток за вкус на многу јадења. Постојат многу различни марки на вегета и повеќето од нив (ако не и сите) во својот состав вклучуваат бештачки бои, квасец, засилувачи на вкус, конзерванси и што се не.

    Кога бев гостинка кај една моја другарка во Сицилија, мајка и ме научи на еден прекрасен стар рецепт (кој всушност води потекло од италијанскиот регион Тоскана) за природна вегета која ќе ја подготвите за половина час и за која не е потребно варење или било каква друга термичка обработка на состојките. Дава неверојатен вкус на храната.

    Ајде најнапред да ви го кажам рецептот и начинот на подготовка, а потоа ќе говориме на кои сé начини може да ја употребувате во кујната.

    Потребни состојки за овој рецепт се:

    [​IMG]

    250 гр. кромид (јас обожавам црвен)
    50 гр. моркови
    50 гр. целер (корен или листови по ваш избор)
    2 чешниња лук
    150 гр. зачински бикли по ваш избор (јас користев босилек, магдонос и копар)
    500 гр. сол

    [​IMG]




    Значи солта во овој рецепт треба да биде застапена 50%, а останатите 50% зеленчук, затоа што самата сол претставува природен конзерванс.

    Зеленчукот и зачинските билки се сечат на парчиња и се ставаат во блендер. Се сецка зеленчукот околу минута и потоа се додава солта и се продолжува со обработка се додека зеленчукот не стане толку ситен што ќе изгледа како густа каша.

    [​IMG]

    Смесата ја собирате во една чиста и стерилизирана тегла од килограм.

    [​IMG]



    Со оглед на тоа што, како што веќе и нагласив, солта е еден вид на природен конзерванс, вака добиената вегета трае година дена, а препорачливо е да се чува во фрижидер.

    Оваа вегета не само што е комплетно природна туку е и премногу вкусна и може да ја користите за илјада работи во кујната. Може да се употреби при подготовка на супа или пак може директно да се додаде во подготовката на многу други јадења како на пример ориз или разни манџи, за подобрување на вкусот.

    Со вака приготвената вегета не само што значително го подобрувате вкусот на јадењата на природен начин (барем знаете што конзумирате), туку и многу заштедувате. Со половина кило зеленчук и сол добивате 1 кг. вегета. А да не правиме муабет колку си правите услуга на сопственото здравје со тоа што не конзумирате вештачки бои и конзерванси присутни во поголемиот број на слични производи на пазарот.

    Како што веќе многупати имам кажано, убавината пред се доаѓа од внатре и ние сме она што јадеме.


    Вики
     
    На girl-miri и joy1 им се допаѓа ова.