Ееееееее многу сакам супа. Пред 2-3 години знаев многу често(ама ептен многу често) да си сварам и да си ја изедам на едно седнување, и само тоа да ми биде оброк )))) Сега во скоро немам јадено, ама искрено сакам пак да почнам. Највеќе ја сакам онаа обичната од кокошка ))
Често приготвувам супа јас лично не ја обожавам многу, ама ради децата правам. Многу ретко купувам обично сама ја спремам со разновиден зеленчук и тестенини по желба. Маж ми пак многу сака мрсна супа од водата во која претходно се варела кокошка. Е таа па ич не ја сакам.
Јас пак обожавам домашни пилешки најчесто, со фиде може, магдонос и морков, не ги сакам многу тие од кесички, но некогаш за набрзина и од тие земам. Најмногу ми се допаѓа со кнедли од гриз на Подравка.
Обожавам супи,најмногу заради тоа што ме држат долго време сита а слабеам кога ги јадам. Често ги правам и малку погусти,како чорба. Строго домашни,само коцките ги користам за вкус. Од состојки ставам пилешко месо ,резанци,морков,целер,магданос обавезно,коцка за супа и на крај мешам јајце со оцет и го додавам. Мноооогу вкусен рецепт,пробајте!
Порано,пред 20-сетина години по свадби се служеше супа и многу ми беше убава Дома,не ми е толку слатка
Вака правам убава супа. Варам еден компир неколку моркови и брокула потоа ги гмечам со вилушка и додавам пола супена коцка и едно пакетче супа која било и сол, вегета малку црн бибер, превкусна зеленчукова супа. Понекогаш додавам и свежи печурки. Ја јадам со лимон без леб мммм...
Рецепт за домашна супа со зеленчук?Имам јадено домашна супа која многу често ја носеше мојата цимерка ама не стигнав да прашам за рецепт,може и тогаш не ми било на памет ама сеуште ја паметам знам нешто моркови,компир,кромид,домашни кнедли имаше?
Супа одма ме асоцира на одмор, нели мора нешто течно да јадеш, а немаш време за манџи и сл.така да одлична замена е и брзо се прави. Ама добро знам и дома да си направам.
Домашно приготвена супа од брокула или тиква со морков, лесно, брзо, едноставно и пред се многу вкусно. Бистрите супи не ги сакам многу многу
Девојки ми треба малку помош За супа од тиква дома да направам може од тие долгите тикви или мора тркалезна да биде? Рецепт си најдов на интернет со морков и компир
Обично правам од долгнавестите и убаво излегува. Попрактично ми е затоа што се помали и полесно се сечат. Додавам и малку рендан ѓумбир при запржувањето на лукот и кромидот ( парченце од 2-3 см), дава многу убав шмек на супата.