Ги сакате ли? Дали супите се дел од вашите секојдневни ручеци, или ги јадете само кога сте болни? Забележав дека кај Хипица , редовно има супа како дел од ручекот, и мислам дека е тоа добра навика, не дава да се прејадеш. Е сега, јас јадам супа, ама не ги сакам сите видови. Алпската од Подравка ми е незаменлива, другите не ги обожавам, а ја сакам и домашната кокошкина супа, кога мама ќе ја направи така вкусно Дали ги јадете само купени, од кесичка или експериментирате со супите? Не се прашувајте како е можно, мајка ми најчесто знае да стави морков и компир, рендани ситно, да се пропржат убаво, па потоа да се варат со вода и да се додаде супа од кесичка, или парченца пилешко месо, плус лимон на кришки. Ете и така е вкусно. Е па форумџики, повелете, ем топло ем вкусно, лековито со доста бибер и лимон Ако има некој посебен начин на подготовка, кажете го и вие, дајте предлог
Обожавам супа Скоро секој ден јадам. Јадам кокошкина супа, најчесто од кесичка. Уште не сум стигнала до домашното приготвување
Јадете супа, оти ќе ви дојде баба рога! Многу сакам супа. Секаква. Во последно време си ја купувам таа кокошкината, но ми се допаѓаат и оние со мевцињата што се ммм . Лесна е и за готвење-мислам онаа купената, да направам јас сама не сум пробала сеуште. Ретко да ми текне да купам, но како и да е уживам во вкусот.
Не да сакам, просто обожавам. Дома секогаш имам една фиока резервирана за супи,оние во ќесичка. Навика е кај мене дома при секое пазарење да се купат минимум три ќесички.Знам скоро секој втор ден да си направам, од кокошка, говедска, или со кнегли. На Maggi ми се најубави! Мајка ми обично ги вари тие супи и сама си ренда внатре морков, пашканат, става плус мевце...и доаѓа како домашна бистра супа.
Ние кога купуваме супе тоа се супи од печурка, зеленчукова и така така петлова супа. А мама кога прави домашна е посебно убава. Едит: Мислењето е променето од страна на модератор. [mod-kirilica:z3r02tqc][/mod-kirilica:z3r02tqc]
Супите се многу лесни за приготвување, и би сакала почесто да ги имам на менито, ама... инаку, повкусни ми се домашните супи, особено телешката густа супа, поточно чорба, што се вари од коска. Обично кога ми се јаде супа си ставам мало парче месо (телешко) или пилешко батаче, па кога ќе се свари му додавам зеленчук и зачини... и ете супа, многу подобра отколку тие во ќесички, иако и нив ги варам понекогаш кога немам многу време.
ммм обожавааам .... маги со полжавчињаааа њамммм .... можам едно тенџере да изедамм ... секогаш има и кај мене дома супии ее сега ме нaстрвивтее
Мајка ми прави домашна супа во која става сецкано пилешко на коцки, е таа ја обожавам! Инаку сама си приготвувам Маги супа, или кокошкина од Подравка. Ставам малку лимон е маф ја правам Некогаш и за вечера каснувам ако ми се јаде, таа не е којзнае колку калорична, заситува и + вкусна е!
Јупии браво за темата!! Супата ми е НАЈомилено јадење буквално се давам во супа нема ден да не варам супа,највеќе ја сакам таа на Подравка обичната,Маги француска,сите на Подравка со мевциња
Супа јадам, но не ја сакам пред ручек, туку онака. Јадам секој втор ден од кесичка, аобавезно еднаш неделно мајка ми прави домашна. Тие од кесичка сама си јадам една
Строго одбиваме да јадеме манџа ..и се слично на неа. Еден ден ја откривме супата Двајцата скептично се гледавме меѓусебе обесхрабрено , со пуста надеж дека еден од нас ќе испадне јунак и ќе ја проба . Досега никој не успеал да не убеди , ни доодените пензионерки . А сега сме се одлучиле доброволно да и се предадеме на здравата исхрана. Од тој ден супата , домашно приготвената и онаа од ќесичка стана неизоставен дел од нашето дневно мени. Брокулата е неизбежна мора да ја има во што поголеми дози ...напредуваме
И кај нас супа има скоро секој ден. Особено во овој период, есен-зима, преку лето поретко. И јас како старфиш, ги обожавам супите на Maggi, а и тие со школкички, бројки, и разни фигурчиња, е тие ми се многу интересни па ги бркам со лажицата. За приготвување, тие во кесичка, се лесни за приготвување, а за домашните- не знам, а не се надевам ни да научам, кога веќе имам на послужалник, златен и тоа.
Аахх супа сакам многу....И е неизоставен дел од нашиот ручек.Ги сакам готовите ама најмногу ја сакам домашно приготвената пилешка супа.Сакам и кремасти супи и има една од тиквици која сама ја приготвувам, одлична е.Јадете супа затоа што е одличен лек за се!
Изгледа сум единствена што не сакам супа Тоа од градинка мие...зашто многу не тераа да јадеме супа...и ја сега не можам да ја смислам не па да јадам...може само онаа најобичната ама еднаш у година па ни толку...иначе другиве со кнедли,бројки...НЕ НЕ!!....Знам дека е најздрава за јадење ама ете не ми се свиѓа
Cкоро секој ден јадам супа,порано се тепавме со сестри ми за кој да ја наполни последната чинија со супа,сега само јас јадам и керка ми сака многу
Обожавам супа а посебно домашна мама што ја прави. А ја прави од водата од варен копани и во неа става брокула, морков и кромид кои откако ке се сварат со водата ги вади и ги пасира и потоадодава фифе и лимон ммммммммм вкусно
Супа обожавам и дома ја има ОБАВЕЗНО, за СЕКОЈ ручек, без разлика на годишното време. Најмногу ги сакам домашните, особено таа Совршенство што ја спомна погоре, со батачињата. Од готовите омилени ми се крем-супите со печурки.